feature

Џо Гомез од Ливерпул интересен за Реал Мадрид

Гигантот од Шпанија, екипата на Реал Мадрид  би можела да го доведе дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, трага по играч кој ќе ја засили одбранбената линија на тимот, а едно од имињата кои се најдоа на неговата листа е и 24-годишниот повремен англиски репрезентативец.

Џо Гомез оваа сезона го мачат доста проблеми со повредите, па така во дресот на „црвените“ целосно одигра само три натпревари.

Меѓу другите опции за засилување на одбраната на „кралевите“, се споменуваат и Рудигер од Челзи, Кунде од Севиља и играчот на Вуљареал, Пау Торес.


Биелса пред отказ од Лидс Јунајтед

Марсело Биелса нема уште долго да остане на клупата на Лидс Јунајтед.

Раководството на клубот одлучи да се раздели со менаџерот најдоцна по завршувањето на сезоната, кога истекува договорот на тренерот. Биелса го презеде тимот во летото 2018 година додека беше во Чемпионшип. Аргентинецот успеа да го однесе клубот во елитата и минатата сезона го смести на деветтото место на табелата.

Во моментов, сепак, клубот од Јоркшир е блиску до зоната за испаѓање со само три победи од 18 натпревари досега. Можно е менаџерот да добие отказ по негативна серија на следните неколку средби на Лидс.


Африканскиот Куп на нации ќе се одржи според планираното

Претседателот на Африканската фудбалска конфедерација ја потврди информацијата дека овогодинешниот Куп на нации ќе се одржи на планираниот термин, односно од 9 јануари до 6 февруари во Камерун. 

Поради зголемениот број на заразени фудбалери со Омикрон сојот на коронавирусот, имаше шпекулации дека турнирот би можел да се одложи, но претседателот на федерацијата изјавува дека иако пандемијата е голем предизвик за сите, тие како организатори ќе мора да се носат со сите искушенија.

Многу европски клубови потајно се надеваа дека Африканскиот куп нема да се одржи, бидејќи во спротивно ќе останат без важни играчи во периодот на траење на турнирот.


Пелегрини доби нов договор на кормилото на Бетис

Мануел Пелегрини го продолжи договорот со клубот, објави официјалниот сајт на екипата од Андалузија.

Новиот договор на 68-годишниот тренер со Бетис е до 2025 година. Чилеанецот беше на чело на Бетис од 2020 година. Во првата сезона под водство на Пелегрини, тимот заврши на 6-то место во Примера.

Во текот на својата тренерска кариера, Пелегрини беше главен тренер на Манчестер Сити, Реал Мадрид, Малага, Вест Хем Јунајтед, Виљареал, Ривер Плата и други тимови.

Во актуелното шпанското првенство, по 18 одиграни кола, Бетис е на 3. место на табелата со 33 бода, зад водечкиот Реал Мадрид со 43 бода и Севиља која е на второто место.


Клубови од Англија и Шпанија ја сакаат младата ѕвезда на Ривер

Играчот на Ривер Плата, Хулијан Алварез може да ја продолжи кариера во Европа. Скаутите на Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Севиља го гледале напаѓачот за време на натпреварот со Колон (4-0). На оваа средба напаѓачот погоди двапати и имаше една асистенција.

Алварез потекнува од школата на Ривер Плата. Договорот на играчот со клубот е со важност до 31 декември 2022 година. Според интернет порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 20 милиони евра.

Во актуелниот шампионат на Аргентина, напаѓачот настапи на 21 натпревар, постигна 18 гола и 9 асистенции. Алварез е најдобар стрелец во првенството на Аргентина.


Барса и Сити не постигнаа договор за Феран Торес

Барселона прави се за да го донесе Феран Торес како ново засилување во јануари. Преговорите со Манчестер Сити за шпанскиот репрезентативец се во напредна фаза, но двете страни имаат значителни финансиски разлики.

Каталонците се подготвени да платат 50 милиони евра за поранешниот играч на Валенсија, но „граѓаните“ инсистираат да добијат 60 милиони. Самиот играч сака да се пресели на „Камп Ноу“ и  ги договорил личните услови.


Алегри останува оптимист за иднината на Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, е оптимист во однос на продолжетокот на сезоната на неговиот тим, иако „црно-белите“ ја играат можеби најлошата сезона во последниве неколку години. 

“Секогаш сум оптимист. На ова место сме бидејќи ни недостасуваат победи против водечките тимови. Мораме да внимаваме на секој противник и не треба повеќе така лесно да губиме бодови, посебно на домашен терен“, вели Алегри.

“Се вратив во Јуве затоа што сакам да работам овде , дури и се чувствувам помлад, што е добро за мене. Имаме многу работа во следните два месеци и на 28 февруари ќе биде јасно дали сме дел од трката за Топ 4 места во лигата. Полека влегуваме во подобра физичка форма“, изјави тренерот на „Бјанконерите“.

Најуспешниот клуб во историјата на Серија А, во моментов е далеку од самиот врв на табелата. Јувентус се наоѓа на седмата позиција и заостанува 12 бода зад лидерот Интер.


Марсијал на пат кон „Сент Џејмс Парк“

Првите луѓе на Њукасл ќе се обидат во јануари да го ангажираат напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал.

За да го склучат договорот што е можно поскоро по отворањето на зимскиот преоден рок,  новите сопственици на клубот се подготвени да платат за фудбалерот шест милиони фунти.

На „Сент Џејмс Парк“ сакаат да направат сериозна селекција бидејќи тимот е во опасност од испаѓање. Агентот на Марсијал изјави дека Французинот сака во јануари да се пресели во друг клуб.


Дембеле постигна согласност за нов договор со Барса

Oсман Дембеле на крајот сепак одлучил да остане во Барселона.

Како што пренесуваат бројни извори од Каталонија, агентите на Дембеле се блиску до конечен договор со управата на Барселона. Проблем беа примањата. Дембеле со актуелниот договор заработува 12 милиони евра по сезона, сума која воопшто не ја оправда.

Барселона на Дембеле му нудеше помала плата од седум-осум милиони евра, но преку бонуси во зависност од учинокот Французинот би можел да ги достигне тие 11-12 милиони.

Агентите на Дембеле упорно бараа повеќе пари. Барса ја подигна понудата така шо вклучи бонус од четири милиони само за потпис да не замине бесплатно. Сепак клучниот детал во преговорите е што платата на Дембеле ќе расте, но и ќе потпише договор на три години.

Очекувањата се Дембеле официјално да потпише пред Нова година, како точен датум се најаува 29. декември. Изминатата есен договори потпишаа Ансу Фати и Педри, а покрај Дембече наскоро нови договори би требало да добијат Роналд Араухо и Гави.


Тенисерката Радукану е британска спортска личност на годината

Тинејџерската шампионка на УС Опен, Ема Радукану, е избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“ за 2021 година.

Радукану, која тогаш имаше 18 години, стави крај на 44-годишното чекање на Британија за шампионка во поединечна конкуренција на Грен слем за жени со нејзината извонредна победа на „Флешинг Медоус“.

Таа победа ја пласираше до четвртото коло на Вимблдон во јули на нејзиното деби на главниот ждреб на Грен слем.

Во јавното гласање, нуркачот Том Дејли се пласираше на второто место, а пливачот Адам Пити беше трет. Напаѓачот на Манчестер Сити и Англија, Рахим Стерлинг, боксерот, Тајсон Фјури, и најуспешната британска параолимпијка, Сара Стори, исто така, беа во потесниот избор за главната награда.