feature

Јане Андерсон спремен да го повика Ибра во шведската репрезентација

Селекторот на Шведска, Јане Андерсон во среда ќе го објави составот на Шведска за претстојните натпревари против Белгија и Азербејџан во квалификациите за Европското првенство, а тоа може да биде и со враќање на Ибрахимовиќ во тимот, шпекулираат скандинавските медиуми.

Андерсон и претходно изјави дека вратата во националниот тим за шведската ѕвезда е отворена.

„Треба да почекате до среда за да видите дали е со нас или не. Но, претходно кажав дека ако Златан е без повреди и е подготвен, тогаш може да даде многу, дури и ако не стартува на натпреварите“, вели шведскиот стратег.

41-годишниот Златан Ибрахимовиќ последен пат беше во националниот тим во март 2022 година.


Азар не се премислиува, ја заврши репрезентативната кариера

Еден Азар откри дека неговото повлекување од репрезентацијата на Белгија не е поврзано со лошиот настап на „црвените ѓаволи“ на СП 2022. Белгијците не успеаја да ја поминат групната фаза во Катар, а веднаш потоа, Азар беше еден од играчите кои објавија дека ја завршуваат меѓународната кариера.

„Мислам дека тоа беше неопходно. Веќе имав одлучено пред Светското првенство, но тажен сум што бевме елиминирани толку рано. Кога се појави веста за моето пензионирање, бев во Њујорк со моето семејство. За малку ќе заплачев, најмногу поради реакцијата на моите соиграчи. Ми го стоплија срцето. Моето семејство веќе знаеше. И тие беа тажни и реагираа речиси исто како и навивачите. Но, сега тие се среќни бидејќи можам да поминувам повеќе време со нив“, вели играчот на Реал Мадрид.


Симов се врати во Македонија ЃП и го зазеде местото на Бајрами

Симов се врати во Македонија ЃП и го зазеде местото на Бајрами

Поранешниот тренер на Силекс и Вардар, Горан Симов, е именуван за нов тренер на Македонија ЃП.

Симов го презема испразнетото тренерско место кај „лавовите“ откако пред неколку дена клубот ја заврши соработката со досегашниот предводник на тимот, Муарем Бајрами.

Симов денеска го потпиша договорот за преземање на кормилото на ѓорчепетровци.


Реал Мадрид бара замена за Бензема, Ричарлисон прва опција

Приоритет на Реал Мадрид на лето ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде долгорочен наследник на Карим Бензема.

Шпанските медиуми пренесуваат дека нова мета на „кралевите“ е бразилскиот напаѓач Ричарлисон, кого Анчелоти одлично го познава од времето кога соработуваа во Евертон. Бразилецот ова лето се пресели во Тотенхем, но не е задоволен од својот статус и во последно време често ја грее клупата. Поради тоа е спремен да ја промени средината, а Спарси за неговата слобода бараат 70 милиони евра.

Во Реал веруваат дека Ричарлисон може да биде наследник на Бензема и да формира одлично бразилско трио со Винисиус и Родриго.

Бензема оваа сезона пропушти многу натпревари поради повреда и е во зрели фудбалски години, па Реал сака да доведе нов напаѓач.


Лотар Матеус: Ова е најдобриот тим на Баерн на сите времиња

Германската фудбалска легенда и поранешен играч на Баерн Минхен, Лотар Матеус изјави дека екипата би можела да биде победник во Лигата на шампионите оваа сезона.

Баерн Минхен избори пласман во четвртфиналето од ЛШ откако во осминафиналето го елиминира еден од фаворитите за освојување на турнирот, екипата на Париз Сен Жермен.

“Ако се сите играчи во форма тогаш ова е најдобриот тим на Баерн на сите времиња. Тимот сега има 20 играчи кои конкурираат за почетниот состав. Во времето кога јас игра, имаше 13, а покасно 16 или 17 играчи. Меѓутоа денес можете да направите пет измени. Баерн беше доста активен во последните два преодни рока, и мислам дека Салихамиџиќ ги заслужи сите пофалби. Екипата е способна за освојување на Лигата на шампионите, а најголеми конкуренти ќе му бидат Реал и Манчестер Сити“, вели Матеус.


Милан го враќа Заниоло во Серија А

Николо Заниоло во зимскиот преоден рок се пресели во Галатасарај, откако влезе во расправија со Мурињо и самиот побара трансфер.

Галатасарај за неговиот потпис плати 20 милиони евра, а Италијанецот потпиша договор до 2027 година според кој заработува 3,5 милиони евра. Меѓутоа, Заниоло во својот договор има откупна клазула од 35 милиони евра, која може да биде активирана уште во летниот преоден рок.

Силен интерес за него покажува италијанскиот шампион Милан, кој е во постојант контакт со неговиот агент.

Наводно „росонерите“се спремни да ја платат таа сума и да ја активираат откупната клаузула по завршувањето на сезоната.


Јуве го продава Погба, Французинот најблиску до ПСЖ

Пол Погба минатото лето се врати во Јувентус во „бомбастичен“ трансфер и требаше да биде големо засилување за „старата дама“. Меѓутоа, Французинот се повреди пред почетокот на сезоната и се врати на терените на почетокот од овој месец. Притоа, Погба не е во добри односи со тренерот Алегри кој пред неколку дена го исфрли од тимот поради недисциплина. Поради тоа „Скај Спорт“ пренесува дека Јувентус сака на лето да се ослободи од Погба и од неговата висока плата.

Најсилен интерес за него покажува ПСЖ, кој е спремен да ризикува и да го донесе во своите редови и покрај слабата сезона.

Наводно Јувентус е спремен да го пушти за симболична сума, а ПСЖ веќе почнал преговори со неговиот агент.


Жоао Феликс по ниедна цена не сака да се врати во Мадрид

Атлетико Мадрид летово би можел да остане без напаѓачот Жоао Феликс, според последните извештаи на медиумите.

Наводно, Феликс во моментов е задоволен од престојот во Челзи и не би имал ништо против лондонскиот клуб да го купи на крајот од сезоната. Феликс дојде од Атлетико во Челзи на позајмица до крајот на оваа сезона.

„Португалецот е среќен во Челзи и Атлетико мора да биде подготвен за сериозни разговори ова лето“, велат медиумите на островот.

Наводно Тод Боeли ќе започне преговори со мадрижани за некој ден.


Милан го сака најдобриот фудбалер на Ремс

Италијански извори тврдат дека Милан прави се за ова лето да го обебзеди потписот на младиот 21-годишен фудбалер на Арсенал, Фоларин Балогун, кој годинава блеска како позајмен во француски Ремс.

Италијанскиот гигант е еден од клубовите кои сакаат да разговараат за негова продажба или позајмица следната сезона. Балогун дојде низ младинските редови на „топчиите“, но не успеа да се пробие во првиот тим и беше предмет на бројни позајмици.

Оваа сезона се најде во центарот на вниманието преку неговите настапи за Ремс. 21-годишниот играч има 18 гола на 27 натпревари за францускиот тим сезонава.


Начо од Реал Мадрид следното лето се сели во Интер

Според шпанските портали, дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо е предмет на интерес на Интер. Шпанскиот дефанзивец би можел да го напушти Реал Мадрид како слободен играч во летниот преоден рок. „Нероаѕурите“ сакаат да го ангажираат фудбалерот со слободен трансфер, што би било добра зделка.

Начо и покрај тоа што никогаш не беше прв избор на централен бек помина одлична кариера во Мадрид. 33-годишниот фудбалер е во Реал повеќе од две децении.