Хрватска забрани внесување на други знамиња освен официјалното
Светското првенство во ракомет го означува својот почеток денеска и Македонија повторно ќе биде дел од овој значаен спортски настан.
Пред самиот старт, Ракометниот сојуз на Хрватска објави кодекс за однесување за навивачите на трибините.
Во „Вараждин Арената“, според правилникот, македонските фанови можат да внесат само официјално знаме во големина од 2×1.5 метри, додека внесување на тврди предмети е строго забрането.
Утре Македонија ќе се соочи со Унгарија во првата средба од првенството која почнува во 20:30 часот. Натпреварите од второто и третото коло против Холандија и Гвинеја се закажани за 17 и 19 јануари.
Ноа Окафор не ги мина лекарските прегледи во РБ Лајпциг
Пропадна трансферот на Ноа Окафор во РБ Лајпциг. Беше објавено дека германскиот клуб ќе го земе играчот од средниот ред на Милан на позајмица со опција за откуп за 25 милиони евра.
Сепак, Лајпциг реши да не го потпише 24-годишниот играч по медицинските прегледи, објави новинарот на „Sky Sport“, Филип Хинзе.
Швајцарецот не е подготвен за игра во скоро време бидејќи заздравува од повредата на мускулот на потколеницата.
Окафор има постигнато еден гол на 11 натпревари во тековната сезона во Серија А.
Лукас Васкез нема да добие нов договор во Реал Мадрид
Во неделата Барселона убедливо го совлада Реал Мадрид во финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп, „каталонците“ славеа со 5-2, а овој пораз ќе донесе одредени последици по играчите на Реал Мадрид.
Претседателот на Кралскиот клуб Флорентино Перез беше многу разочаран од играта на Лукас Васкез на десната страна од одбраната. По овој натпревар, Перез конечно одлучи дека нема да го продолжи договорот со Васкез и ќе направи се за да ја ангажира ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.
Да потсетиме дека оваа сезона Васкез одигра 25 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна два гола и имаше три асистенции.
Зубименди наместо во Сити или Ливерпул ќе заврши во Арсенал
Фудбалерот од средниот ред на Реал Сосиедад ќе му се приклучи на лондонскиот клуб по крајот на сезоната.
„Топчиите“ ја активираа клаузулата за ослободување од 60 милиони евра. Преговорите се во напредна фаза. Изворите велат дека договорот е речиси готов.
Забележано е дека Арсенал би сакал веднаш да го види Зубименди во составот, но Сосиедад инсистираше играчот од средниот ред да остане во неговиот сегашен тим до крајот на сезоната.
Во актуелната сезона во Ла Лига, 25-годишниот Шпанец одигра 18 натпревари на кои постигна еден гол и креираше една асистенција.
Холштајн Кил ги шокира „милјардерите“ од Дортмунд
Фудбалерите на Кил во својата дебитанска сезона ја забележаа најголемата победа во Бундес лигата. Во 17.коло, Кил со 4-2 ја победи Борусија Дортмунд.
По оваа победа Кил стигна до 11 бода, но се уште е во зоната за испаѓање, додека Дортмунд го забележа вториот пораз во новата година и се наоаѓа на осмото место со 25 бода.
Дортмунд одигра катастрофално прво полувреме, кое го загуби со 3-0.
Најпрво во 27. минута Машино му донесе водство на својот тим, а само пет минути подоцна Харес на асистенција на Розенбум го зголеми водството на Кил. До крајот на првото полувреме Бернхардсон го принуди Кобел по третпат да ја извади топката од мрежата.
„Милионерите“ не се предадоа, во вториот дел постигнаа два гола, преку Рејна и Гитенс.
До крајот играчите на Борусија се обидоа но не успеаја да изедначат. Точка на натпреварот во последните секунди стави Бернхардсон.
Роналдо го бара Каземиро
Кристијано Роналдо е во преговори за продолжување на својот престој во Ал Наср, но Португалецот постави свои услови кои бара да му бидат прифатени.
Според пишувањата на одредени медиуми, Роналдо побарал од клубот да доведе квалитетни играчи а еден од посакуваните бил поранешниот соиграч од Реал и Манчестер Јунајтед, Каземиро.
Управата на Ал Наср веќе ги разгледува барањата на својата најголема звезда и веќе подготви понуда за доведување на Каземиро во Саудиска Арабија.
Сериозна повреда на Габриел Жезус
Медиумите од Англија ја пренесуваат веста дека фудбалерот на Арсенал, Габриел Жезус, ги повредил вкрстените лигаменти на коленото за време на натпреварот против Манчестер Јунајтед во ФА Купот.
Тренерот на „топџиите“ Микел Артета, не сакаше да ја потврди оваа вест пред официјалните лекарски резултати, но сепак најави подолго отсуство за Бразилецот.
„Бевме многу загрижени после натпреварот со Јунајтед, Мораме уште еднаш да ја провериме состојбата со Габриел. Не сакам ништо да потврдам додека не добијам конечни резултати но повредата изгледа сериозно“, изјави Артета.
Голема е веројатноста дека Арсенал ќе мора да бара засилување за голгетерската позиција до затворањето на јануарскиот преоден рок.
Конте: Повеќе се лутам себеси, отколку на Квича
Тренерот на Наполи, Антонио Конте даде свој коментар околу одлуката на Квича Кварцехлија да го напушти тимот.
Пред неколку дена Конте објави дека грузискиот крилен напаѓач побарал да биде ослободен од клубот и затоа е разочаран.
„Сакам да објаснам нешто. Чувствувам потреба да го направам ова затоа што ако бев во Англија, можеби ќе помислам дека нешто е пропуштено во преводот, но јас зборувам италијански и се чини дека луѓето погрешно го толкуваат она што го мислам. Зборував за разочарување не од играчот, не од клубот, туку од себе, бидејќи за шест месеци не можев да ја сменам ситуацијата. Не велам дека Кварацхелија или клубот ме изневери, јас секогаш ја преземам одговорноста за моите постапки и не ја префрлам на некој друг. Мислев дека можам да имам поинакво влијание во овие шест месеци, но сфатив дека се вративме таму каде што почнавме. Сакам да го објаснам ова бидејќи денес видов наслови: „Квара го изневери Конте“. Квара не ме изневери. Сметам дека тренерот треба да му помогне на клубот да донесе одлуки и да советува кои играчи да ги потпише. Кога ќе сфатам дека не можев да влијаам на ситуацијата, се разочарувам. Квича е добро момче и секој треба да си ја решава судбината, како што и клубот треба да носи свои одлуки“., изјави Конте.
Додаде дека малку повеќе бил самоуверен затоа што мислел дека може да има поголемо влијание.
„Не можев да го направам тоа. Штета е затоа што тој е одличен играч, но мораме да ја прифатиме и реалноста.
Кварацхелија кој е еден од најдобрите фудбалери на Наполи, одлучи кариерата да ја продолжи во Пари Сен-Жермен каде ќе заработува осум милиони евра годишно, односно пет пати повеќе од сегашната годишна плата.
Милан го договори капитенот на Сити
MANCHESTER, ENGLAND – APRIL 26: Kyle Walker of Manchester City during the Premier League match between Manchester City and Arsenal FC at Etihad Stadium on April 26, 2023 in Manchester, England. (Photo by Catherine Ivill/Getty Images)
Фудбалерот на Манчестер Сити, Кајл Вокер сака што поскоро да го напушти премиерлигашот.
Вокер веќе започнал разговори со Милан и на управата на „Росонерите“ ги соопштил своите барања.
Според новинарот Николо Шира, дефанзивецот кој решил да го напушти Манчестер сити бара договор до 2027 година со плата од четири милиони евра годишно плус бонуси.
Вокер има и профитабилна понуда од Саудиска Арабија, па останува да се види што ќе одбере.
Претходно беше објавено дека Милан се надева дека ќе го комплетира трансферот на Вокер оваа недела.
Мартинез се повреди во Џеда, го чека пауза од пет недели
Одбранбениот фудбалер на Барселона, Иниго Мартинез се повреди синоќа на натпреварот од Суперкупот на Шпанија против Реал.
Триесет и тригодишниот Шпанец беше заменет во 28. минута, а на негово место влезе Роналд Араухо. Се очекува дефанзивецот да ги пропушти следните пет недели поради повреда, што значи дека нема да игра на натпреварите од Лигата на шампионите против Бенфика и Аталанта.
Мартинез оваа сезона одигра 27 натпревари за Барселона, постигна два гола и направи исто толку асистенции.
Барселона го победи Реал Мадрид 5:2 и го освои трофејот.