ТВ правата за шпанската ЛА Лига продадени за скоро 5 милијарди евра
Челниците на шпанската Ла Лига успеаја да ги продадат телевизиските права за пренос на натпреварите од домашниот шампионат за 4,95 милијарди евра. Новиот супер договор е потпишан со компаниите Мовистар и ДАЗН и е со важност од 5 години.
Претходниот договор со Телефоника беше на две години и чинеше 2,94 милијарди евра.
Новиот договор на екипите учесници во Ла Лига ќе им гарантира финансиска стабилност и доста поголеми приходи од досегашните.
Освен тоа, натпреварите од фудбалското првенството на Шпанија сега ќе бидат многу подостапни за фановите во САД, Мексико и Латинска Америка.