feature

Супер-гол на Влашиќ, Јуве пак ремизираше во торинското дерби

Фудбалерите на Торино и Јувентус ремизираа (1-1) во градското дерби одиграно во рамките на 20.коло, во Серија А. Торино остана на само една победа во „Дерби деал Моле“ во последните три децении, а Јувентус ја продолжи серијата нерешени резултати. Шест пати тимот на Тијаго Мота одигра без пбедник на последните седум натпревари.

Јувентус дојде д предност во осмата минута, кога талентираниот Јилдиз шутираше од далечина и погоди.

Овој резултат беше активен до финишот на првиот дел. Во судиското надополнување топката стигна до Никола Влашиќ, кој постигна прекрасен гол.

Дербито на Торино го одбележа и вербалната пресметка на двајцата тренери, по што беа исклучени. Тиаго Мота и Паоло Ваноли се скараа по стартот на Савона над Карамоа, ситуацијата набрзо ескалира кога се вмешаа играчите.

„Старата дама“ останува непоразена, но ова е 12. реми за тимот во 19 кола. Моментално Јувентус се наоѓа на петтото место со 33 бода, додека Торино е 11-ти со 22.

Во следното коло Јувентус гостува кај Аталанта додека фудбалерите на Торино ќе патува во Фиренца.


Мањан крубо погреши, Каљари освои бод во Милано

Милан не ги искористи киксовите на Аталанта и Јувентус за да се доближи кон врвот, на Сан Сиро одигра 1-1 против Каљари.

По освојувањето на Суперкупот со победи над Јувентус и Интер, Консеисасо денеска првпат го водеше Милан во Серија А.

Неговиот прв меч во италијанската лига не помина славно, одигра само 1-1- против Каљари. Милан имаше повеќе шанси за гол, но искористи само една, а примија гол по лоша интервенција на Мењон

По шест минути игра во второто полувреме Мората донесе водство за Милан од 1-0, но предноста на росонерите траеше само четири минути кога Зортеа од далечина реализираше за конечни 1-1.


Кејн го освои Менхенгладбах, Баерн со победа ја отвори новата година

Баерн Минхен ја забележа 12-та победа во Бундеслигата оваа сезона, откако во Менхенгладбах ја победи Борусија со 1-0.

Моментот кој го реши дуелот се случи во 68. минута кога Хари Кејн беше прецизен од 11 метри.

Пеналот за Баерн беше досуден откако Лукас Улрих го фаулираше Мајкл Олисе. Кејн го постигна својот прв гол во ноември, откако во декември не играше месец поради повреда. За Англичанецот ова беше 15.гол сезонава во Бундеслигата.

Баерн има четири бода повеќе од актуелниот шампион Баер Леверкузен на врвот на табелата.

Борусија моментално е на десеттото место.


Сити му даде осум гола на нисколигашот Салфорд

Манчестер Сити доминантно избори пласман во четвртото коло во ФА купот. „Граѓаните“ со 8-0 го победија Салфорд, клуб чии газди се Рајан Гигс, Гери и Фил Невил, Пол Сколс и Ники Бат.

Се започна со голот на Џереми Доку во осмата минута, на асистенција на Џек Грилиш.

Во 20. минута погоди дебитантот Дивајн Мубама, а младиот Нико О’Рајли во 43. минута го постигна третиот гол.

Грилиш, во вториот дел реализираше пенал, тоа е негов прв гол (во кое било натпреварување) од 16 декември 2023 година, кога постигна гол против Кристал Палас. Од тој натпревар поминаа 392 дена.

Манчестер сити има постигнато осум или повеќе голови на еден натпревар од ФА Купот за прв пат во 92 години. Џејмс Мекати е првиот Англичанец кој постигнал хет-трик во ФА Купот за Сити по Роби Фаулер во 2006 година.


Мајкл Фолоруншо го замени Наполи со Фиорентина

Фиорентина официјално потпиша со играчот за врска Мајкл Фолоруншо од Наполи. 26-годишниот фудбалер пристигнува во Артемио Франки на позајмица до крајот на сезоната.

По завршувањето на сезоната „виолетовите“ имаат право да го купат играчот од средниот ред за 8 милиони евра.

Мајкл Фолоруншо е играч на Наполи од 2019 година, но оваа сезона дебитираше за првиот тим. Минатата сезона беше позајмен во Верона, а со добрите настапи се најде во составот на Италија за Европското првенство. Фолоруншо оваа сезона имаше седум настапи за Наполи.


Коло Муани се согласил на трансфер во Јуве

Напаѓачот на ПСЖ, Рандал Коло Муани е подготвен да се пресели во Јувентус на позајмица, но клубовите во моментов разговараат за структурата на оваа зделка. Ова го објави новинарот Мирко Ди Натале на социјалната мрежа Икс.

Според изворот, клубот од Торино не сака целосно да ги покрие платите на францускиот фудбалер. Продолжуваат преговорите помеѓу Јувентус и ПСЖ.

Коло Муани оваа сезона забележа 14 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и една асистенција. Договор на напаѓачот со ПСЖ е до летото 2028 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 30 милиони евра.


Иван Николовски потпиша за Воска Спорт

Голманот Иван Николоски е пред враќање во охридскиот прволигаш Воска Спорт, откако есенската полусезона ја помина во тимот на Поградец од Албанија.

Тој реши да се врати во македонскиот фудбал и речиси е пред трансфер во Воска Спорт, екипа за која настапуваше и во минатото.

Николоски, кој е поранешен младински репрезентативец на Македонија и има настапувано за селекциите У19, У20 и У21.

Во својата кариера има настапува за тимови како Победа, Брегалница, Работнички, Дрита Боговиње, Влазерими, Беласица, Силекс, Воска Спорт, Каменица Саса и последно Поградец.

Воска Спорт се наоѓа на последното место во Првата македонска фудбалска лига, а клубот со неколку засилувања кои ги направи се очекува да го подигне квалитетот и да донесе свежина и во пролетниот дел да избори опстанок во фудбалската елита на Македонија.


Барса ја одби првата понуда на Јуве за Араухо

MADRID, SPAIN – APRIL 21: Ronald Araujo of FC Barcelona shows his dejection at the end of the LaLiga EA Sports match between Real Madrid CF and FC Barcelona at Estadio Santiago Bernabeu on April 21, 2024 in Madrid, Spain. (Photo by David Ramos/Getty Images)

Барселона ја одби првата понуда на Јувентус за дефанзивецот Роналд Араухо.

Не е тајна дека „бјанконерите“ имаат итна потреба од засилување на одбраната поради повредите на Бремер и Хуан Кабал и вниманието го свртеа кон 25-годишниот Уругваец, откако веќе ја испратија првата конкретна понуда за него. Сепак, таа беше одбиена од Каталонците, пишува „Мундо Депортиво“.

Се тврди дека понудата на „бјанконерите“ била вредна вкупно 30 милиони евра. евра. Сега ќе се платат 5 милиони за заем, потоа Барса ќе добие уште 20 за да ги откупи неговите права на лето, а ќе има уште 5 во вид на разни бонуси.

Сепак, Барселона категорично ја одби оваа понуда и одреди многу повисока цена за Араухо од 70 милиони евра. Причината за ова е што за играчот е заинтересиран и Арсенал.

Сепак, ваквата сума делува сосема нереално со оглед на тоа што договорот на Уругваецот истекува за една година, а освен тоа тој неодамна се опоравуваше од повреда и во моментов не е во оптимална форма. Се очекува преговорите со Јуве да продолжат, но доколку Арсенал драстично не ги намали барањата, тешко дека ќе се постигне договор.


Монфилс сензационално го освои турнирот во Оукленд

Гаел Монфис испиша историја на турнирот во Оукленд, стана најстариот шампион од 1990 година кога е основан АТП тур. Французинот со 38 години и четири месеци го собори рекордот на Роџер Федерер од Базел 2019 година, тогаш Швајцарецот триумфираше на возраст од 38 години и два месеци.

„Многу ми значи овој триумф“, рече Монфис по победата над Белгиецот Зизу Бергс со 6-3, 6-3 и дополни.

„Годините се само бројка. Продолжувам да работам, да верувам дека можам да играм квалитетен тенис и тоа го покажав оваа недела. Многу сум среќен“.

Еден од најхаризматичните тенисери сега има 13 трофеи во кариерата. Инаку првиот трофеј во кариерата, Монфис го освои во далечната 2005 година во Сопот, Полска.


Панатинаикос му нуди нов договор на Кендрик Нан

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос планира да го задржи Кендрик Наан во Атина со огромен договор, но и дополнително да ја засили бековската линија со Василије Мициќ.

Познато е дека контроверзниот бизнисмен му се восхитува на американскиот плејмејкер кој минатата сезона го предводеше својот клуб до седмата титула во Евролигата. Газдата на клубот е подготвен да му понуди богатство за да го продолжи договорот.

Според информациите со кои располага грчкиот „Спортдо“г, Јанакопулос на поранешниот играч на Мајами ќе му понуди тригодишен договор вреден повеќе од 20 милиони евра, што би бил апсолутен рекорд во елитното европско натпреварување.

Доколку тоа се случи, Нан би заработувал околу седум милиони евра по сезона.

Претседателот и извршен директор на фармацевтската компанија „Вианекс“ со овој чин сака да му докаже на својот најдобар играч колку го цени и го сака во својот тим во годините што доаѓаат.

Најдобриот стрелец оваа сезона во Евролигата игра фантастично. Во претходните пет натпревари тој постигнуваше 25 или повеќе поени по натпревар, израмнувајќи го рекордот на Милош Вујаниќ, Дејан Томашевиќ и Кит Ленгфорд.