Мауро Икарди преговара со Јувентус
Според италијанските медиуми, напаѓачот на Париз Сен Жермен е многу блиску до премин во Јувентус.
Менаџерот на Икарди, Ванда Нара, која воедно е и негова сопруга, веќе некое време води интензивни преговори со челните луѓе на „Старата дама“.
Икарди би пристигнал во јануари како позајмен играч со опција за негово купување на крајот од сезоната.
28-годишниот Аргентинец има договор со ПСЖ до 2024 година, а оваа сезона успеа да постигне само 3 гола на 17 натпревари.