feature

Стекеленбург објави пензија на 40 години

Голманот на Ајакс, Мартен Стекеленбург ќе се повлече од играњето по завршувањето на актуелната сезона, соопшти клупската прес-служба.

40-годишниот поранешен холандски репрезентативец ќе се прости од навивачите за време на домашниот натпревар од 33. коло против Утрехт на 21 мај. Стекеленбург потекнува од школата на Ајакс. Како дел од клубот од Амстердам четири пати стана шампион на Холандија и го освои националниот Куп.

Голманот во својата кариера настапуваше и за Рома, Евертон, Саутемптон, Фулам и Монако. Мартен Стекеленбург има 63 настапи за репрезентацијата на Холандија. Со составот на „лалињата“ освои сребрен медал на Светското првенство во 2010 година.


Мане се враќа во Англија и потпишува за најголемиот конкурент на Ливерпул

Германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен сака после само една година да го продаде Садио Мане.

Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн, а после инцидентот во соблекувалната и ударот на Лерој Сане двете страни сакаат да се разделат.

Баварците му соопштиле на неговиот агент дека слободно може да си бара нов клуб, а најсилен интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Њукасл. Мане преферира да се врати во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампиони, па може да се пресели во најголемиот ривал на Ливерпул.


Пелистер се раздели со тренерот Бабунски

Фудбалскиот клуб Пелистер денеска соопшти дека нема да ја продолжи соработката со искусниот стратег, Бобан Бабунски.

„Патиштата на клубот и на Бабунски се разидуваат. Пелистер му се заблагодарува на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му пожелува многу успех во натамошната кариера“, стои во соопштението на Пелистер.


Надал го пропушта Ролан Гарос и најави пензија во 2024 година

Актуелниот шампион на Ролан Гарос, шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека нема да настапи на претстојниот Гренд слем турнир во Париз и дека очекува да се пензионира од професионалниот тенис во 2024.година.

„Природата на повредата која ја заработив во Австралија се покажа како посериозна од очекуваното. Во овој момент мојот настап на Ролан Гарос е невозможен. Немам намера да продолжам со игра во наредните неколку месеци. Се надевам дека ќе заиграм за Шпанија во Дејвис купот кој се одржува во септември. Мојот план е наредната година да бидам подготвен 100% и верувам дека 2024 година ќе биде моја последна година во професионалната кариера“, стои во објавата на Надал.


Фирмињо, Кеита, Милнер и Окслејд-Чембрлејн го напуштаат Ливерпул

Фудбалерите Роберто Фирмињо (31), Наби Кеита (28), Џејмс Милнер (37) и Алекс Окслејд-Чембрлејн (29) ќе го напуштат Ливерпул по истекувањето на нивните договори на крајот на сезоната, соопштуваат од премиерлигашот, додека клубот подготвува терен за реконструкција на екипата за идната сезона.

Четворицата играчи беа дел од тимот што ја освои Лигата на шампионите во 2019 година и му помогнаа на клубот да ја освои својата прва титула во англиската Премиер лига по 30 години во сезоната 2019/20.

„Сите четворица играчи ќе заминат со наша благодарност за придонесот што го дадоа. На Роберто, Наби, Џејмс, Алекс и нивните семејства им посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на Ливерпул.


Спалети и Наполи далечни во преговорите за нов договор

Ниту тоа што ја освои титулата и ги врати насмевките во неапол, можеби нема да бидат доволни за Лучијано Спалети да остане на кормилото на Наполи. Во клубот се уште не одлучиле дали договорот ќе му биде продолжен бидејќи има многу отворени прашања меѓу него и претседателството, па првиот човек на клубот Де Лаурентис не сака да избрзува.

Спалети поставил некои суштински услови за да се остане во клубот и следната сезона, а еден од нив е прашањето за продажбата на фудбалерите бидејќи не сака да загуби важен дел од актуелната група иако понудите се можеби неодоливи.


Гигантите од Манчестер го сакаат Алфонсо Дејвис од Баерн

Градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, ќе се обидат да дојдат до потписот на дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, објавија денеска дел од медиумите во Германија.  

22-годишниот лев бек има трансферна цена од околу 70 милиони евра што не претставува проблем за фудбалските гиганти од Англија.  

Канаѓанецот кој може одлично да игра и во фазата на напад има договор со Баварците до 2025 година.


Барса се засилува со ѕвездата на Палмеирас

Барселона размислува за нови засилувања во средниот ред, а една од опциите според последните информации е играчот за врска на Палмеирас, Рафаел Веига.

27-годишниот Бразилец неодамна доби повик во репрезентацијата и настапи во пријателскиот натпревар против Мароко. Наводно во Барселона би можел да се пресели за 15 милиони евра.

За Палмеирас оваа сезона постигна осум гола и додаде 10 асистенции на 23 натпревари. Колку добро се чувствува пред противничкиот гол покажува и податокот дека во последните три сезони во ниту една не постигна помалку од 16 голови, вкупно постигна 67. За Палмеирас Веига игра од 2017 година со исклучок на една сезона која ја помина на позајмица. Со овој клуб освои девет трофеи и има договор до крајот на 2026 година.


Верати го напушта ПСЖ по повеќе од една деценија

Марко Верати донел одлука да го напушти францускиот шампион ПСЖ на крајот на сезоната, бидејќи е незадоволен од ситуацијата во клубот.

Верати е незадоволен од ситуацијата во клубот и смета дека сега е вистински момент за трансфер, а ПСЖ нема да му стои на патот.

Верати е еден од најплатените фудбалери во тимот, па „светците“ се спремни да го продадат на лето. ПСЖ не е задоволен и од неговата дисциплина како и од перформансите на теренот, па е спремен да слушне понуди.

Верати има богата понуда од Саудиска Арабија, но сака да остане во Европа, а се поизвесно е негово враќање во Италија, каде интерес за него покажуваат Јувентус и Интер.


Арсенал опција за Кансело од следната сезона

Жоао Кансело нема јасна слика за својата иднина бидјеќи ниту Томас Тухел, ниту Пеп Гвардиола не го сакаат во својот тим.

Баерн Минхен нема да ја активира клазулата за да го откупи од 70 милиони евра по истекот на позајмицата. Португалецот е прескап и не ги исполни очекувањата на „Алијанц Арената“. Уште помалку веројатно е дека ќе продолжи на „Итихад“, Пеп не го сака во својот тим. Се споменуваше Барселона, но Каталонците немаат пари, па сега во прв план скокна Арсенал.

Британски „Телеграф“ пишува дека Арсенал е опција за Кансело, „топџиите“ знаат дека не е евтин. Но, сигурно дека Кансело би бил големо засилување за следната сезоана, Бен Вајт така би можел конечно да се врати во срцето на одбраната и да води битка со Габриел и Салиба.

Арсенал веќе сериозно размислува за тимот за следната сезона бидејќи веќе се најавува доаѓање на Даклан Рајс кој би бил замена за Гранит Џака кој како што стојат работите се договори со Баер Леверкузен.

Со овие нови имиња, можеби и еден нов напаѓач Арсенал навистина би изгледал посилно.