feature

Џирона го договори трансферот на Миовски

Според пишувањето на шпанскиот „Мундо Депортиво“, Миовски е
пред трансфер во Џиорна. Елитниот шпански медиум пишува
дека деветката на Македонија наскоро треба да стане нов член
на каталонскиот клуб Џирона, кој во новата сезона ќе се
натпреварува во Лигата на шампионите.
По заминувањето на Артем Довбик, токму Миовски ќе биде
фудбалерот кој што ќе ја заземе позицијата центарфор во
Џирона, ексклузивно открива „Мундо Депортиво“.
Македонскиот играч беше на списокот на желби кај Еспањол и
Џенова, сепак се реши за трансфер во клубот кој што лани беше
вистински хит во Шпанија и обезбеди пласман во Лигата на
шампионите.
Наводно, сите инволвирани страни постигнале начелен договор и
Миовски не се двоумел да се приклучи на новиот проект на
Џирона, предводен од тренерот Мичел.


Осуло од Шефилд се сели во Њукасл

Досегашниот фудбалер на Шефилд Јунајтед, Вилијам Осуло е
нов играч на Њукасл.
Њукасл не ги откри деталите од договорот, а „Би-Би-Си“ објави
дека трансферот на 21-годишниот дански напаѓач изнесувал 15
милиони фунти.

Осуло во минатата сезона одигра 31 натпревар и постигна три
гола за Шефилд кој испадна во Чемпионшип.
„Ова е голем клуб и среќен сум поради приликата да дојдам во
Њукасл. За мене ова е голема шанса. Кога слушнав дека Њукасл
е заинтересиран знаев дека морам да ја искористам шансата“,
изјави Осуло.
Тренерот на Њукасл, Еди Хау изјави дека клубот го следел Осуло
три години и дека го препорачал помошник тренерот Џејсон
Тиндал кој во 2021 година беше дел од стручниот штаб на
Шефилд.


Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал, носителот на 22 гранслем титули, нема да учествува на Отвореното првенство на САД во тенис.

„Здраво на сите, пишувам за да ве информирам дека решив да не учествувам на УС Опен оваа година. Имам прекрасни спомени поврзани со ова место. Ќе ми недостигаат енергичните вечерни сесии во Њујорк на теренот „Артур Еш“, но мислам дека овојпат нема да можам да дадам 100% од себе. Ви благодарам на сите мои фанови од САД, ќе ми недостигате многу. До скоро видување“, објави Надал.

Отвореното првенство на САД оваа година ќе се одржи од 26 август до 8 септември.


Галагер на лекарски прегледи во Мадрид

Конор Галагер денес ќе ги помине медицинските прегледи во Атлетико Мадрид по што се очекува да стави потпис на договор со оваа екипа.

Фудбалерот од средниот ред на Челзи синоќа пристигна во Мадрид, според инсајдерот Фабрицио Романо.

Претходно се дозна дека Атлетико Мадрид ќе го купи Конор Галагер за 42 милиони евра и ќе потпише петгодишен договор со него.


Давид Бабунски втор најдобар трансфер во шкотската Премиер лига

Шкотските медиуми се воодушевени од стартот на македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски во новиот клуб, а на ранк листата на трансфери, плејмејкерот се наоѓа на втората позиција меѓу најдобрите трансфери во летниот преоден рок во Шкотската Премиер лига.

„Како продукт на славната Ла Масија од Барселона, 30-годишниот офанзивен играч за врска веќе вооодушеви во првите настапи за Данди Јунајтед. Има големо искуство стекнато во Шпанија, Унгарија и Јапонија. Интересно засилување за Данди кое може добро да се исплати“, се вели во описот на трансферот на Бабунски.


Родри и Мората суспендирани на еден натпревар

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги суспендираше на еден натпревар шпанските репрезентативци Родри и Алваро Мората поради нивното однесување за време на прославата на трофејот освоен на Евро 2024, објави прес-службата на организацијата.

Инцидентот се случи на 15 јули во Мадрид. За време на прославата на победата на Европското првенство, фудбалерите постојано ја извикуваа паролата „Гибралтар е Шпанија“.

Во врска со ова, Фудбалскиот сојуз на Гибралтар поднесе жалба до УЕФА.

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Англија со 2-1 во финалето на Европското првенство одржано пред два месеца во Германија.


Ли Карсли привремен англиски селектор

Репрезентацијата на Англија остана без селектор откако Герет Саутгејт даде отказ по завршување на Европското Првенство во фудбал.

Сега ФА назначи в.д селектор кој ќе ја извршува функцијата до пронаоѓање на конечното решение.

Станува збор за Ли Карсли кој е 50-годишен стратег и досега во кариерата бил главен тренер само во Брентфорд во 2015 година. На останатите места во сениорскиот фудбал имаше улога на асистент.

Како привремен селектор на Англија доаѓа од позицијата селектор на репрезентацијата до 21 година, а претходно беше дел и од У20 репрезентација.

Тој ќе биде на клупата на Англија во натпреварите против Ирска и Финска од Лигата на Нации во септември.


ЕВРОТИП И ГОЛД СЛОТ ВЕ КАНАТ НА ПИВО ФЕСТ ДРУЖБА!

Овој викенд во Прилеп пред Евротип – Катна посетете го нашиот штанд и почестете се со гратис точено пиво

Од 21:00 до 23:00 часот бидете со нас, ви ветуваме одлична забава и супер изненадувања.

Дојди и наздрави со нас на Пиво Фест 2024!


Нови понуди за Миовски, го сакаат Џенова и Саутемптон

Долго време се шпекулира за негов трансфер, но Бојан Миовски се уште е фудбалер на Абердин.

Според последните информации на „Дејли Мејл“ сега понуди за Македонецот подготвуваат два клуба, Саутемптон и Џенова. Миовски веќе и ја започна сезоната со Абердин, не постигна гол, но одигра солиден натпревар во кој и ја погоди пречката.

Сумата за која Абердин би го пуштил Миовски се очекува да биде околу 6.5 милиони фунти. Претходно и Болоња се поврзуваше со Миовски, но нивниот интерес како да стивна.


Марсијал е замената за повредениот Скамака во Аталанта

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Ентони Марсијал е слободен агент и не би имал против да ја засили Аталанта и да заигра во италијанскиот шампионат.

Тоа би требало да биде и одлична замена за повредениот Скамака кој ќе го пропушти најголем дел од новата сезона.

Да подсетиме италијанскиот репрезентативец Џанлука Скамака ги скина предните вкрстени лигаменти и ќе паузира најмалку осум месеци.