Важна победа на Ливерпул на теренот на Кристал Палас

Ливерпул со 3-1 победи на гостувањето кај Кристал Палас, Челси со 1-0 загуби кај Сандерленд, Брајтон со 2-0 беше подобар од Борнмут и се качи на второто место на табелата во Премиер лигата.
Резултатот во Лондон беше отворен во 40. минута кога Мекалистер погоди со глава за водство на Ливерпул од 1-0.
По девет минути игра во вториот дел Вирц зголеми на 2-0, а третиот гол за црвените беше дело на Исак во 89. минута.
Длабоко во судиското продолжение Кристал Палас постигна почесен гол преку Нкетиа од пенал за конечни 1-3.