Катар го натурализира Кендрик Нан

Кендрик Нан ќе го пропушти дербито на Панатинаикос против АЕК во грчкото првенство, откако доби дозвола од тренерот Жељко Обрадовиќ да отпатува во Катар.

Американскиот бек ќе ја посети оваа земја за да добие катарски пасош, со што ќе се отвори можност да настапува за репрезентацијата на Катар на СП во 2027 година, чиј домаќин ќе биде токму оваа држава од 27 август до 12 септември.

Катарците претходно имале интерес и за НБА-ѕвездата Тобајас Харис, но на крајот изборот паднал на Нан.