feature

Санчо пред промоција во ПСЖ

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ е силно заинтересиран за фудбалерот на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, Џејдон Санчо.

Санчо минатата сезона ја помина на позајмица во Борусија Дортмунд, каде ја оживеа кариерата, но нема намера да останев во Манчестер Јунајтед.

Јунајтед за него бараат 40 милиони фунти, сума која нема да биде проблем за ПСЖ, па се очекува трансферот да биде комплетиран наредните денови.


Ди Марија потпиша нов договор со Бенфика

Бенфика го продолжи договорот со Анхел Ди Марија и за
наредната сезона, а тоа ќе биде петта година за аргентинскиот
фудбалер во дресот на португалскиот клуб.

Бенфика беше првиот европски клуб на Ди Марија. Тој во
Лисабон пристигна од Росарио Централ во 2007 година и се
задрша три сезони пред да се пресели во Реал Мадрид во 2010
години.
Во 2023 година се врати во Бенфика потпишувајќи едногидшен
договор. Сега соработката е продолжена за уште една сезона.


Трапановски во тимот на колото на шкотскиот шампионат

Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски уште во првото
коло од шкотската лига се најде во тимот на колото.
Македонецот дебитираше со гол за Данди Јунајтед во мечот
против ФК Данди и заврши 2-2.
Покрај голот Трапановски беше еден од најзабележителните и
најактивните на теренот, имаше уште неколку шанси да донесе
победа, сепак и вака направи доволно за да се најде во тимот на
колото. Трапановски беше прогласен и за играч на натпреварот.


Селекторот на Австралија поднесе оставка по поразот од Србија

Австралиската машка кошаркарска репрезентација во иднина
нема да биде предводена од Брајан Горјиан кој по поразот од
Србија во четвртфиналето на ЛОИ повеќе нема да ја врши
селекторската улога на оваа репрезентација.
Со тоа воедно завршува и вториот мандат на 71-годишниот
тренер како селектор на оваа држава. Првиот мандат го имаше од
2001 до 2009 година, а вториот од 2020 досега во кој Австралија
освои бронза на Игрите во Токио, заврши како десетта на
Светското првенство во 2023 година и претрпле четвртфинална
елиминација во Париз.


Кипјетон најнапред дисквалификувана, па помилована

Tрката на 5.000 метри на Олимписките игри во Париз донесе
вистинска конфузија во атлетиката.Златото заврши кај Беатрис
Чебет, а контроверзии имаше околу втората позиција.
Фејт Кипјегон од Кенија ја заврши трката како второпласирана, но
беше дисквалификувана.
Сепак, по деталното прегледување на снимките одземениот
сребрен медал на кениската атлетичарка и е вратен.
Така кратко на бронза се радуваше Италијанката Надија
Батоклети бидејќи сега е четврта, а третата позиција и припадна
на Сифан Хасан.


Роналдо се врати на тренинзи и ја почна третата сезона во Саудиска Арабија

Португалсака фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо се врати на
тренажниот процес во Ал Нсер.
Роналдо на социјалните мрежи објави фотографии заедно со
соиграчите. „Назад, таму каде што припаѓам“, стои во објавата на
социјалните мрежи.
Кристијано Роналдо доби слободни денови за одмор по учеството
на ЕП.
Тој го носи дресот на Ал Насер од 2022/23-та, а минатата сезона
постигна 35 гола на 31 натпревар во првенството на Саудиска
Арабија, станувајќи најдобар стрелец во првенството.


Нико Вилијамс „пресече“, ќе игра во Билбао уште една сезона

Нико Вилијамс долго време се поврзуваше со Барселона, но на
крајот и во новата сезона ќе го гледаме во Атлетик Билбао.
Посебно внимание Вилијамс привлече по одличното Европско
првенство, Барселона најмногу се поврзуваше со неговото име,
но и ПСЖ беше во игра. Во неговиот договор има клазула од 58
милиони евра и тоа не е проблем за гигантите, па така одлуката
беше само негова.
Преку видео на социјалните мрежи Вилијамс потврди дека е
среќен во Атлетик.
„Се вратив и едвај го чекам почетокот на новата сезона. Напред
Атлетик“, зборува Вилијамс во видеото.

Сега Барселона веројатно ќе се фокусира на неговиот соиграч од
репрезентацијата Дани Олмо.


Бонавентура потпиша за саудиски Ал-Шабаб

Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Шабаб објави дека го комплетира договорот со италијанскиот играч од средниот ред Џакомо Бонавентура.

34-годишниот фудбалер ја напушти Фиорентина минатиот месеци по четири години поминати на „Артемио Франки“ и одлучи да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.


Познати групите на Струшкиот ракометен турнир

Oд 14 до 17 август ќе се одржи 52. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга. Организаторот денеска ги објави и групите за турнирот.

Вардар, Тиквеш и Ескилстуна Гуиф ќе се натпреваруваат во групата „А“, додека во групата „Д“ силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер, Струга и грчки Паок.

Термините на натпреварите дополнително треба да бидат објавени.


Дувњак најави повлекување од националниот тим

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак со својата изјава најави дека може да се повлече од репрезентацијата и настапите во неа.

„Можевме многу повеќе од ова. Мое мислење е дека овој тим е добар. Затоа овој резултат го сметам за неуспех. Минимална цел беше четвртфинале, а ние не дојдовме до тоа. Тажен сум и разочаран, но животот оди понатаму. За овие момци ќе има уште многу шанси во иднина, за мене не. Ова беше моја последна Олимпијада. Доживеав многу работи на Олимписките игри, еве дочекав да испаднеме и во групи.

Мора да седнеме и да донесеме одлуки со ладна глава. Завршивме петти од шест екипи и тоа не е убаво. Ми беше убаво со овој тим, со овие момци, но дома ме чекаат три деца. Мора со ладна глава да размислам што ќе правам понатаму“, изјавил Дувњак пред хрватските новинари.