Македонија убедливо поразена во Халкида од Грција

Ракометната репрезентација на Македонија имаше катастрофална претстава во Халкида, бевме надиграни од Грција и поразени со 24-29 во меч од второто коло во Квалификациите за Европското првенство 2028 година.

Македонија влезе како фаворит во натпреварот против Грција, но не само што не ја оправдавме таквата улога, туку доживеавме дебакл.

Особено бевме лоши во првото полувреме. По десет минути игра имавме дадено само два гола, до крајот на првиот дел погодивме деветпати. На полувремето Грција замина со предност од 16-9.

Во второто полувреме Грците дојдоа и до највисоки девет голови разлика, беше 18-9. Во продолжението од мечот заигравме нешто подобро и успеавме да ја намалиме негативата, на крајот загубивме со 24-29.

Најефикасен во нашиот состав беше Костески кој постигна осум голови, сите во второто полувреме, Кузмановски погоди седум. Томовски имаше десет одбрани.

Грција ќе ја пречекаме на 9 мај во Скопје, тоа ќе биде многу важен меч за исходот на квалификациите.

Во вториот натпревар од нашата група, Шведска го победи Луксембург со 50-20.