Осман опериран, го чека долга пауза

Кошаркарот на ПАОК, Џеди Осман, беше опериран на менискусот на десното колено, по што беше соопштено колку време ќе биде потребно за негово постепено враќање на теренот.

Џеси Осман беше опериран во Солун и ќе паузира најмалку три месеци од кошаркарските терени.

Триесет и едногодишниот играч, роден во Охрид, доживеа несреќа за време на историската победа на тимот на Андреа Тринкиери против Рома (113-111) – натпревар на кој беше постигнат рекорден број поени во историјата на Еврокупот.