feature

Реал има повеќе опции за новиот Крос

Реал Мадрид напорно работи да најде замена за Тони Крос. Завршувањето на кариерата на Германецот отвори сериозна дупка во средниот ред на Реал Мадрид и клубот веќе бара играч со слични квалитети за да биде доведен сега или најдоцна следното лето.

Клубот веќе има неколку играчи на мета. Тие вклучуваат Кертис Џонс од Ливерпул, Родри од Манчестер Сити, Енцо Фернандез од Челзи, Џошуа Кимих од Баерн Минхен и Витиња од Пари Сен Жермен. Реал допрва треба да го оцени секој од нив и да процени кој најдобро ќе се вклопи во тимот и кој има квалитети да биде лидер во средниот ред на тимот.

Од „Сантијаго Бернабеу“ се надеваат дека со доведување на еден од овие играчи, ќе најдат рамнотежа во средниот ред што ќе им даде поголема слобода на Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингем да ја градат својата напаѓачка игра.


Шифрин неколку недели надвор од скијачките терени

Американската алпска скијачка Микаела Шифрин ќе пропушти неколку недели поради повреда на стомакот по падот во Вермонт викендот на трка од Светскиот куп.

Ќе бидат потребни најмалку неколку недели пред да се вратам. Ви благодариме за вашата љубов и поддршка, напиша Шифрин на социјалните мрежи.

На 1 декември, за време на нејзиното второ возење на велеслалом, Шифрин падна и удри во заштитната мрежа. Лежеше крај патеката неколку минути пред да добие помош. Таа беше пренесена во медицинска установа.

Според „ESPN“, Шифрин нема оштетување на лигаментите, а нема ниту други сериозни повреди.

Дваесет и деветгодишната Шифрин е двократна олимписка шампионка, седумкратна светска шампионка и петкратна победничка во Светскиот куп.

Претплатете се на нашиот newsletter

Е-маил


Аморим го сака Кенан Јилдиз од Јуве

Манчестер јунајтед сака да го ангажира Кенан Јилдиз. Англискиот клуб го разгледува 19-годишниот играч како еден од главните кандидати за засилување за средниот ред.

Во Јунајтед се импресионирани од развојот на играчот на Јувентус и продолжуваат внимателно да го следат.

Сепак, самиот Јилдиз не планира да ги напушти „бјанконерите“. Тој се чувствува многу удобно во клубот и има намера да остане и следната сезона.

Во тековната сезона во Серија А, Јилдиз одигра 14 натпревари, постигнувајќи три гола и две асистенции.


Ракометарките со пораз од Унгарија го завршија Европското првенство

Melina SPASOVA, North Macedonia vs Türkiye, Women’s EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 30.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз на последниот меч на Европското првенство, откако беше поразена од домаќинот Унгарија со 29-19 (11-10).

„Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме, но за жал следеше голем пад во второто за на крајот да бидеме и убедливо поразен.

Најефикасна за македонскиот тим бешеРистовска со шест гола, додека за Унгарките исто толку постигна Шолози-Шатз.

Европското првенство го завршуваме со еден освоен бод од натпреварот против Турција во минатото коло, а претходно во првиот натпревар бевме поразени од Шведска.

Дали ќе успееме да го освоиме третото место кое носи полесни квалификации за СП 2025 година ќе биде познато вечерва по мечот меѓу Турција и Шведска.


Арсенал – Јунајтед уште во третото коло на ФА Купот

Фудбалерите на Арсенал и Манчестер јунајтед ќе се сретнат во третото коло од ФА Купот, беше одлучено со денешната ждрепка.

Третото коло е првото коло во кое се вклучуваат и најсилните тимови од Премиер лигата, а ждрепката веднаш ги спои Арсенал и Манчестерј, како и Астон Вила и Вест Хем.

Манчестер сити помина добро, ќе го пречека нисколигашот Салфорд, исто како и Ливерпул кој го пречекува Акрингтон, додека Челзи ќе му биде домаќин на Моркамб.

Натпреварите од третото коло во ФА Купот се закажани за 10, 11, 12 и 13 јануари.

Титулата ја брани Манчестер јунајтед кој во ланското финале го совлада Манчестер сити.


Неверојатна суспензија на шестгодишен навивач на француски второлигаш

Сосема необична вест доаѓа од Франција, каде член на елитниот Авр суспендира шестгодишен навивач!

Локалниот „Лекип“ наведува дека бил обвинет за фрлање проектили во средината на второто полувреме на мечот против Ремс (0-3) на почетокот на ноември, додека „проектилите“ всушност биле празни хартиени чаши и хартиени топчиња, кои најверојатно ги фрлил кон својот пријател.

Сепак, тие слетале на работ од теренот, надвор од рекламните панели – иако никого не погодиле.

Малку е тажно, но мораме да дејствуваме по овие прашања и во однос на зголеменото лошо однесување. Треба да ја подигнеме свеста кај оние кои нѐ следат и да покажеме дека стадионот мора да остане место за славење, а не место за исфрлање гнев – велат од клубот.

Овој инцидент е забележан во извештајот на делегатот. Користењето на видео надзор овозможило да се идентификува малолетникот, кому потоа му е забранет влез на стадионот неколку месеци, како и на неговиот старател (кој ги купил и ги држел билетите). Неговите родители биле контактирани од клубот и по пошта известени за одлуката, што тие не ја оспориле. Суспензијата вклучувала натпревари против Анже, како и Стразбур (во декември) и Ленс (во јануари).


Навивачи експресно собраа милион евраза да го спасат Либек од банкрот

Fans in der Pappelkurve halten Schals in die Luft. VfB Luebeck vs. SV Sandhausen, Fussball, 3. Liga, 05.08.23

Минатиот вторник пристигнаа лоши вести за навивачите на ВФБ Лубек, германски четвртолигаш. Лубек е град во северна Германија, во провинцијата Шлезвиг-Холштајн.

Клубот тогаш објави дека е пред банкрот, и дека во следните 48 часа мора да собере еден милион евра за да се спаси.

„Сеопфатната анализа на моменталната финансиска состојба идентификуваше значителен недостаток на ликвидност, што претставува голем финансиски предизвик за Надзорниот одбор и раководството“, напишаа од клубот.

„Апелираме до сите да застанат покрај нас во овој тежок момент и да размислат како можат да не поддржат. Секоја навремена поддршка, без разлика дали во форма на спонзорство, донации или други мерки е важна. Само заедно можеме да го спасиме Лубек и да ја надминеме оваа егзистенцијална криза“, се вели и во пораката, а навивачите на Лубек покажаа колку се подготвени да го спасат својот клуб.

Клубот во неделата попладне објави дека во последните неколку дена успеал да собере еден милион евра од навивачите, поддржувачите и спонзорите. На миса во Лубек во неделата рано навечер, веста за спасувањето официјално им беше објавена на навивачите. Присуствуваа околу 4.500 луѓе.

Подоцна, клубот ја објави веста преку официјални канали: „Сензационално, извонредно, уникатно, ова е за историја, иако е тешко да се опише со зборови што сме доживеале, собравме, споделивме и постигнавме заедно како Лубек семејство. Ја собравме потребната сума од еден милион евра, Лубек жив!“, соопшт клубот.


Слот: Мојот Ливерпул беше скоро па перфектен против Сити

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е задоволен од играта на неговите фудбалери во триумфот над Манчестер Сити (2-0) вчеравечер во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата.

„Беше речиси совршен натпревар. Поради бројот на пропуштени шанси на крајот малку стравувавме, но можеби тоа е добра работа за вакви натпревари. Така треба да биде. Но, поубаво би било да го постигневме вториот гол порано“, истакна Слот .

Ливерпул ја освои четвртата победа во низа во Премиер лигата. Екипата на Арне Слот постигна 34 бода и води на првенствената табела. На второто место се Арсенал и Челзи со по 25 бодови.


Стоилковска поразена во изедначен меч на ИТФ фјучрсот во Ортисеи

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска не успеа да се пласира на главниот турнир на ИТФ фјучрсот што се игра во италијанскиот град Ортисеи. Таа во финалето од квалификациите загуби од Италијанката Елена Бочи со 2-1 во сетови (4-6, 7-5, 10-8 на поени). Мечот траеше безмалку два часа, а турнирот се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Првиот сет го доби Стоилковска со 6-4 во гемови. Поведе противичката со 2-0 во гемови, а Стоилковска успеа да го врати загубениот гем на свој сервис и изедначи на 2-2. Потоа следуваше уште еден брејк за водство од 4-2 и таа предност македонската тенисерка ја зачува до крајот на сетот. Во вториот сет македонската тенисерка повторно почна со негатива од 1-0, но следуваше и серија од пет гема и водство од 5-1. Сепак Бочи успеа да се врати во игра и да најави пресврт. Во деветтиот гем при водство од 5-3 за Стоилковска, на сервис за ривалката македонската тенисерка испушти и меч топка. Сетот со 7-5 во гемови го освои Бочи и зедначи на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет на поени, Стоилковска имаше водство од 7-6 на поени, но следуваше серија од три поени за италијанската тенисерка, која успеа да триумфира откако сетот го доби со 10-8 на поени.


Симеоне: Атлетико знае што сака и чекори кон целта

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги процени шансите на неговиот тим во трката за титулата во Ла Лига.

Мадриѓаните по 15 натпревари се на второто место на табелата со два бода помалку од Барселона.

Што се однесува до борбата за титулата, ние се бориме сами со себе. Нема да биде лесно, бидејќи се натпреваруваме со Реал, Барселона, Виљареал, Атлетик кои се исто така многу добри. Ла Лига е тежок турнир, а со секој следен натпревар ситуацијата станува потешка.
Напредокот на Ленглет, Серлот и Хулијан Алварез, надежта за брзо закрепнување на Робин Ле Нормант – сето тоа придонесува за добра тимска работа. Точно знаеме што сакаме и одиме кон целта“, изјави тренерот на Атлетико.

Тимот на Симеоне синоќа на гостински терен го совлада Ваљадолид со 0-5.