feature

Јауковиќ се врати во Будуќност

Црногорскиот ракометен шампион, Будуќност, полека го склопува играчкиот ростер за наредната сезона, во која ќе влезе со големи амбиции.

Како прв потег беше договорот со левиот бек Ѓурѓина Јауковиќ, која ќе замине од романскиот првак ЧСМ Букурешт на лето и ќе се врати во својата татковина.

Покрај Јауковиќ, Будуќност ја ангажира и српската репрезентативка Јована Скробиќ, потоа репрезентативката на Фарските Острови – Суна Хансен, Хрватката Хана Вуљакм додека договорите ги продолжија Армел Атингре, Марија Марсениќ…

Иако годинава не обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите, за наредната сезона формира тим за повисоки дострели.


Брињоне доминантно до второ олимписко злато во алпско скијање

Италијанската скијачка ѕвезда Федерика Брињоне уште еднаш ја потврди својата светска класа на домашен терен.

На легендарната патека „Олимпија деле Тофане“, Брињоне стигна до својот втор златен медал на овие Олимписки игри, овојпат победувајќи во велеслалом со две технички беспрекорни возења.

Брињоне ја осигура победата со вкупно време од 2:13.50, што беше за повеќе од половина секунда побрзо од нејзините најблиски конкурентки.

Сребрениот медал го поделија шведската претставничка Сара Хектор и Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд, кои завршија со идентично време.


„Ѕвездите на САД“ се победници на Ол-Стар мечот

Тимот на „Ѕвездите на САД“ победи на НБА Ол-стар турнирот откако славеше со 47:21 над вториот состав на кошаркари од САД. „Тимот на светот“ ги загуби двата натпревари.

Годинава конечно промени во однесувањето на кошаркарите. Видовме и игра во одбрана, четири натпревари, три екипи и вкупно 48 минути уживање во кошарката, бидејќи сите играчи имаа заедничка цел и мисија, а тоа беше да го вратат сјајот на ремек-делото на средина на сезоната.

„Ми се допаѓа овој формат“, рече Ентони Едвардс, без многу објаснување, откако ја освои наградата за најкорисен играч.

Овој пристап беше поддржан и од Виктор Вембањама, кој во текот на целата недела нагласуваше дека сака да поттикне инспирирана и конкурентна игра.

Со три екипи и скратени натпревари од 12 минути во кружен систем, немаше простор за опуштање.

Индивидуалниот настап на вечерта му припадна на играчот кој најдобро се снајде во позната атмосфера. Кавај Ленард, единствениот Ол-стар на Лос Анџелес Клиперс постигна 31 поен за само 12 минути игра. Тимот на светот не се пласираше во финалето, но е јасно дека иднината на тимот е во сигурни раце – во рацете на Виктор Вембањама.


Елмас асистент, Наполи само ремизираше со Рома

Наполи одигра само 2-2 против Рома на „Диего Марадона“ и полека го губи чекорот со водечкиот Интер во битката за Скудетото.

Рома поведе со гол на Мален уште во седмата минута. Пред крајот на првиот дел Елмас му додаде на Спинацола кој постигна фантастичен погодок од далечина за 1-1.

Во 71. минута Мален од пенал го врати водството на Наполи, а десет минути подоцна новото засилување Алисон Сантос израмни на 2-2 што беше и конечен резултат.

Елмас на овој меч настапи до 79. минута. По 25 одиграни натпревари, Интер има дури 11 бодови повеќе од Наполи


МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија, Куманово нерамноправен ривал

Екипата на МЗТ Скопје останува „владетел“ во македонската кошаркара. Оваа екипа успеаја да слави во финалето од Купот на Македонија против МКК Куманово (96-70) и така го одбранија ланскиот трофеј, па дојдоа до четвртото одличје во низа.

Само на два клуба во Куп-историјата на Македонија и успеало тоа да дојдат до четири трофеи во низа, тоа се МЗТ Скопје и Работнички. Неизвесност на натпреварот имаше само на почетокот, а потоа МЗТ Скопје покажа дека има поквалитетеи ростер и го реши победникот на натпреварот.

Финалето се играше пред 3.500 гледачи во одлична атмосфера која не му помогна на домашниот тим да направи подвиг и да слави пред свооите навивачи.

Смит-Мекјуен беше најдобар кај МЗТ Скопје со 23 поени, а Гил имаше 17 поени, додека Танасковиќ заврши со 12 поени. Кај МКК Куманово, Митевски, Луковиќ и Ѓуроски постигнаа по 13 поени.

За МЗТ Скопје ова е рекорден 14. трофеј во Купот на Македонија. На „вечната листа“ зад аеродромци е Работнички со десет трофеи.


Џордон Ајб уапсен поради физички настап

Поранешниот играч на Ливерпул и младинскиот репрезентативец на Англија Џордон Ајб беше уапсен минатиот месец по слетувањето на аеродромот Лутон. Ајб, кој денес игра во Бугарија за Локомотив Софија, беше испрашуван поради наводен напад што се случил средината на декември минатата година.

Триесетгодишниот фудбалер беше пуштен со кауција и пред прекршочниот суд во Кројдон треба да се појави на 6 март. Во Обединетото Кралство се вратил од Бугарија за да присуствува на рочиштето во друг, одвоен случај. Неговото апсење го потврди и полицијата.

„Џордон Ајб е обвинет за напад со нанесување телесни повреди. Обвинението се однесува на нападот кој наводно се случил во недела, на 14 декември 2025 година,” изјави портпаролот на полицијата. „Беше уапсен на аеродромот Лутон во петок, на 30 јануари, и приведен.” Дејли Мејл Спорт ги контактираше претставниците на Ајб за коментар.


Пелистер се засили со млад фудбалер на ОФК Београд

Пелистер се пофали со уште едно српско засилување за остатокот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Се работи за 20-годишниот фудбалер Михајло Петровиќ кој во Пелистер доаѓа на позајмица од ОФК Београд до крајот на сезоната.

Петровиќ е офанзивен фудбалер за врска кој потекнува од фудбалската школа на Партизан, а ги мина и сите младински категории на српската репрезентација.

Тој доаѓа на барање на тренерот Милан Стојановски кој го познава фудбалерот од периодот поминат во Телеоптик.

Петровиќ го гледа Пелистер како шанса да се стекне со поголемо искуство во сениорскиот фудбал.


Силекс со пресврт до победа на гостувањето во Струга

Силекс во одличен меч и со пресврт ја освои Струга и триумфираше со 2-3 против Струга ТЛ, која го забележа и вториот пораз по ред во пролетниот дел од сезоната, и ја губи битката за првото место на табелата. Кратовската екипа двапати губеше, но на крајот најде сила да дојде до големи три бода на овој натпревар.

Струга ТЛ првпат поведе во 22. минута. Радески со прекрасен удар од 22-23 метри ја упати топката прецизно во горниот десен агол, топката од стативата заврши зад гробот на Џеков.

Гостите од Кратово стигнаа до израмнување во 53. минута. Акцијата одеше по левата страна, од каде беше проигран Алиќ, кој од 6-7 метри го совлада Ангелети и го израмни резултатот.

Седум минути подоцна, нова предност за Струга ТЛ. Компаоре најдобро се снајде во мешаницата во петерецот на гостите, и успеа да го најде патот до мрежата.

Се играше 81. минута кога Силекс израмни. Акција од средината и топката стигна до Додев кој упати прецизен удар, Ангелети одбрани само до Алиќ, кој беше изблокиран од одбраната на Струга, но топката третпат стигна во нозете на играч на Силекс, поточно кај Николовски, кој успеа да израмни.

Само три минути подоцна прва предност за Силекс. Додев нафрли од корнер до Пиреш, а овој со глава упати прецизн удар во голот на Струга ТЛ, за пресврт и големи три бода.


Витор Переира нов менаџер на Нотингем Форест

Нотингем Форест попладнево го именуваше Витор Переира за за нов тренер, португалскиот стратег доби договор до јуни 2027 година, но прашање е колку долго ќе издржи.

Популарните „шумари“ сезоната ја започнаа со Нуно Еспирито Санто на кормилото, но тој издржа само три месеци, поради недоразбирања со сопственикот Евангелос Маринакис, го напушти клубот.

На негово место дојде Анге Постекоглу, но откако не успеа да победи на осум натпревари и тој доби отказ.

Потоа Шон Дајч беше именуван за нов тренер на Нотингем Форест и се чинеше дека Англичанецот ќе ја донесе потребната стабилност. Тој донесе 7 победи на првите 12 натпревари, но следуваше резултатска криза, само две победи на последните 10 натпревари, па и тој „доби клоца“.

Попладнево Нотингем Форест соопшти дека Витор Переира е поставен за нов тренер, португалскиот стратег доби договор до јуни 2027 година, но прашање е колку ќе издржи.


Вардар доминантен во скопското дерби со Работнички

Вардар оствари убедлива победа против Работнички (0-3) на натпреварот што се одигра на стадионот на ФФМ.

Веќе во првиот напад Вардар веднаш го погоди дирекот преку Цветковиќ, а во осмата минута дојде и до водство.

Омерагиќ продре по левата страна, уфрли во петерецот, а Закариќ погоди за 0-1.

Во 17 минута, Вардар ја удвои предноста. На нафрлувањето од десната страна слабо реагираше Ондоа, дуелот го доби Азер Омерагиќ и ја затресе мрежата на Работнички.

Талаков ја имаше првата шанса за Работнички во 37 минута. Од десната страна шутираше од 12 метри барајќи го спротивниот агол, но Давор Талески одлично интервенираше.

Во 48 минута, прекрасен гол на Стефан Цветковиќ, за 0-3. Се одлучи на удар од работ на шеснаесетникот од левата страна и погоди во спротивниот горен агол.

Во 70 минута, Дашмир Елези беше во шанса да постигне почесен гол за Работнички, но Давор Талески добро интервенираше.

Заслужен триумф на вардарци и нови три бода.