feature

Собослаи не е недопирлив, може да замине летово од Ливерпул

Преговорите меѓу Доминик Собослаи и Ливерпул се во сериозна фаза, клубот нуди продолжување на договорот што истекува за две сезони.

Во Ливерпул на најдобриот играч минатата сезона, му зголемување на платата. Во клубот се свесни дека мора да делуваат за да не им се повотрни ситуацијата Трент Александар-Арнолд и Ибрахим Конате, кои на крајот го напуштија клубот без обесштетување.

Ливерпул го направи првиот чекор и започна преговори, но извори блиски до клубот наведуваат дека доколку не се постигне договор, Собослаи може да биде продаден во летниот преоден рок.

Пораката на клубот е јасна – прв приоритет е продолжување на договорите на највредните играчи.

Влоговите се огромни за двете страни.


Шпанецот Мичел промовиран за нов тренер на Ајакс

Мигел Анхел Санчез Муњоз, во фудбалската јавност позната како Мичел, ќе го тренира Ајакс во следните две сезони, објавија од холендскиот великан.

Мичел доаѓа во Ајакс по пет незаборавни години во Џирона, го предводеше тимот до промоција во Ла Лига, потоа до историскиот пласман во Лигата на шампионите, но клубот неодамна испадна од елитната група, а 51-годишниот роден во Мадрид ја напушти клупата.

Претходно ги водеше Рајо Ваљекано и Уеска.

Ајакс зад себе има една од најслабите сезони во поновата историја на клубот, покрај катастрофалните резултати во ЛШ, во домашното првенство, дури преку плеј-офот, успеаја да обезбедат место на европската сцена.

Со победата над Утрехт, тие обезбедија место во Конференциската лига, третото најсилно европско натпреварување.


Стеф Кари потпиша спонзорски договор вреден над една милијарда евра

НБА кошаркарот Стеф Кари стави крај на потрагата по нов спонзор за спортска опрема, откако потпиша долгорочно партнерство со кинескиот спортски гигант „Ли-Нинг“.

Четирикратниот шампион во НБА цели 13 години соработуваше со компанијата „Андер Армор“, но двете страни ја прекинаа соработката во ноември минатата година.

Оваа е повеќе од договор за патики, повеќе од препознатлива линија на производи. Ова е партнерство за цел живот“, изјави 38-годишниот Кари, кој се подготвува за својата 18-та сезона во НБА во дресот на Голден стејт.

Според информациите на „ЕСПН“ договорот меѓу Кари и „Ли-Нинг“ е со важност од десет години. Иако официјалната вредност не е објавена, на социјалните мрежи и во дел од медиумите се шпекулира дека станува збор за сума поголема од една милијарда долари.

Некои извори наведуваат 1,19 милијарди, а други околу 1,2 милијарди долари.


Шпанец ќе ја води Црвена Звезда

Црвена Звезда има нов тренер,а тоа е Ибон Наваро, пишува порталот „Меридијан Спорт“.

„Шпанскиот стручњак и Звезда се договориле за сите детали од претстојната соработка и сè што останува е да се официјализира целиот договор“, пишува порталот, кој е дел од компанијата на генералниот спонзор на црвено-белиот тим.

По четири исклучително успешни години на клупата на Уникаха, во кои освои дури седум трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите на ФИБА, според сите изгледи, Наваро ќе ја продолжи кариерата во Црвена Звезда.

Шпанскиот стручњак беше една од најбараните тренерски опции ова лето, но на крајот го избра Белград.

Шпанските медиуми го поврзуваа со Барселона и Баерн, беше објавено дека претставници на двата клуба отпатувале во Валенсија за финалето на Кралскиот Куп за да ги презентираат своите понуди, но црвено-белите успеаја да ја победат конкуренцијата и да го обезбедат потписот на 50-годишниот тренер.


Симе Симовски на чело на ЖРК Спартак од наредната сезона

Ракометниот тренер Симе Симовски од наредната сезона ќе го преземе кормилото на ЖРК Спартак.

Искусниот тренер, зад себе има богата кариера во македонскиот женски ракомет. Тој ќе биде нов предводник на тимот со цел остварување на високи амбиции во домашните натпреварувања.

Во својата тренерска кариера Симовски има работено во повеќе клубови, а најголемите успеси ги оствари со ЖРК Ѓорче Петров, со кој освои повеќе шампионски титули и куп-трофеи.

Тој беше и селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија, со што дополнително го потврди својот квалитет и искуство на највисоко ниво.


Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 на аукција

Дресот што го носеше еден од најдобрите фудбалери во светот, Бразилецот Пеле, во финалето на Мундијалот во 1958 година, ќе биде понуден на аукција во „Сотби“ од 29 јуни до 16 јули.

Се проценува дека дресот би можел да достигне цена од над шест милиони долари.

Пеле го носеше синиот дрес со кратки ракави во победата на Бразил од 5-2 над домаќинот Шведска во финалето на Светското првенство 1958 кое се одигра на стадионот „Расунда“ во близина на Стокхолм. Пеле, тогаш 17-годишен, постигна два гола во финалето.

„Ова не е само дрес, туку е облека што ја носел еден од најголемите фудбалери во историјата во ноќта кога започна неговото владеење“, изјави раководителот на одделот на „Сотби“ за модерни колекционерски предмети. Брам Вахтер

Пеле му го подари дресот на својот цимер и соиграч Дида по финалето. По децении во семејството на Дида, дресот беше изложен во музеј пред да биде купен од анонимен сопственик во 2004 година.

Дресот на Пеле потенцијално би можел да ја надмине рекордната цена од 9.29 милиони долари, колку што беа платени за дресот на аргентинската легенда Диего Марадона од натпреварот против Англија на Светското првенство во 1986 година, кога го постигна легендарниот гол познат во светот на фудбалот како „Божја рака“.


Суперкомпјутерот ја одбра Шпанија за иден светски првак

Во пресрет на почетокот на Светското првенство, суперкомпјутерот на Опта ги објави своите предвидувања за исходот на турнирот по спроведени 10.000 симулации.

Според статистичкиот модел, најголеми шанси за освојување на светската титула има Шпанија. Репрезентацијата предводена од Луис де ла Фуенте е фаворит во 16,1% од симулациите и се наоѓа на врвот на листата.

Веднаш зад Шпанците е Франција со 13% шанси за триумф, додека Англија и актуелниот светски шампион Аргентина се следните кандидати за трофејот со повеќе од 10% успешност во симулираните сценарија. Според анализата на Опта, овие четири селекции јасно се издвојуваат од останатите конкуренти и имаат значителна предност во однос на другите репрезентации кои ќе настапат на Мундијалот.

На петтото место се наоѓа Португалија, додека следуваат Бразил и Германија, две селекции кои традиционално важат за фаворити на големите натпреварувања. Интересно е што статистичкиот модел не им дава големи шанси на домаќините на турнирот. Според пресметките на суперкомпјутерот, малку е веројатно САД, Мексико или Канада да успеат да стигнат до светската титула пред своите навивачи


Сопругата на Левандовски ја откри следната дестинација, Полјакот оди во Турција!

Полскиот голгетер Роберт Левандовски се збогува со Барселона и време е за нов предизвик во кариерата, а се очекува тоа да биде турскиот гигант Фенербахче.

Претходените денови се појавија шпекулации за иднината на Левандовски, а причина за тоа е претседателскиот кандидат на Фенербахче, Хакан Сафи кој сака бомбастично засилување во нападот.

Новинарот Николо Шира, исто така, откри дека турскиот тим е подготвен да му даде плата од 10 милиони евра нето на Левандовски, а очигледно тоа е прифатливо за искусниот фудбалер.

Сопругата на Левандовски со еден коментар ги „запали“ социјалните мрежи. Фудбалерот е на Ибица на популарен тренинг-настан, а притоа објави фотографии и со тоа ѝ се заблагодари на Ана Левандовски што му овозможила да работи на неверојатни места.

Еден од фановите во коментари праша дали има шанси да одат во Турција, а таа одговори „Дефинитивно ќе биде Турција“, што беше доволно фановите да паднат во „транс“.


Македонија без Љафтов во Европската лига

Искусниот репрезентативец и интернационалец Александар Љафтов ќе го пропушти комплетниот настап на машкиот национален тим во Европската лига 2026, откако заработи сериозна повреда на скочниот зглоб на пријателскиот натпревар со Црна Гора.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека Љафтов има скинати лигаменти на скочниот зглоб и дека најмалку месец дена ќе мора да паузира.

– Голем хендикеп за нас, Љафтов со своето искуство, квалитет и формата во која ја одигра оваа сезона комплетно подготвен се стави на располагање на репрезентацијата и реално ова е голем удар за нас. Изгледавме многу убаво на теренот на првиот натпревар, споредено со лани овој период, се функционираше одлично. И се случи повредата, откако противнички играч влезе во нашето поле и Љафтов на доскок згази на него, објаснува селекторот Јошко Миленковски.

Репрезентацијата од денеска е во Струмица каде ќе ја одработи завршната фаза од подготовките, а стручниот штаб е со дополнителни главоболки во дефинирањето на списокот. Стручниот штаб и играчите во текот на овие денови ќе прават анализи на првите ривали Холандија и Луксембург.

Македонија в петок од 19 часот во салата „Парк“ во Струмица ќе ја пречека Холандија во првиот натпревар од Европската лига 2026, додека на 7 јуни (недела) исто така од 19 часот се соочува со Луксембург.


Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

Фудбалската федерација на Норвешка (НФФ) побара денеска од Етичкиот комитет на ФИФА да го истражи доделувањето на Наградата за мир на американскиот претседател Доналд Трамп што му беше врачена од првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино.

Претседателот на ФИФА, Инфантино, му ја врачи на Трамп инаугуративната Награда за мир на 6 декември лани, за време на жрепката за претстојното Светско првенство. ФИФА никогаш не обелодени детали како Трамп бил избран за оваа награда. Неколку месеци подоцна, организацијата за човекови права „FairSquare“ поднесе жалба до Етичкиот комитет на ФИФА, тврдејќи дека Инфантино ја прекршил својата должност за неутралност со тоа што го поддржал Трамп.

На ова сега се приклучи и НФФ, која побара од Етичкиот комитет да процени дали претседателот на ФИФА ги прекршил статутите на управното тело во врска со политичката неутралност со доделување на наградата.

Претседателката на НФФ, Лизе Клавенес, изјави дека тие дејствувале независно во нивниот пристап кон Етичкиот комитет на ФИФА.
„Добивме поддршка од други асоцијации, но сами го испраќаме ова писмо“, рече Клавенес.