feature

Федерацијата ги одреди премиите за ракометните репрезентации

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги одреди паричните награди за македонската машка и женска сениорска ракометна репрезентација за пласман на следните големи натпреварувања.

Ракометарите ќе поделат парична награда од два милиони денари нето износ за пласман на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонија во баражот за пласман на Мундијалот, на 8 и 12 април ќе игра против Фарските Острови.

Истата сума ќе ја поделат и ракометарките доколку се пласираат на Европското првенство 2024 во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Ракометарките се на добар пат по подолго време да изборат пласман на едно големо натпреварување.За да се пласираат на ЕП, наредниот месец ќе треба да ги победат Азербејџан и Литванија.


Бремер е желбата на Јунајтед за следната сезона

Манчестер Јунајтед има намера да ја засили позицијата на централен дефанзивец во претстојното лето и за таа цел го интензивираше преговарачкиот процес со Јувентус за потписот на 27-годишниот фудбалер на торинскиот клуб Бремер, објави „Калчомеркато“.

Според изворот, раководството на „црвените ѓаволи“ сфаќа дека ќе мора да има сериозна конкуренција во борбата за потписот на бразилскиот дефанзивец, па решиле што поскоро да ги интензивираат преговорите со Јувентус. Покрај Манчестер Јунајтед, за Бремер се заинтересирани и Челзи, Ливерпул и Тотенхем.

Да потсетиме, Бремер сезонава учествуваше на 29 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година, а неговата пазарната вредност е 60 милиони евра.


Де Роси подготвува чистка во Рома

Штедењето на Рома ќе биде присутно и во следните неколку години.
„Волчицата“ ќе мора да внимава со доведување на нови фудбалери
поради големиот број играчи на платниот список.
Неколку фудбалери би требало да го напуштат Рим на крајот од оваа
сезона, а како што пренесува „Газета“ на некои нема да им бидат
обновени договорите за позајмица, а на други ќе им завршат. Расмус
Кристенсен, тој ќе се врати во Лидс, Ренато Санчез во ПСЖ, а
Хјусеин во Јувентус.
Нови договори нема да им бидат понудени на Руи Патрисио и Пјетро
Буро, голмани кои ќе бараат нова средина.
Рома ќе претрпи повеќе промени бидејќи нема да го купи Лукаку од
Челзи за 43 милиони евра, меѓу другото и поради тоа што платата на
овој фудбалер е превисока (13,8 милиони евра на годишно ниво).
Покрај тоа, има играчи на позајмица во Рома како Анхелињо,
Љоренте и Азмун кои многу лесно би можеле да го напуштат клубот.
Исто така, Леонардо Спинацола е фудбалер чиј агент во јануари
изјави дека ќе го напушти клубот, но можеби работите сега се
промените бидејќи Де Роси по доаѓањето на клупата посериозно
смета на него.


Кафу го продава имотот за да се извлече од долговите

Поранешната бразилска ѕвезда, Маркос Евангелиста Де Мораиш, или
попознат како Кафу, се наоѓа во огромни финансиски проблеми,
јавуваат тамошните медиуми.
Кафу беше еден од најдобрите светски бекови и ја доживеа
најголемата слава како играч на Рома и Милан, но денес има
финансиски потешкотии кои го натераа да го продава својот имот за
да избегне дополнителни проблеми за него и неговото семејство.
53-годишниот Бразилец jа понудил на аукција неговата луксузна вила која ја купил за сума од 7,5 милиони евра, а сега ќе мора да ја продаде за дупло помалку пари.
Вилата е составена од шест луксузни апартмани и двор од 2000
квадратни метри, а на имотот има и фудбалски терен, терен за голф,
мини-кино и мал спа-центар.


Димитријевиќ пак во идеалната петорка на ВТБ лигата

ВТБ лигата ја објави идеалната петорка врз основа на резултатите од
играта во периодот од 18 до 24 март.
Идеална петорка од ВТБ лигата (18-24 март): Ненад Димитриевиќ
(УНИКС) Тајрел Нелсон (Уралмаш) Окаро Вајт (Локомотив-Кубан)
Џеремаја Мартин (Јенисеи) Александар Хоменко (МБА).
Играчот на УНИКС, Ненад Димитриевиќ беше дел од победата на
неговата екипа против Зенит. Нашиот интернационалец и
репрезентативец имаше 32 поени, 5 скока, 9 асистенции и 38 поени
рејтинг на ефикасност.
Сите останати кои беа дел од оваа петорка има послаб учинок во
однос на Димитриевиќ, па може слободно да се каже дека нашиот
Нено беше и играч на колото во ВТБ лигата.


Три кандидати за наследник на Клоп на клупата на Ливерпул

Ливерпул направи список со кандидати за менаџерската функција во
нивниот клуб, пренесува „Дејли Мејл“. Според изворот, клубот од
„Енфилд“ бара млад стручњак кој меѓу другото ќе се развива во
клубот.
Кандидати меѓу тренерите се Чаби Алонсо (Баер Леверкузен),
Роберто де Зерби (Брајтон) и Рубен Аморим (Спортинг Лисабон).
Актуелниот менаџер Јирген Клоп веќе најави дека без разлика на
исходот од сезоната , тој на крајот на сезоната ќе го напушти
„Енфилд“.
Во текот на наредните месеци раководството на Ливерпул ќе мора да
одлучи кој ќе биде наследник на Клоп на клупата на Ливерпул по
неговото заминување.


Бенто од Атлетико Параненсе ќе биде наследникот на Зомер во Интер

Екипата на Интер која е на чекор до освојувањето на титулата во
Серија А е се поблиску до потпишување на договор со бразилскиот
репрезентативец Бенто, но допрва треба да постигне конечен договор
со неговиот клуб Атлетико Параненсе. „Нероаѕурите“ го следат 24-
годишниот голман од летото 2023 година, кога договорот не се
оствари и Интер се засили со Јан Зомер.
Договорот на Бенто со Атлетико Параненсе е до декември 2026
година, но тој е подготвен да го направи следниот чекор во кариерата
и да ја напушти татковината за да се пресели во Европа.
Бенто веќе некое време е на радарот на Интер, преставници на Интер
лично го посетиле Бразил, а голманот е подготвен да го направи
следниот чекор во кариерата во Италија. “Тутоспорт“ истакнува дека
проблемот е што Атлетико Паранаенсе има ослободителна клаузулаод 60 милиони евра и сака најмалку 15 милиони евра за да го продаде ова лето.
Интер, од своја страна, нема намера да потроши 15 милиони евра за
нов голман, па двете страни преговараат за зделка од околу 8 милиони евра, на која ќе се додаде процент од следната продажба на Бенто.


Арсенал ќе испрати понуда за Жоао Кансело

Арсенал е заинтересиран да го ангажира 29-годишниот десен бек на
Манчестер Сити, Жоао Кансело, кој оваа сезона игра како позајмен во
Барселона. Ова го објави „Спорт.ес“ повикувајќи се на информацијата
објавена од англискиот „Сан“.
Според изворот, „топчиите“ имаат намера да направат обиди да го
ангажираат португалскиот фудбалер претстојното лето.
Претходно во медиумите се појави информација дека самиот Кансело
сака да ја продолжи кариерата во Барселона, но постои можност
Барселона да не успее да да се договори за потписот на дефанзивецот
со Манчестер Сити.
Оваа сезона Кансело учествуваше на 32 натпревари во сите
натпреварувања, на кои постигна четири гола и четири асистенции.
Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2024 година.
Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт,
пазарната вредност на фудбалерот е 30 милиони евра.


Талентот Мастантуоно на „радарот“ на Реал Мадрид

Реал Мадрид по успешните трансфери на Винисиус, Родриго и скоро комплетираниот трансфер на Ендри се сврте кон Аргентина каде што најде нов „бисер“.

„Марка“ пишува дека нова мета на „кралскиот клуб“ е 16-годишниот ас на Ривер Плата, Франко Мастантуоно.

Во последниве недели, луѓе од Реал Мадри го посетиле Буенос Аирес со цел на дело да ги видат квалитетите на 16-годишникот.


САД ја одбрани титулата од Лигата на нации во КОНКАКАФ

Фудбалската селекција на САД триумфира во Лигата на нации (ЛН) на КОНКАКАФ зоната, трет пат по ред, на исто толку одржани турнири. Во финалето во Тексас, Американците го победија Мексико со 2-0, со головите на Тејлор Адамс и на Џовани Реина.

Неколку минути пред крајот на натпреварот, главниот судија Дру Фишер го прекина натпреварот откако од трибините каде што беа навивачите на Мексико честопати се слушаа дискриминаторски, хомофобични скандирања упатени кон голманот на САД, Мет Тарнер.