feature

Тухел го објави првиот список како англиски селектор

Менаџерот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, го објави својот прв состав за претстојните квалификациски натпревари на тимот во март.

„Трите лава“ на 21 овој месец ќе ја пречекаат Албанија во меч на „Вембли“, а три дена подоцна во Лондон ќе пристигне Летонија.

Германскиот тренер донесе неколку интересни одлуки, а објавениот состав значително се разликува од последните селекции под водство на Герет Саутгејт и последователно неговиот привремен наследник Ли Карсли.

Импресивно е враќањето на Маркус Рашфорд, кој падна во немилост на Манчестер Јунајтед, но неговиот трансфер во Астон Вила покажа дека се враќа во форма и веќе забележа четири асистенции. Друго изненадувачко име меѓу повиканите е она на Џордан Хендерсон, кој моментално е играч на Ајакс, како и на младиот талент на Арсенал, Мајлс Луис-Скели.

Меѓу избраниците на Тухел се и Ден Бирн, за кого ова не е прв повик, но се уште не дебитирал за тимот, како и Морган Роџерс, кој дебитираше на крајот на минатата година.

Интересна е и одлуката да се повикаат четворица голмани, кои покрај очекуваните имиња на Џордан Пикфорд и Дин Хендерсон, се враќаат и Арон Рамсдејл и Џејмс Трафорд, кој моментално настапува во Чемпионшип со Барнли.

На тимот му недостасува значајно име за Англија во последниве години, како што се Хари Мегваер, како и Конор Галагер, Морган Гибс-Вајт и Адам Вартон.


Кошаркарите добија добри ривали во претквалификациите

Македонската кошаркарска репрезентација ги дозна имињата на противниците со кои ќе се соочи во претквалификациите за Светското првенство во 2027 година.

Македонија пласман во квалификациите за Мундијалот ќе брка во групата со Унгарија и Романија.

Пласман во квалификациите ќе изборат првите две селекции во групата. Натпреварите ќе се играат летово, во периодот од 2 до 20 август.

Навивачите на Саутемптон и Тотенхем осудени на 28 години затвор


У15 селекцијата вторпат поразена од Хрватска

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години претрпе нов пораз со 3:0 од соодветната селекција на Хрватска во рамки на втората контролна средба одиграна денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Хрватска дојде во водство 27. минута со автоголот на Аксентиев.

Во продолжението, избраниците на селекторот Илами Исејни преку Стојанов и Селими се заканија по голот на Хрватска, но гостинскиот голман и во двете ситуации одлично интервенираше.

Шкерго во 69. минута го зголеми водството на Хрватска. Три минути подоцна Иван Чалета ги постави конечните 3:0.


Винцек објави крај на ракометната кариера

Легендарниот германски ракометар Патрик Винцек денес го објави своето збогување од овој спорт, по серијата проблеми со повреди што ги имаше овој специјалист за одбрана во последните години.

Винцек се поретко можеше да ги покаже своите квалитети во дресот на Кил, поради што реши да ја заврши кариерата на 35-годишна возраст. Тој ќе остане дел од „зебрите“, откако постигнал договор од следната сезона да стане дел од управата на поранешниот европски шампион.

„Долгото патување дојде до крајот, време е да ги соблечам ракометните патики. Секогаш бев полн со страст и ентузијазам кога играв ракомет, така што оваа одлука воопшто не беше лесно. Не сакам целосно да се разделам од Кил, така што ќе останам лојален на клубот, но во една поинаква улога“, објави Винцек, кој десетина години наназад важеше за еден од најгрубите ракометари во Лигата на Шампионите..


Хумелс им се извини на фановите на Рома за црвениот картон во Билбао

Рома вчера загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао со 3-1 и беше елиминирана од Лига Европа, трагичарот е Матс Хумелс кој заработи црвен картон уште во 11. минута.

Волчицата повеќе од 80 минути играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на германскиот дефанзивец.

„Жал ми е. Сакам да се извинам на сите наши фанови и на моите соиграчи. Ве разочарав сите со грешката која едноставно беше глупава и ужасна. Овие натпревари треба да бидат натпревари во која мојот тим ќе се потпира на мене, сега заебав и тоа го чини целиот клуб рушење на сонот за освојување на Лига Европа. Не знам што уште да кажам, разочаран сум како и сите вие“, напиша Хумелс.


Емери: Сакам секогаш да играме како во вториот дел со Бриж

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери ги искажа впечатоците по победата над Бриж (3-0) синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Првото полувреме беше малку напнато, не е изненадувачки, бидејќи секој тим во Лигата на шампионите игра така. Не можевме да ги запреме, не можевме да доминираме со топката. Во вториот дел целосно ја променивме играта. Нашиот план успеа. Благодарение на нашата доминација на теренот постигнавме три гола. Мојата цел, им кажав на играчите, е да играм исто како што тоа го направивме во второто полувреме против Бриж“, изјави Емери.

Астон Вила се пласираше во четвртфиналето каде ќе се соочи со ПСЖ. Првиот натпревар ќе се одигра во Франција на 9 април, а реваншот во Англија на 15


Џовани Куенда договори трансфер во Челзи

Челзи „преку ноќ“ го договори првото засилување за претстојниот преоден рок, пренесува Фабрицио Романо. Џовани Куенда, 17-годишниот португалски талент кој игра за Спортинг, се согласи да премине во лондонскиот клуб.

За неговите услуги наводно биле заинтересирани Манчестер јунајтед и други англиски клубови, за сума од околу 50 милиони евра.

Куенда ќе игра уште една сезона во Спортинг, а потоа ќе му се приклучи на Челси. Не е познато колку Челзи ќе плати за младиот Португалец.

Според „Трансфермаркт“, Куенда вреди 30 милиони евра. Тој веќе некое време е стандарден во првиот тим на Спортинг, а со само 17 години веќе забележа 43 настапи за постигна два гола и седум асистенции.


Хорхе Мартин ќе ја скокне ГН на САД

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, кој веќе се повлече од првите две трки сезонава поради повреда, потврди дека ќе ја пропушти и Големата награда на САД.

„Имам проблеми, рехабилитацијата не оди толку брзо колку што би сакал. Би сакал да бидам во Остин, но нема да можам да се тркам. Не знам дали ќе бидам и во Катар (13 април). Се уште е рано”, изјави тој на прес-конференција во Мадрид.

Мартин се повреди за време на претсезонското тестирање во Малезија во февруари и мораше да оди на операција на раката, а потоа доживеа уште една несреќа за која беше потребна дополнителна операција.

Тој ја пропушти првата трка сезонава во Тајланд, а ќе ја пропушти втората во Аргентина овој викенд.


Иниго Мартинез потпиша договор до 2026 година

Барселона го обнови договорот со дефанзивецот Иниго Мартинез на уште една сезона. Актуелниот договор на 33-годишниот фудбалер требаше да истече на крајот на сезоната, но Каталонците ја искористија опцијата да го обноват на уште 12 месеци.

Иниго Мартинез се наметна како еден од најстабилните дефанзивци во тимот на Ханси Флик. Двете страни постигнаа договор пред неколку месеци, но дури сега Каталонците добија зелено светло од Ла Лига.

Дефанзивецот се приклучи на Барселона во летото 2023 година со слободен трансфер од Атлетик Билбао.

Оваа сезона баскискиот дефанзивец забележа 33 настапи во сите натпреварувања и постигна три гола.


Милан нема да го откупи Жоао Феликс

Иднината на Жоао Феликс во Милан е доведена под знак прашалник. Милан одлучил да не преговара за постојан трансфер на Феликс ова лето, оставајќи го напаѓачот на Челзи во неизвесност околу неговата иднина за следната сезона.

„Калчомеркато“ пишува дека 25-годишниот фудбалер допрва треба да покаже дека заслужува место во тимот на Милан за следната сезона, затоа што „росонерите“ не се задоволни од неговите игри, особено што досега тој не успева да постигне гол во Серија А откако во јануари му се приклучи на Милан на позајмица. Италијанскиот клуб има опција да го ангажира Феликс за околу 41 милион евра ова лето, но таа сума е преголема за она што Феликс го покажува на теренот.