feature

Гризман ќе го замени Мадрид со Лос Анџелес

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.

Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.

Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.

Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.

Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.

Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.


Наполи остави два големи бода на гостувањето кај Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.

Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.

Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.

Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.


Фудбалерот Андреј Лазаров загина во пожарот во Кочани

Андреј Лазаров, фудбалер на Шкупи е еден од 59-те починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Претходно денеска Шкупи на социјалните мрежи објави дека неговиот Лазаров е надвор од животна опасност, но подоцна починал во болницата во Штип.

Како што информираат од Шкупи, Лазаров во дискотеката им помагал на останатите присутни да се извлечат, но на крајот се задушил во чадот.

„Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.
Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објави на социјалните мрежи неговиот клуб, Шкупи.

Лазаров во кариерата настапуваше во Металург, Работнички, Тиквеш во Македонија, односно Горица и Рудеш во Хрватска.


Ривалдо: За Нејмар има место во секој европски гигант

Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилската репрезентација, Ривалдо ги пофали изданијата на напаѓачот на Сантос, Нејмар.

„Тој е одличен играч, ми се допаѓа неговиот стил. Доколку ја задржи моменталната форма во Сантос, постигнува голови и си го врати ритамот, ќе има место во кој било врвен тим. Ако не е Барселона, тогаш ова лето Нејмар ќе се приклучи на друг голем европски клуб“, изјави Ривалдо.

Во јануари 2025 година, Нејмар се врати во Сантос, каде ја започна својата кариера. Според странските медиуми, 33-годишниот фудбалер му се приклучил на бразилскиот клуб со цел да ја рестартира својата професионална кариера.

Нејмар се надева дека ќе се пресели во Барселона во летниот преоден рок.


Рекорд на Халанд: Најбрзо до сто гола во историјата на ПЛ

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд постигна гол на денешниот натпревар против Брајтон во 29. коло од англиската Премиер лигата.

Во 11. минута Норвежанецот реализираше пенал. Голот му овозможи на Халанд да ја достигне границата од 100 гола во Премиер лигата.

Дваесет и четиригодишниот напаѓач успеа да го постигне ова на 94 натпревари – најбрзо во лигата. Претходниот рекордер беше Алан Ширер, кој постигна 100 гола на 100 натпревари.

Халанд му се приклучи на Манчестер сити од Борусија Дортмунд во летото 2022 година.


Ларкин е МВП на колото во Евролигата

Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, е прогласен за најкорисен играч на 29. коло од Евролигата.

За плејмејкерот на турскиот клуб ова е прва награда МВП оваа сезона.

Ларкин вчеравечер го предводеше Ефес до гостинска победа од 97:92 над Баерн во Минхен со 25 поени. Тој имаше и 4 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.

За Ларкин ова е 18. Вакво признание во кариерата, што е рекорд во Евролигата./


Арнаутовиќ е сонот на Црвена Звезда

Напаѓачот на австриската репрезентација Марко Арнаутовиќ како потенцијално засилување за Црвена звезда минатото лето, но искусниот напаѓач остана дел од Интер од Милано.

Има сосема добра сезона 35-годишникот роден во Виена, толку добра што денес се појави информација дека го посакува Бајерн од Минхен.

Според пишувањата на германскиот “Спорт 1”, Баварците бараат централен напаѓач кој би бил резерва на неприкосновениот Хари Кејн, а изборот падна на Арнаутовиќ, кому на лето му истекува договорот со Интер, па би стигнал на “Алијанц арена” како слободен играч.


Зорман: Се радувам што ќе играме пред полна сала во Копер

Iran vs Slovenia, IHF 2023 Men’s World Championship – POLAND, SWEDEN, Krakow , 18.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Kако и во Скопје на мечот Македонија- Словенија и во Копер се очекува полна сала и добра атмосфера за која говореше и селекторот на Словенија, Урош Зорман кој се радува на распродадената сала бидејќи како што вели, не се случува често во Словенија.

„Секогаш има простор за напредок, и покрај нашата добра партија во Скопје. Утре сакаме да надоградиме тоа што направивме на гостински терен. Салата во Копер е распродадена. Во Словенија тоа не се случило многу одамна, па затоа сме навистина среќни. Луѓето доаѓаат на натпреварот поради нас, па не сакаме да ги разочараме нашите навивачи“, изјави Зорман.


Марк Маркез победи на ГН на Аргентина

Возачот на Дукати, Марк Маркез триумфираше на вечерашната спринт трка која се одржа во пресрет на трката за големата награда на Аргентина.

Шпанскиот возач забележа нов сезонски триумф на патеката Тримас Де Рио Ондо, откако тој триумфираше и на предходната трка во Тајланд .

Марк Маркез, исто како и пред две недели во Тајланд, славеше пред својот помлад брат Алекс, кој заврши на втората позиција со задоцнување од девет десетинки.

Франческо Бањаја ја заврши трката на третото место, заостанувајќи три секунди зад шпанците.


Нојер ќе застане на голот на Баерн по репрезентативната пауза

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, во петокот продолжи со тренинзите со трчање. Тој направи неколку обиколки на еден од полигоните на Баварците.

Закрепнувањето на голманот се одвива според планот и се очекува тој да биде подготвен за настап по паузата за репрезентативните натпревари, кога Баварците ќе се соочат со Сент Паули, пишува „Билд“.

Нојер се повреди на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен. Тој доживеа истегнување на мускулот додека го прославуваше голот на Џамал ​​Мусиала против „фамацевтите“.

Се очекува голманот да биде на располагање за четвртфиналните натпревари со Интер во Лигата на шампионите, како и за претстојната пресметка со Борусија Дортмунд.

Во негово отсуство, голот на Баерн го брани Јонас Урбих, кој дојде во клубот изминатата зима.