feature

Формула 1 трката во Монако под знак прашалник заради протестите во Франција

Одржувањето на трката за Големата награда на Монако може да биде под знак прашалник. Во Франција продолжуваат протестите во врска со усвојувањето на пензиската реформа, па во оваа насока, во земјата се одржуваат масовни протести и меѓу синдикатот CGT Energie, кој работи во енергетскиот сектор.

Меѓу овие акции, се очекуваат прекини на струја на големи настани како Ролан Гарос и Големата награда на Монако. Од CGT Energie истакнаа дека не ја исклучуваат можноста овие настани да „завршат во темница“.

CGT Energie веќе ја презеде одговорноста за прекините на електричната енергија на аеродромот во Монпеље и во училиштето во Еро кое го посети претседателот Макрон. Големата награда на Монако е закажана за 26-28 мај.


Ветеранот Пепе доби нов договор со Порто

Пепе се согласи да ја продолжи кариерата во Порто, потпишувајќи нов договор со португалскиот гигант на 40-годишна возраст.

Пепе се ближи до крајот на својата 23-та сезона во фудбалот, последните пет поминати во Порто за време на неговиот втор престој на „Естадио до Драгао“. Дефанзивецот, кој има 133 натпревари за Португалија, сè уште не планира да се пензионира откако потпиша 12-месечно продолжување на договорот со Порто за да го задржи во клубот до крајот на следната сезона.

„Бев многу нервозен бидејќи тоа е договор кој многу ми значи“, изјави Пепе, кој има 28 натпревари оваа сезона, за официјалниот сајт на португалскиот гигант.

„Како играч и личност обично сум многу искрен. Имам 40 години, но му должам многу на Порто и не сакам да го изневерувам претседателот или луѓето во клубот. Сакам да им се заблагодарам на сите за правејќи ме секој ден подобар како играч, личност и татко“, додаде тој.


Уникатен рекорд на Борусија Дортмунд: Девет победи по ред на домашен терен

Борусија Дортмунд постави уникатно достигнување за својата клупска историја.

Натпреварот од 29. коло во германската Бундеслига во кој Борусија Дортмунд го пречека Ајнтрахт Франкфурт го доби со резултат 4-0.

Со тоа тимот ја извојува деветтата последователна победа на домашен терен во една сезона во германскиот шампионат. Претходно, клубот не можеше да го направи тоа во целата своја историја. Победата и овозможи на Борусија Дортмунд да стигне до првата позиција во германското првенство. 

Тимот има освоено 60 поени на 29 натпревари и на пет кола пред крајот на првенството е пред Баерн Минхен со еден бод предност. Во следното коло Борусија ќе игра со Бохум на гостински терен, а Баерн ќе ја пречека Херта.


Облак: Барса е стабилна, ќе ја освои титулата во Ла Лига

Голманот на Атлетико, Јан Облак зборуваше за натпреварот на неговиот клуб против Барселона, во кој Атлетико загуби со 0-1.

„Оваа лига беше тешка долго време и се уште е. Не можевме да дадеме малку повеќе емоции на Ла Лига на крајот од сезоната. Ако Барса продолжи вака со предноста што ја има, ќе ја освои лигата. Мислам дека Гризман секогаш ја покажуваше својата најдобра верзија. Не знам зошто работите не му одеа толку добро во Барселона и не ми е грижа. Важно е што прави овде“, изјави Облак за „Марка“.

Пред поразот од Барселона, мадридскиот тим беше непоразен во 13 натпревари (десет победи и три нерешени).

По 30 кола Каталонците се водечки тим во Примера со 76 бода. Атлетико е на третото место на табелата со 60 бодови и пет бода помалку од Реал Мадрид.


Првпат во финалето на ФА Купот ќе се игра градско дерби на ривалите од Манчестер

За првпат во историјата на најстарото фудбалско натпреварување, ФА Купот, во финалето ќе играат два клуба од Манчестер. На 3 јуни за трофејот ќе се борат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Денес, во полуфиналниот натпревар, „црвените ѓаволи“ го елиминираа Брајтон (7-6) во пенал серијата, додека регуларното време заврши нерешено со резултат 0-0. Ден претходно, пласман во финалето обезбеди Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола, кој го совлада Шефилд Јунајтед со резултат 3:0, Ријад Махрез постигна хет-трик.

Актуелен носител на трофејот е Ливерпул. Во пенал рулетот минатата година го победија Челзи (регуларното време на натпреварот заврши со резултат 0-0). 

Апсолутен рекордер по бројот на освоени трофеи во ФА Купот е лондонскиот Арсенал (14), Манчестер Јунајтед е на второто место (12), Манчестер Сити има само шест пехари во ова натпреварување.


Спалети: Скудетото е награда за сите мои жртви во кариерата

Лучијано Спалети, титулата во италијанскиот шампионат ја смета за награда за жртвите во кариерата.

„Кога добивате толку важни натпревари на крајот на сезоната против противници од ова ниво во една ваква рамноправна борба, овие победи стануваат тули во ѕидот на конечниот успех. Но, да не брзаме со шампањското, бидејќи си уште не сме ја завршиле работата.

Му честитав на тимот, одигра добро, што не беше лесно неколку дена по разочарувачката елиминација од Лигата на шампионите. Мислам дека не би можеле да одиграме уште подобро денес.

Понекогаш гледам наназад и гледам на мојата кариера. Со текот на годините, не е како да патувам прва класа, гледајќи низ прозорецот во си – не, автостоп сум! Затоа, да се биде на неколку чекори од Скудетото е наградата за сите жртви што требаше да се направат низ годините. Секако, убаво е да се биде во таа позиција.  Имав, можеби, потежок пат од оние кои започнаа на различно ниво, заработија почит и восхит како фудбалер и добив можност да започнам тренерска кариера на врвно ниво“, изјави за „Фудбал Италија“ Лучијано Спалети по победата над Јувентус.


Почетино блиску до клупата на Челзи

Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави вест дека Аргентинецот Маурицио Почетино е најсериозен кандидат за нов тренер на Челзи.

Според информациите на Романо, аргентинскиот тренер до крајот на неделата ќе влезе во завршна фаза во преговорите со раководството на Челзи.

51-годишниот Почетино има големо искуство во Премиер лигата, каде претходно ги водеше Саутемптон и Тотенхем. Тој во моментот е без ангажман откако во 2022 година доби отказ во Париз Сен Жермен.

Актуелниот тренер на Челзи, Френк Лампард има договор со клубот до крајот актуелната сезона.


Барнли под истрага на ФА заради комбиниран тим против Ридинг

Барнли е под истрага на ФА на Англија за потенцијално местење натпревари. Станува збор за натпреварот одигран на 15 април против Ридинг. Натпреварот заврши 0-0, а менаџерот Винсен Компани изведе резервен состав на теренот и реши да одмори седум главни играчи.

Ова се случи на натпревар откако Барнли и математички обезбеди враќање во Премиерлигата. Проблемот го пријави Хадерсфилд, тим кој се бори за опстанок заедно со Ридинг и е лут што Барнли му подари бод на големиот ривал.

Според медиумите на Островот, Барнли би можел да биде казнет со голема парична казна, но и со губење на бодови.


Њукасл спремен да достави понуда за Рафиња

Њукасл е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња и спрема богата понуда.

Бразилецот минатото лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.

Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа.

Таквата ситуација сака да ја искористи Њукасл, кој е заинтересиран за Бразилецот и веќе спремил понуда од 50 милиони фунти.

Њукасл има прилично добра сезона, има реални шанси да заврши во Топ 4 и да обезбеди пласман во ЛШ, па спрема големи засилувања на лето.


Кампацо од следната сезона се враќа во Реал

Аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо од следната сеозна ќе биде нов/стар играч на Реал Мадрид, пишува шпански „Релево“.

Како што пренесува мадридскиот весник, се било договорено на 17 март во Барселона, кога Звезда и гостувала на истоимениот тим во Евролигата. Во текстот се вели дека Хуан Карлос Санчез, директорот на кошаркарската секција на Реал Мадрид и Алберто Хереро, спортскиот директор, отпатувале во Барселона за да постигнат договор со поранешниот играч.

Враќањето во Реал беше првата желба на Кампацо кога Далас Маверикс го ослободи на крајот на минатата година, но тогаш тоа не беше остварливо поради клаузулата од шест милиони евра. „Релево“ наведува дека понудата на Реал до Кампацо изнесува 1,6 милиони евра.