feature

Познати шеширите пред ждрепката за Евробаскет

Одредени се шеширите за ждрепката за 42. издание на ФИБА Евробаскетот, на кој ќе учествуваат 24. репрезентации поделени во четири групи.

Прв шешир: Србија, Германија, Франција, Шпанија
Втор шешир: Летонија, Литванија, Словенија, Грција
Трет шешир: Италија, Црна Гора, Полска, Чешка
Четврти шешир: Финска, Грузија, Турција, Израел
Петти шешир: Белгија, Босна и Херцеговина, Естонија, Велика Британија
Шести шешир: Шведска, Исланд, Португалија, Кипар.

Ждрепката е закажана за 14 часот во Рига на 27 март, кога ќе бидат објавени четирите групи од шест репрезентации. Пласман во нокаут фазата ќе изборат по четири селекции од секоја група.

Европското првенство ќе се одржи во четири држави: Летонија, Полска, Кипар и Финска.

Домаќините добија пораво да изберат по еден противник. Кипар ја избра Грција, Финска ја избра Литванија.

Титулата од претходниот шампионат ќе ја брани Шпанија.


Познати номинациите за Лауреус

Објавени се номинациите за наградата Лауреус, која традиционално се доделува на најдобрите светски спортисти од претходната година.

Во потесниот круг се најдоа Тадеј Погачар, словенечки велосипедист, Карлос Алкараз, шпански тенисер, Арман Дуплантис, шведски атлетичар, Леон Маршанд, француски пливач и Макс Ферстапен, холандски Формула 1 возач.

Кандидати за престижната награда кај дамите се: гимнастичарката Симон Бајлс, фудбалерката Ајтана Бонмати, тенисерката Арина Сабаленка и атлетичарките Сифан Хасан, Фејт Кипјегон и Сиднеј Меклафлин.

Лауреус, поради допинг скандалот, минатата недела ја повлече номинацијата на италијанскиот тенисер Јаник Синер.


Диборов за последен пат ќе игра во ЛШ

Ракометарите на Загреб в среда ќе го одиграат последниот натпревар во овогодинешното издание од ракометната Лига на шампиони.

Хрватскиот клуб ги загуби шансите за пласман во осминафиналето, но ќе се обиде со победа да се заврши во елитното натпреварување, а воедно да приреди и маестрално збогување за легендарниот Тимур Дибиров.

Поранешната ѕвезда на скопски Вардар за последен пат ќе настапи во Лигата на шампионите, па затоа екипата сака да му приреди најубав можен крај на оваа долгогодишна авантура. Дибиров остави силна трага во елитата, двапати беше европски шампион со Вардар и прикажуваше феноменални партии додека беше член на „црвено-црните“.

„Очекуваме тежок и сериозен натпревар. Сакаме да се простиме од нашата публика со победа во загрепската „Арена“, а исто така и да му приредиме спектакуларно збогување на Тимур Дибиров, играч кој го одбележа ова натпреварување во толку многу сегменти“, изјави тренерот Велимир Петковиќ.

Поврзани теми


Флик не го сака Нејмар во Барса

Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик е против можното враќање на бразилскиот фудбалер во Барселона. Тој се сомнева во ползата што би ја имал неговиот тим поради возраста и физичка кондиција на Нејмар, пишува „Diario Sport“.

Претходно беше објавено дека Нејмар сака да се врати во каталонскиот клуб, а Барселона е подготвена да размислува за потписот на напаѓачот доколку тој постигне 15 гола за Сантос до крајот на сезоната.

Сепак, Флик преферира млади играчи и интензивен фудбал.

Предлогот за враќање на Нејмар официјално не се разгледува во клубот, што укажува на недостиг на консензус во спортското раководство. Дополнително, потписот на Бразилецот може да го попречи и неизвесната финансиска состојба на Барселона.


Раниери парично казнет од УЕФА

Тренерот на италијанската екипа Рома, Клаудио Раниери, беше казнет од УЕФА со 20.000 евра поради критичките забелешки кон судијата Тобијас Штилер и првиот човек на судискиот совет Роберто Розети по првиот плеј-оф натпревар од Лигата на Европа со Порто (1:1), објави Фудбал Италија.

Според изворот, Раниери сугерирал дека судијата бил пристрасен и бил незадоволен од исклучувањето на играчот од средниот ред на Рома, Брајан Кристанте. Критиките на 73-годишниот специјалист се проширија и на Роберто Розети. Тренерот ја доведе во прашање неговата одлука да го именува Штилер за судија на натпреварот.

Тој истакна дека во претходните 22 натпревари на кои судел Штилер, гостинските тимови имале само девет нерешени натпревари, а сите останати биле домашни победи.


Работнички и Вардар ќе играат во „Куќата на фудбалот“ во Скопје

Вонредното коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во среда го носи и соседското дерби меѓу Работнички и Вардар кое овојпат нема да се игра на „Градски“.

Поради гостување на репрезентацијата на Велс, стадионот е затворен со цел да се подобри тревната подлога, па Работнички и Вардар нема да можат да играат на арената.

Во среда со почеток од 14 часот Работнички ќе го пречека Вардар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ.


Томовски во тимот на колото на Бундеслигата

Македонскиот ракометен голман, Мартин Томовски имаше неверојатна партија за Потсдам против Магдебург, а таа го лансираше во тимот на колото.

Томовски запиша дури 18 одбрани, имаше дури 43 отсто одбранети удари. Со таквиот учинок без конуренција беше најдобриот голман на колото во германската лига.


Бузалковски се пријави за настап на „24 часа Ле Ман“

Македонскиот моторциклист Христијан Бузалковски оваа сезона доби прилика да настапи на најтешката трка од Светскиот шампионат по издржливост World Endurance Championship.

Историски момент за Македонија бидејќи Бузалковски е првиот Македонец кој доби понуда на ваква трка од светски размер.

„Навистина е огромна чест кога знаете дека сте во тим кој ќе настапува на светски шампионат. На Легендарната трка 24 часа Ле Ман да го видиме Македонското знаме е навистина чест, но и голема одговорност. Мојата цел ќе биде да се прилагодам на моторот со кој што ќе возам, и секако да се квалификувам на најтешката трка на светот. 24 часа без престан. Подготовките веќе се во тек, и се надевам дека се ќе биде како што треба, со Господ напред“, вели Христијан Бузалковски.


Јуве ја „скрши“ Верона и врза пет победи по ред во Серија А

Јувентус со 2-0 ја совлада Верона и се врати на четвртата позиција во Серија А. Прва на гол се израдува Верона, Суслов во судиското продолжение постигна прекрасен погодок, но за среќа на Јуве му беше поништен поради офсајд.

Домаќините долго се мачеа за да дојдат до водство, тоа конечно се случи во 73. минута кога Турам постигна гол за водство од 1-0.

Конечните 2-0 ги постави Копмајнерс во 90. минута од натпреварот.


Левандовски руши рекорди: На 37 години ја игра сезоната на кариерата!

Роберт Левандовски се препороди под водство на Ханси Флик, иако има 37 години, тој игра во голема форма оваа сезона.

Со 21 гол Левандовски е прв стрелец во Ла Лига, има четири повеќе од Мбапе. Во сите натпреварувања полскиот напаѓач има 34 голови сезонава.

Тоа е неговиот најдобар биланс откако е дојден во Барселона. Во првата сезона даде 33 голови, а во втората 26.

Бројката од 34 голови може да биде значително поголема кога сезоната ќе заврши бидејќи Барселона ја очекуваат најмалку уште 15 натпревари. 12 во Ла Лига, два во Лигата на шампионите и еден во Копа дел Реј. Бројката на мечеви може да биде и поголема во зависност од тоа како Каталонците ќе напредуваат во ЛШ и шпанскиот куп.