feature

Симната суспензијата, руските боксери се враќаат во рингот

Боксерите од Русија се вратени на ранг-листата на Светската боксерска организација. Боксерите беа суспендирани од 2022 година, по почетокот на војната на Русија со Украина.

ВБО шампион во полутешка категорија е Русинот Артур Бетербиев. На 12 октомври Артур треба да се бори со сонародникот Дмитриј Бивол.

Боксерите ќе се борат во Саудиска Арабија. Тие првично требаше да се сретнат на почетокот на јуни годинава.

За жал, Артур се повреди и испадна од битката. Бивол остана во настанот и забележа победа. Неодамна и Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) донесе одлука за отстранување на санкциите за руските спортисти.


Французинот Ризаше прв пик на драфтот во НБА лигата

Во НБА лигата изминатата вечер се одржа НБА драфтот во кој како прв пик се избра Закари Ризаше од редовите на Атланта.

Ризаше прикажуваше одлични настапи во Еврокупот и се најавува како нов суперталент на француската кошаркар.

По неговиот сонародник, Виктор Вембанјама минатата година, Андреа Барњани во 2006 и Кинезот Јао Минг во 2002 тој стана само четвртиот странец кој е избран како прв пик на НБА драфтот.

Вториот пик на драфтот исто така беше Французин бидејќи Вашингтон се одлучи за Алекс Сар.

Српскиот кошаркар Никола Топиќ кој се најавува како нова голема надеж на српската кошаркар како 12 пик беше избран од Оклахома.

Сепак, засега не е сигурно дека тој следната сезона ќе биде дел од НБА бидејќи неодамна заработи тешка повреда на коленото.


Хосни по една година се врати во Еурофарм Пелистер

Ракометарот од Тунис, Усама Хосни повторно ќе биде дел од македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Бекот беше дел од „зелено-белите“ во натпреварувачката 2022/23 со која ја освои титулата во Македонија по што имаше кратки епизоди во Катар и Кувајт за да сега се врати во добро позната средина со едногодишен договор.

Тој ќе биде претставен во Битола на крајот на месец јули.

Претходно Пелистер ги договори голманите Никола Митревки и Филип Ивиќ, но и кружниот напаѓач Кајо Цикатиќ.


Монтела: Турција одамна не памети ваков успех

Винченцо Монтела ги надмина критиките по поразот од Португалија и со втора победа во групата ја квалификува Турција во осминафинелто на ЕП.

Победата против Чешка со 2-1, во натпревар со осумнаесет картони, ги носи Турците во Лајпциг на дуел со Австрија за шест дена.

„Турција долги години не знаеше за пласман во елиминационата фаза, па ова мора да се гледа како голем успех. Успеавме да ги изменаџираме сите комплицирани ситуации вечерва, а тимот е многу млад. Само тројца фудбалери играле претходно на Европско првенство од моите момци. 

Треба да се одмориме и да ја вратиме енергијата. За шест дена ни следи тежок осминафинален натпревар против Австрија која заврши како првопласирана во многу тешка група. Многу се брзи и цврсти. Имам само пофалби за оваа репрезентација“, рече селекторот Монтела.


Њујорк Никс е новиот клуб на Бојан Богдановиќ

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ е трејдуван во Бруклин Нетс во пакет за Микел Бриџис.

Покрај него во тимот од „Глемата јаболка“ се испратени пет пикови од првата рунда, а имаат можност и за замена на пиковите во првиот круг и избор во втората рунда.

Никси го добиваат Бриџис кој минатата сезона беше на просек од 19.6 поени, 4.5 скокови и 3.6 асистенции со нив и вториот избор на драфтот 2026 година. Кон Бруклин ќе тргне Богдановиќ и седморица играчи кои ќе бидат драфтувани од 2025 до 2031 година.


Веспрем го потврди трансферот на Циндриќ

Лука Циндриќ, во следните две сезони ќе го носи дресот на унгарскиот шампион Веспрем, објави хрватски „Германијак“.

Раководството на Веспрем и Циндриќ се договориле на двегодишна соработка, а активирана е клаузулата во која стоеше дека Хрватот може да си оди од Динамо Букурешт ако си замине и Пасквал.

Искусниот среден бек во изминатата сезона настапуваше за амбициозниот проект, со тимот од Романија играше во второто по ранг европско клупско натпреварување, Европската лига.


Милан и Челзи преговараат за позајмица на Лукаку

Милан ги обнови контактите со Челзи за Лукаку. Како што пишува „Газета дело Спорт“, Белгиецот би можел да биде вистинскиот избор за нова „деветка“ кај Росонерите, откако е на пат да пропадне можноста Милан да го добие Холанѓанецот Циркзи од Болоња

По позајмицата во Рома минатата сезона, Лукаку ќе мора да се врати во англискиот клуб, но најверојатно нема да остане во тимот на новиот тренер Енцо Мареска. Бидејќи Милан се обидува да го донесе, засега само како позајмен играч, може да се очекуваат преговори во следниот период.


Ливерпул сака да го позајми Арда Ѓулер

Шпанска „Марка“ денеска пишува дека Ливерпул контактирал со Реал Мадрид за можноста да ангажира еден играч од освојувачот во Лигата на шампионите во летниот трансфер период. Според весникот, станува збор за младиот турски репрезентативец Арда Ѓулер, кој се поврзува со заминување од „Бернабеу“ по само една година мината во шпанската престолнина.

Сепак, тимот на Карло Анчелоти потврдил дека не сака да се раздели со 19-годишниот напаѓач, кој има уште пет години од договорот, што дава јасен сигнал дека Ливерпул нема да добие „зелено светло“ за преговори.

Минатата недела, Ѓулер го потврди својот талент постигнувајќи еден од најдобрите голови на Евро 2024 досега во победата на Турција од 3-1 над Грузија.


Пикфорд го мина Шилтон и постави рекорд на чисти мрежи на големите натпреварувања

Англискиот голман Џордан Пикфорд по единсесетти пат не дозволи да прими гол на голот на англиската репрезентација и со тоа постави нов рекорд. Репрезентацијата на Англија ремизираше со Словенија со резултат 0-0 со што Пикфорд стана рекордер на англиската репрезентација по бројот на последователни мечеви со „чиста мрежа“ на Светските и Европските првенства.

Пикфорд го надмина Питер Шилтон, кој имаше десет „чисти мрежи“ на големите турнири.


Барса го продаде Чади Ријад во Кристал Палас

Од доаѓањето на Ханси Флик на клупата Барселона во главно работи на полнење на касата со продажба на фудбалери кои германскиот стратег ги означил како вишок.

Чади Ријад го засили Кристал Палас, а Барселона заработи 50% од неговиот трансфер од Бетис, што е околу осум милиони евра, додека од заминувањето на Марк Гују во Челзи инкасираше шест милиони евра.

Трет кој замина е младиот стопер Микаил Фаје, Сенегалец кој пред само една година пристигна од хрватски Кустошија за еден ипол милион евра.

Фаје одигра одлично за Барселона Атлетик под водство на Рафаел Маркез, требаше да добие шанса во првиот тим, но поради гужва на неговата позиција беше одлучено да се заработи.

Каталонците ја прифатија понудата на Порто од 15 милиони евра, 10 пати повеќе отколку што платија за него минатото лето, со тоа што Барса инсистираше на повратна клаузула според која може да го откупат во следните години, но сујмата засега не е позната. Кога ќе се собере се досега Барселона заработи скоро 30 милиони евра од продажба на фудбалери за кои нема место во првиот тим во новата сезона.

Сè на сè, Барса заработи речиси 30 милиони евра од заминувањето на млади играчи за кои нема место во тимот оваа сезона.