feature

Дугари: Ова што го прави Мбапе е скандалозно

По крајот на сезоната Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен, информацијата не е официјално потврдена, меѓутоа се друго од ваков развој на настаните би било изненадување.

И тренерот Луис Енрике во последно време знае да го замени Мбапе или остави на клупата. На оваа тема сега сео гласи легендата на францускиот фудбал, Кристоф Дугари.

Дугари имаше критики за Енрике, но и за Мбапе.

„За првпат во ПСЖ има тренер кој има ма*иња да го замени Мбапе затоа што не бил на ниво. По мене на Енрике не му се допаѓа и начинот на неговата игра. Секогаш бил провокативен, но ме изненадуваат неговите изјави. Мбапе си оди за три месеци, а ти немаш план? Дали ПСЖ знае да се снајде Мбапе? Ако да, покажи ни како.

Сезонава не успева да го искористи Мбапе на вистински начин. Но тоа што го прави Мбапе е скандалозно. Капитен е на ПСЖ и Франција. Мбапе нема право да трча почесни кругови и да прави селфи на секаде. Каков циркуз е тоа?!“, запраша Дугари.

Мбапе во актуелната сезона постигна 32 гола на 33 натпревари за ПСЖ, меѓутоа на последните дуели играше 28, 65 и 45 минути, па тоа е уште еден показател дека Енрике го подготвува тимот без него.


Фудбалерките ги дознаа противниците за Лигата на нации

Европската фудбалска федерација УЕФА ја одржа ждрепката за квалификациската фаза за следното Европско првенство во женска конкуренција кое ќе се одржи во Швајцарија во 2025 година.

Првпат патничките на Европското првенство ќе се избираат преку лигашки модел,односно преку Лигата на Нации. Селекциите ќе бидат поделени во три дела: Лига А, Лига Б и Лига Ц.

Од Лига А каде што се најсилните селекции место ќе добијат по два првопласирани од четирите групи. Кога во прашање се Лига Б и Ц каде што е Македонија патот е потежок бидејќи ќе има и плеј-оф дуели.

ГРУПИ ВО ЛИГА Ц:

Група Ц1: Белорусија, Литванија, Кипар, Грузија

Група Ц2: Словенија, Летонија, Македонија, Молдавија

Група Ц3: Грција, Црна Гора, Андора, Фарски Острови

Група Ц4: Романија, Бугарија, Казахстан, Ерменија

Група Ц5: Албанија, Естонија, Луксембург


Челзи пронајде две опции за наследник на Почетино

Раководството на Челзи одлучи дека доколку го отпушти актуелниот тренер на тимот, Маурицио Почетино , ќе се обиде да го ангажира Рубен Аморим , кој го предводи Спортинг Лисабон или Роберто Де Зерби, кој работи во Брајтон. Оваа информација ја објави авторитетниот „Гардијан“.

Според изворот, раководството на лондонскиот клуб ќе одлучи за иднината на аргентинскиот стручњак во Челзи по завршувањето на актуелната сезона.

Да потсетиме дека Покетино ја презеде тренерската функција на Челзи минатото лето. По 26 кола од англискиот шампионат, сините освоија 36 бода и моментално го заземаат единаеттото место. Под водство на Почетино, Челзи стигна до финалето на Лига купот, но загуби од Ливерпул со резултат 0-1.

Претходно во медиумите се појави информација дека сопствениците на лондонскиот клуб веќе почнале да бараат замена за Почетино.


Барса го нуди Ансу Фати за потписот на Митома

Барселона е сериозно заинтересирана за ѕвездата на Брајтон и јапонски репрезентативец, Каору Митома.

Скаутите на Барселона веќе подолго време го следат 26-годишниот Јапонец, кој оваа сезона блеска во Премиер лигата. Англиските гиганти исто така го сакаат Митома, но Барселона има адут како да ја победи конкуренцијата, а тоа е Ансу Фати.

Фати игра како позајмен фудбалер во Брајтон и како дел од откупот англискиот клуб може да го понуди потписот на Митома.


Ѓоковиќ ги избегна фаворитите на ждрепката во Индијан Велс

На еден ден пред почетокот на турнирот, денеска беше извлечен ждребот за турнирот во Индијан Велс. Новак Ѓоковиќ кој на овој турнир се враќа по пауза од пет години, веројатно ќе има релативно лесен пат до полуфиналето.

Ѓоковиќ ќе го започне турнирот од второто коло и според ждребот не би требало да има проблем да дојде до завршната фаза. Ако нема изненадувања, во четвртфиналето ќе го чекаат Хуркач или Руд, додека во полудиналето еден од Медведев, Руне, Димитров и Фриц. Ако се погледне формата и меѓусебните дуели, посериозна закана за Ѓоковиќ е само Медведев.

Пресметка со Надал кој се враќа на Мастерс серијата би можеле да видиме во полуфиналето, но прашање е како ќе одигра Шпанецот, а во првото коло ќе се сретне со Милош Раониќ.

Карлос Алкараз, Јаник Синер, Зверев и Рубљов се на другата страна од ждребот и тука веројатно не очекуваат многу понеизвесни мечеви.


Два европски гиганти го сакаат „бисерот“ на Милан

Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со својата неверојатна гол-статистика.

Камарда со само 15 години позади себе има над 500 голови во младинските категории на Милан. Неодамна испиша историја и стана најмладиот дебитант во историјата на Серија А откако дебитираше за Милан на „Сан Сиро“.

Фудбалските експерти тврдат дека станува збор за „вундеркинд“, а неговите партии ги следат сите големи клубови ширум Европа.

Камарда се уште нема професионален договор, па таквата ситуација сакаат да ја искористат Манчестер Сити и Борусија Дортмунд и да го „укардат“ од Милан.


Де Лихт негира заминување од Баерн

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас Де Лихт засега не ги исполни очекувањата по трансферот вреден 67 милиони евра од Јувентус.

Се шпекулираше дека Де Лихт може да замине. Имено, тој се соочи и со повреди, а потоа и го загби местото во тимот. Во Бундеслигата собра само 15 натпревари.

Меѓутоа сега Де Лихт ги отфрли гласините кои го поврзуваа со заминување од Минхен.

„Воопшто не размислувам за заминување. Среќен сум што сум во Баерн. Имам тешка сезона, со оглед на повредата нормално е да бидам во таква ситуација. Во моментов се чувствувам подготвен и сакам да играм. Ќе се борам за своето место“, изјави Холанѓанецот.


Барса бара 65 милиони евра за трансфер на Рафиња

Бразилскиот репрезентативец, Рафиња минатото лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.

Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа. Со заминувањето на Дембеле, Рафиња требаше да биде стартер на десната крилна позиција, но не ги оправда очекувањата.

Клубовите од Премиер лигата ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуда во летниот за неговиот потпис.

Најсилен интерес за Бразилецот покажуваат Њукасл, Вест Хем и Тотенхем, а Барселона за неговата слобода бара 50 милиони евра.


Милан ја постави цената за Мајк Мењан

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

За него силен интерес покажуваат Баерн Минхен и ПСЖ, кои нема да жалаат пари на лето да го доведат во своите редови. Баерн Минхен во него гледа идеална замена за Ноер, кој е на залез на кариера и спрема богата понуда за Мењан на лето.

Меѓутоа, Милан сигурно нема лесно да се откаже од Французинот и за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Доколку некој клуб се согласи да ја плати оваа сума Мењан ќе стане најскапиот голман во историјата.


Педри и Де Јонг повредени во Билбао, ги чека пауза од неколку натпревари

Барселона одигра 0-0 на гостувањето кај Атлетик Билбао и загуби двајца од своите клучни играчи поради повреди. Играчите од средниот ред Френки де Јонг и Педри мораа да бидат повлечени од игра веќе во првото полувреме.

Холанѓанецот Френки Де Јонг беше заменет во 26. минута откако згазна на десната нога по дуелот со противничкиот играч, додека шпанскиот репрезентативец Педри во солзи го напушти теренот непосредно пред паузата поради можна повреда на десната нога. Ова е деветта повреда на мускулот што ја заработи 21-годишниот Педри од крајот на сезоната 2020/2021.

„Тажен ден е“, изјави тренерот на Барселона Чави Ернандез за телевизијата „Мовистар плус“. „Во текот на денот ќе знаеме повеќе за повредите на двајцата, но работите не изгледаат добро. Тоа што се случи нè погоди и двајцата веројатно ќе пропуштат неколку натпревари“, додаде Чави.