feature

Челзи во Молде го пронајде својот нов напаѓач

Челзи е многу блиску до ангажман на Давид Датро Фофана од Молде
во зделка вредна околу 10 милиони евра.
Челзи го договори првото засилување за зимскиот преоден рок, на
Стемфорд Бриџ пристигнува талентираниот Давид Датро Фофана, кој
често знае да биде ословен како „новиот Дрогба“.
Неколку извори пренесуват дека преговорите се во завршна фаза и
наскоро ќе пристигне официјална потврда за зделка вредна околу 10
милиони евра.
Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска има одлична сезона во
Молде со 21 погодок и 7 асистенции зад своето име.


Два италијански гиганти го сакаат Полјакот Кифор

Дефанзивецот на Специја, Јакуб Кифор игра одлично и го привлече вниманието на Милан и Јувентус. 22-годишниот Кифор минатата
сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во
Серија А и покажа дека е огромен потенцијал.
Тој одигра одлично и на Мундијалотл, па го привлече вниманието на
многу европски клубови, а најсилен интерес за него покажуваат
Милан и Јувентус.
Според медиумите „росонерите“ се во пол-позиција за полскиот
дефанзивец, но Јувентус исто така работи на трансферот.
Специја за слободата на Кифор бара 30 милиони евра, па останува да
видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.


Неизвесна иднината на Депај, Барса го стави на трансфер листа

Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона во зимскиот
преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми. Депај и ова лето
беше на излезна врата, но сепак остана во Барселона, каде не добива
голема минутажа и е во втор план. Поради тоа сака да ја промени
средината и побарал од Барселона предвремен раскин на договорот за
да замина во јануари.
Барселона сака да го пушти во јануари и за неговата слобода бара
само два милиони евра, но ниту еден од клубовите не сака да ја плати
таа сума.
Холанѓанецот ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, па
заинтересираните клубови бараат да го раскине договорот во јануари
и да го добијат неговиот потпис без обештетување.


Ел Келафи убеден дека Меси ќе остане во ПСЖ

Во недела следи големото финале на Мундијалот во Катар и во
последниот натпревар во битката за трофејот силите ќе ги одмерат
Аргентина и Франција.
Последниот натпревар во репрезентативната кариера го игра Лионел
Меси и негова голема желба е да ја заврши со светска титула. Меѓутоа
веднаш по завршувањето на Мундијалот главна тема ќе биде
иднината на Меси. Се шпекулираше дека може да го напушти ПСЖ,
дел од медиумите пишуваа и за враќање во Барселона, но првиот
човек на клубот од Париз ја смирува ситуацијата.
„Ќе разговараме со Меси по завршувањето на Светското првенство.
Тој е среќен во ПСЖ и мислам дека ќе остане со нас“, изјави Ал
Келаифи.


Манчестер Јунајтед не се откажува од ангажман на Гакпо

Англискиот весник Телеграф, пренесува дека Манчестер Јунајтед ќе направи се што е во нивна моќ за во јануарскиот преоден рок да ја ангажира холандската фудбалска ѕвезда Коди Гакпо.
23-годишниот офанзивец играше во одлична форма за ПСВ Ајндховен, но импресионира со своите настапи на Светското првенство во Катар. Според информациите, клубот од Олд Трафорд ќе му понуди 50 милиони евра на ПСВ за Гакпо, но таквата понуда веројатно нема да биде доволна, и се очекуваат тешки преговори помеѓу клубот и играчот.


Јувентус му нуди нов договор на Бразилецот Данило

Torino 07/08/2020 – Champions League / Juventus-Lione / foto Image Sport nella foto: Danilo Luiz da Silva

Тутомеркато објавува дека Јувентус ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Данило.
Бразилецот бил многу ценет од управата на „бјанконерите“ поради неговата професионалност и посветеност.
Во Италија пред неколку недели беше објавено дека неговото продолжување на договорот ќе биде само за една сезона, но тоа се промени. Сега Јуве планира да му понуди договор за уште две
сезони. Очекувањата се дека Данило ќе ја прифати понудата и ќе прифати да остане во Јувентус до 2026 година.


Роналдо ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија или Катар

Шпанскиот весник Ас, пренесува дека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, својата
кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија или во Катар.
Роналдо пред почетокот на Светското првенство во Катар, го раскина договорот со Манчестер
Јунајтед, и после елиминацијата на Португалија тренира во кампот на Реал Мадрид.
Иако Роналдо сака уште да настапува на врвно ниво, шпанскиот весник наведува дека ниту еден
клуб кој настапува во Лигата на шампиони не бил заинтересиран за негово доведување. Засега
најверојатни се две можности каде би заиграл Роналдо. Тоа се клубот Ал Наср од Саудиска
Арабија, и катарскиот Ал Сад.


Инфантино најави Светско клупско првенство како одговор за Суперлигата

Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА вчера на средба со
новинарите, потврди, дека од 2025 година ќе се практикува нов
формат на Светското клупско првенство.
Ќе учествуваат 32 клуба од сите континенти поделени во осум групи а
најдобрите два ќе продолжат во нокаут-фазата.
Тоа ќе донесе поголем профит за клубовите бидејќи наградниот фонд
е 150 милиони фунти. УЕФА претходно се огласи дека е против
новиот формат.


Протест на аргентинските навивачи во Доха

Навивачите на фудбалската репрезентација на Аргентина, организираа протест пред хотелот во
Доха, каде се сместени членовите на Аргентинскиот фудбалски сојуз, од кои бараат да им
помогнат во добивање на влезници за финалето на СП против Франција.
Стадионот Лусаил каде ќе се игра финалето на Мундијалот во Катар, прима 89 илјади гледачи, а
според наводите на медиумите, во Катар има повеќе од 30 илјади Аргентинци кои сакаат да
присуствуваат на финалето.
Влезниците за финалето кои вредат 750 долари, на црниот пазар се продаваат за 4 илјади долари.
Аргентинскиот сојуз се согласил да разговара со навивачите и да се најде решение за проблемот.


Давид Ферер нов капитен на шпанската Дејвис Куп репрезентација

Давид Ферер во наредните две години ќе биде капитен на шпанскиот
тим во Дејвис купот. Поранешниот светски рекет број 3 се повлече од
професионалниот спорт во 2019 година.
Ферер е трикратен победник на Дејвис купот – во 2008, 2009 и 2011
година како и финалист во 2012 година.
Шпанците догодина со „вајлд-карта“ ќе учествуваат во Дејвис Купот.