feature

Превц ја прелета Планица и постави светски рекорд

Slovenija, Planica 19.03.2015, 19. Marec 2015 Veliko obiskovalcev je danes obcudovala dolge polete na preiskusnji letalnice in kvalifikacijski tekmi Sport, skoki , Peter Prevc,PlanicaFoto:Ziga Zivulovic jr. /BOBO

Словенецот Домен Превц постави светски рекорд во натпреварувањето во ски скокови на скокалницата Планица. Летот, каков што досега не е виден, заврши со слетување на 254,5 метри, со што е поставен нов рекорд во должина на ски летови. Претходниот рекорд го држеше Стефан Крафт, кој пред осум години во Викерсунд прескокна 253,5 метри.

Рекордната должина на летот сепак не беше доволна за Превац да победи пред домашната публика. Словенците славеа победа на Анже Ланишек, кој со скоковите заработи два бода повеќе од второпласираниот рекордер. Третото место го освои Германецот Андреас Велингер.

„Го сакав тоа повеќе од сè друго. Не знам што се случи. Магично. Ако можеше да го направиш тоа на последниот скок во Планица… Ќе спијам добро денес, утре нема да ме разбудат шест будилници”, изјави победникот на Малиот глобус за вкупниот пласман на летот по скокот. Големиот го освои Австриецот Даниел Цофениг.

По првата серија веќе беше јасно дека ова ќе биде нова словенечка прослава откако Ланишек поведе пред Превац, а потоа словенечките летачи направија борба која тешко ќе се повтори.


Неочекувана тренерска смена во Мемфис

НБА лигашот Мемфис изненадувачки го отпушти тренерот Тејлор Џенкинс на само две недели пред крајот на регуларниот дел од сезоната и покрај одличниот ефект од 44 победи и 29 порази и петтото место во Западната конференција.

Откако ја презеде функцијата главен тренер на Мемфис во јуни 2019 година, 40-годишниот Џенкинс забележа скор од 250-214, а оваа сезона тимот направи огромен позитивен чекор напред откако минатата година имаше само 27 победи наспроти 55 порази.

Одлуката на клупското раководство да му врачи отказ на Џенкинс доаѓа по петте порази во последните седум натпревари.

„Навистина го ценам придонесот на Тејлор за овој тим и овој град во изминатите шест сезони. Ова беше тешка одлука, со оглед на постојаниот и опиплив развој на нашите играчи и севкупниот успех под негово водство. На Тејлор му посакувам сè најдобро во иднина“, претседателот и генерален менаџер на Мемфис, Зек Клајман.


Шпанија, Португалија и Мароко ќе организираат и женски Мундијал

Шпанија ќе се кандидира, заедно со Португалија и Мароко, за организација на Светското фудбалско првенство за жени во 2035 година. Трите земји ќе бидат домаќини на машкиот Мундијал во 2030 година, а шпанската фудбалска Федерација (РФЕФ) со најавената кандидатура за организација на СП во женска конкуренција се обидува да го подобри својот имиџ во јавноста откако беше критикувана за неспортски скандали.

„Нема подобар начин да го подобриме нашиот имиџ од организирање на најголемиот спортски настан во светот, како што е Светското првенство. Во моментов работиме на тоа“, изјави претседателот на РФЕФ, Рафаел Лузан.

Шпанија, заедно со Португалија и Мароко, исто така ќе биде домаќин на Светското првенство за мажи во 2030 година во нов натпреварувачки формат, во кој првите натпревари во групната фаза ќе се играат во Уругвај, Аргентина и Парагвај во знак на сеќавање на 100-годишнината од првото Светско првенство, кое се одржа во Уругвај во 1930 година.


Арсенал го претстави новиот спортски директор

Како и што се најавуваше, Арсенал го потврди ангажманот на Андреа Берта.

Во редовите на Арсенал Берта пристигнува по работата во Атлетико Мадрид каде што помина 12 години.

Со оглед на успесите кои ги имаше Атлетик о во последната деценија очекувањата од него во Лондон се големи.

„Навистина сум горд што ќе бидам дел од Арсенал, не чека возбудлив период. Арсенал е клуб со богата историја и напредуваа многу во последните години“, изјави Берта.


Нов проблем за Компани, се повреди и Јапонецот Ито

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Хироки Ито, претрпе серизона повреда на вчерашниот меч со Сент Паули и ќе мора да отсуствува од фудбалските терени подолг период, потврдија денес Баварците.

Тоа е нов удар за тренерот, Винсент Компани, кој од претходно остана без услугите на одбранбените играчи, Алфонсо Дејвис и Упамекано.

Според информациите, јапонскиот фудбалер ќе биде надвор од терените околу три месеци. Тоа го потврди и спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.


Ивановски го загуби финалето во Опатија

Иваносвки на турнирот одигра осум меча од кои три во квалификациите и пет на главен турнир и забележа седум победи. Во мечот за трофејот подобар од Ивановски денес беше домашниот тенисер и прв носител на турнирот Лука Микрут со 6-3 и 7-6(4).

Иваносвки на турнирот одигра осум меча од кои три во квалификациите и пет на главен турнир и забележа седум победи.

Ова за Ивановски е деветто финале во кариерата, а има пет турнирски победи, последната во 2023 година во австрискиот Крамсах, но поради повреда ја пропушти целата сезона во 2024 година.


Розе отпуштен, РБ Лајпциг ќе добие нов тренер

Марко Росе е разрешен од должноста главен тренер на РБ Лајпциг. Неговиот тренерски штаб составен од Александар Зиклер, Марко Курт и Франк Геидек исто така го напушти клубот.

Росе го водеше РБ Лајпциг на 125 натпревари. Под негово водство, РБЛ двапати се квалификуваше за Лигата на шампионите на УЕФА, го освои вториот трофеј во Купот на германија во историјата на клубот и ја прослави својата прва победа во Суперкупот.

Тој ја презеде улогата на главен тренер на РБ Лајпциг во септември 2022 година кога клубот се најде во тешка ситуација и му помогна на тимот да се врати на победничките патеки.

Пред тоа ги водеше Локомотив Лајпциг, РБ Салцбург, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд. Од Лајпциг најавија дека наскоро ќе соопштат кој привремено ќе ја преземе тренерската функција.


Сабаленка доминантно до трофејот во Мајами

Aryna Sabalenka of Belarus celebrates during the Miami Open tennis tournament, Thursday, Mar. 27, 2025, in Miami Gardens, Fla. (Tomás Diniz Santos/South Florida Stadium)

Светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, ја освои титулата на Местерс-турнирот во Мајами, откако во два сета ја совлада Американката Џесика Пегула со 7-5, 6-2.

Сабаленка по 89 минути оствари победа над четвртата тенисерка на ВТА листата. По три брејка на двете страни, Сабаланка ја искористи првата сет-топка во дванаесеттиот гем од првиот сет, на сервис на Пегула и поведе.

Во вториот сет, Пегула прва направи брејк, но Сабаленка одговори со брејкови во вториот, четвртиот и осмиот гем и стигна до победа. Белоруснката вечерва ја освои деветнаесеттата титула во кариерата, а осма на Мастерс-турнирите.

Машкото финале меѓу Ѓоковиќ и Меншик се игра в недела од 21:00 часот.


Чаби Алонсо и догодина ќе го води Баер Леверкузен

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес, стави крај на сите шпекулации околу иднината на тренерот Чаби Алонсо. Тој категорично потврди дека шпанскиот стратег ќе остане на кормилото на актуелниот германски шампион и следната сезона.

„Не, тој останува. Нема ништо друго. Тој ми кажа дека нема дилеми. Има договор со нас,“ изјави Ролфес по победата на Баер Леверкузен од 3-1 против Бохум.

Клубот од Леверкузен е во игра за нова титула во Бундеслигата и се подготвува за полуфиналето од Купот на Германија против Арминија Билефелд, што ќе се игра во вторник.

Во последниот период интензивно се зборуваше за можен камбек на Алонсо во Реал Мадрид. Сепак, Ролфес не гледа причина за загриженост.

„Во сите разговори што ги имавме за оваа и следната сезона, сме во постојана и отворена комуникација. Тоа е ситуацијата“, додаде Ролфес.

Алонсо го презеде Баер Леверкузен во октомври 2022 година и има договор со клубот до 2026. Иако минатото лето беше поврзуван со Баерн Минхен и Ливерпул, тој одлучи да остане и да ја продолжи успешната приказна со Фармацевтите.


Кендрик Нан и ПАО заедно до 2028 година

Кендрик Нан и Панатинаикос ќе ја продолжат соработката до летото 2028 година..

Според грчката СДНА, Панатинаикос ќе му плаќа на Нан 4,5 милиони евра по сезона и тој ќе стане најплатен играч во Евролигата.

Нан ќе остане во Атина уште три години, каде ќе заработи вкупно 13,5 милиони.

Поранешниот кошаркар на Мајами и Лос Анџелес Лејкерс оваа сезона игра неверојатно, моментално води во елитното натпреварување со просек од 20,3 поени.

Заедно со Саша Везенков и Ти Џеј Шортс, тој ќе биде главен кандидат за признанието МВП.