Тухел обелодени зошто не го повика Палмер

Селекторот на Англија повторно не го повика офанзивецот на Челси за натпреварите со Хрватска и Шпанија, испраќајќи му јасна порака дека местото во репрезентацијата мора да се заслужи.
Кол Палмер повторно не се најде на списокот на англиската репрезентација за претстојните натпревари во Лигата на нации, а селекторот Томас Тухел објасни зошто одлучил да го изостави еден од најквалитетните офанзивци во Премиер-лигата.
Англија на 12 ноември ќе ја пречека Хрватска на „Вембли“, додека три дена подоцна ќе гостува кај Шпанија во Мадрид. Палмер нема да биде дел од овие натпревари, иако во дресот на Челси повторно прикажува добри настапи.
Германскиот стратег смета дека фудбалерот на Челси премногу често ги пропушта можностите да се наметне во националниот тим, па одлучил да им даде предност на играчите кои беа дел од претходниот репрезентативен собир.
„Претпоставувам дека сите очајно сакаат да играат за Англија, а Кол не е исклучок. Но, важно е она што го правите кога сте во репрезентацијата. Минатиот пат реков дека тој пропушта премногу можности да се докаже“, изјави Тухел.
Селекторот нагласи дека неговата одлука не е лична и дека вратите на репрезентацијата остануваат отворени за Палмер.
„Ова не е лично. Никогаш нема да претпоставиме дека Кол нема желба да доаѓа и да игра за својата земја. Но, конкуренцијата е голема, а фудбалерите кои беа со нас на претходниот собир направија извонредна работа. Нив ја имаат нашата доверба“, објасни германскиот тренер.
Тухел воедно потврди дека е задоволен од атмосферата и работата во репрезентацијата, па нема намера да прави големи промени во групата која ги исполнила неговите очекувања.