Арсен Венгер ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Арсен Венгер сериозно размислува да влезе во трката за претседател на ФИФА и да му биде противкандидат на актуелниот претседател Џани Инфантино.

Според францускиот весник „Л’Екип“, Венгер би требало да се изјасни во средината на следната недела.

Во меѓувреме, се очекува да одржи неколку состаноци со луѓе кои го охрабруваат да се кандидира.

Неговото долгогодишно меѓународно искуство и угледот во фудбалот би можеле да му донесат поддршка од националните федерации

Со оглед на неговата возраст од 77 години, се шпекулира дека доколку биде избран, би останал на функцијата само еден четиригодишен мандат.