Реал ја освои „Местаља“, Валенсија без одговор за звездите

Реал Мадрид дојде до сигурна победа против Валенсија во 12. коло од шпанската Ла Лига со 3-0, иако нашиот репрезентативец Столе Димитриевски повторно беше одличен на голот.

Димитриевски без разлика што прими три гола беше убедливо најдобриот поединец на теренот кај домаќините и спречи вистински дебакл на својот тим, нешто што го направи многу пати од почетокот на актуелната сезона.

„Кралевите“ го отворија резултатот по нешто помалку од половина час игра кога Валверде испрати прецизен удар по една одбиена топка. Само осум минути подоцна Ѓулер се погрижи за 2-0. Со два гола предност Реал замина и на паузата.

Во вториот дел продолжи доминацијата на гостите, Димитриевски забележа неколку фантастични интервенции против кралските ѕвезди пред по третпат да биде совладан во 75. минута кога погоди Мбапе.