Јокиќ: Престанете со споредби, јас и Ембид сме добри пријатели
Никола Јокиќ, разговараше со медиумите и даде неколку интересни изјави, а особено внимание привлече коментарот за неговото ривалство со Џоел Ембид.
Двајцата центри постојано се основ за разни споредби и поделби во медиумите, но Јокиќ смета дека сето тоа е „непотребна драма која само носи штета за кошарката и НБА лигата“.
„Сите најубави работи во животот доаѓаат скоро неочекувано. Јас во период од неколку години успеав од Србија да стигнам во Денвер и да станам двократен МВП на НБА лигата. Тука има многу поединци што го изоделе истиот тежок пат кон успехот, а меѓу нив е и Џоел.
Медиумите создаваат непотребна драма која нема допирна точка со реалноста. Ние сме ривали само на паркетот. Го сметам за добар пријател и мислам дека тој го дели моето мислење. Мене овие драми не ми се важни, во моментов важен ми е само следниот натпревар“, изјави Јокиќ.
Ливерпул и Челзи петти пат во финалето на Лига Купот во последните дваесет години
Ливерпул и Челзи петти пат во финалето на Лига Купот во последните дваесет години
Ливерпул и Челзи по петти пат во последните 20 години ќе се сретнат во финалето на домашeн куп. „Сините и црвените“ ќе играат во одлучувачкиот натпревар за Купот на ЕФЛ (Карабао куп) на стадионот „Вембли“ на 25 февруари.
Да потсетиме, синоќа Ливерпул одигра нерешено на реваншот од 1/2 финалето на Лига купот против Фулам и обезбеди пласман во финалето. Челзи претходно го победи Мидлсброу со 6-1 во реваншот полуфинале и исто така го резервира своето патување на Вембли.
Ливерпул и Челзи претходно играа меѓусебно во финалињата на домашните купови во сезоните 2004/2005 (ФА Куп), 2011/2012 (ФА Куп), 2021/2022 (Англиски Лига Куп) и 2021/2022 (ФА Куп). Ливерпул досега го освоија Лига купот девет пати, што е рекорд на турнирите.
Кирјиос изненадувачки најави завршување на кариерата
Aвстралискиот тенисер, Ник Кирјос ги изненади љубителите на тенисот признавајќи дека е пред одлука да ја заврши кариерата.
Во својата последна колумна за „Еуроспорт“ каде што работи како коментатор на случувањата на Австралија Опен, Кирјос најави дека разгледувал можност да стави крај.
Тој се мачи со повреди и поради тоа го пропушти овогодинешниот Австралија Опен и сега е поблиску до одлука да се повлече од играњето тенис.
„На една крстосница сум во кариерата, дојдов до точка каде што почнав да размислувам за живот по тенисот.
Разговарав со менаџерот и тој ми кажа дека би можел да патувам низ светот и да заработувам од коментирање спорт, да правам интервјуа за ток-шоуа…Реалноста е дека дел од мене знае дека времето на теренот за мене можеби е и истечено и тоа е нормално“, изјави Кирјос.
Лазаревски потпиша договор до 2026 година со Вардар 1961
Милан Лазаревски ќе остане во Вардар најмалку до 2026 година откако и официјално го продолжи договорот со „црвено-црните“. Повеќекратниот македонски првак и репрезентативецот на Македонија соработуваат две години, а клубот беше задоволен од настапите и двете страни брзо се договорија за продолжување на верноста.
Лазаревски кој за две седмици ќе го прослави својот 24 роденден, сезонава е еден од предводниците во тимот, и со своите игри се наметна и во репрезентацијата на Македонија. Настапи на ЕП што сега се одржува во Германија, а каде Македонија играше во групната фаза.
Одличните игри, и во одбрана и во напад го ставија на пиедесталот како еден од најдобрите пивотмени во Македонија.
„Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар. Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи. Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице. Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна, вели Милан Лазаревски.
Клубот продолжува со задржување на играчите на кои смета и во иднина, со што костурот на тимот и во иднина ќе биде ист. Лазаревски е еден од неколкуте сегашни играчи што го продолжија договорот со Вардар.
“Големо е задоволството што успеавме да го задржиме Милан Лазаревски во нашиот тим, и покрај сите понуди што ги имаше од екипи од Европа. Тој покажа од самиот почеток на сезоната еден континуиран напредок и веќе е играч на кој може сериозно да сметаме, и ние и македонската репрезентација. Драго ми е што тој го препозна она што ние го работиме во клубот, и сигурен сум дека заеднички ќе ги оствариме сите наши зацртани цели за оваа сезона. Можам да потврдам дека 90 осто од играчите имаат догодишни договори, што укажува дека сакаме да бидеме стабилен тим и да го смениме сегашниот начинот на фукционирање на клубовите во Македонија, и Вардар да биде позитивен пример за градење на долгододишни проекти, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.
Во пролетниот дел од сезоната, во разигрувањето за титулата Вардар ќе стартува со три бода, и пред себе ќе има уште 14 кола, во обид за враќање на титулата, и за здржување на Куп титулата.
Димитриевски добива нов договор во Рајо Ваљекано
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред потпишување на нов договор со Рајо Валјекано.
Актуелниот договор на чуварот на мрежата истекува на крајот на оваа сезона, а Столе Димитриевски секако напомена дека прво ќе разговара со сегашниот клуб за продолжување на соработката.
„Ел Чирингито“ тврди дека Столе Димитриевски многу брзо ќе стави потпис на нов договор, а ќе добие зголемување на годишната плата.
Осимен најави трансфер во Англија ова лето
Виктор Осимен готово сигурно налето ќе се пресели во Премиер лигата.
Осимен неодамна стави потпис на нов договор со Наполи, но во него има откупна клаузула.
После лошата сезона на Наполи, Осимен јавно потврди дека е спремен да следен чекор во кариерата и дека има донесено одлука.
„Веќе ја донесов мојата одлука за следниот чекор што треба да го направам на крајот од сезоната. Веќе имам се јасно во мојот ум, веќе го имам мојот план. Знам што сакам да правам, следниот избор што сакам да го направам е веќе донесен. Премиер лигата е една од најголемите лиги во светот. Сакам да ја завршам сезоната со Наполи најдобро што можам и тогаш ќе дојде конечниот избор“, изјави Осимен.
Милан спремен да го откупи договорот на Лука Јовиќ
Лука Јовиќ ова лето пристигна во Милан на позајмица од Фиорентина, но „росонерите“ имаат опција да го задржат на крајот на сезоната.
Јовиќ лошо ја отвори сезоната, но како што одминуваше сезоната Србинот игра се подобро и моментално е во одлична форма.
Милан има опција во договорот да го задржи на крајот на сезоната без обештетување, бидејќи Јовиќ во Фиорентина пристигна како отстапен од Реал Мадрид.
Раководството на Милан е задоволно од неговиот учиник во тимот и е спремно да му понуди 3-годишен договор, па двете страни се блиску до договор.
Милан на лето сака да доведе врвен голгетер, а Јовиќ ќе остане како втора опција во нападот.
Тристап Томсон суспендиран 25 натпревари поради допинг
Тристан Томпсон се врати во Кливленд минатата година и ја започна својата втора етапа во франшизата со која ги имаше најголемите успеси, па иако нема баш некој посебен учинок оваа сезона, сега се најде во центарот на вниманието поради непријатна вест.
Томпсон паднал на последниот допинг тест откако било утврдено дека ги прекршил правилата на НБА лигата, па организацијата експресно му изрече суспензија од 25 натпревари.
Тристан нема да може да им помогне на своите соиграчи бидејќи бил позитивен на ибутаморен и лигандрол, супстанци кои обично се внесуваат во телото за добивање на мускулна маса и кои се познати во светот на бодибилдингот.
Американците избраа дрим-тим за олимпискиот турнир во кошарка
Кошаркарската федерација на САД го објави поширокиот список на играчи за Олимписките игри во Париз.
На него има 41 кошаркар, од нив треба да се извојат финалните, но од имињата кои се наоѓаат на листата застанува здивот.
Тука се сите големи американски ѕвезди од НБА лигата, од Леброн Џејмс, преку Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Каваи Ленард, Крис Пол, Тре Јанг, Стеф Кари, Жоел Ембид, до Џејсон Тејтум, Пол Џорџ, Џими Батлер.
Списокот ќе биде скратен во април, а оние 12 кои ќе настапат на Олимписките игри во Париз ќе се знаат по завршувањето на сезоната во НБА лигата.
Жоелингтон успешно опериран, се враќа на терените по четири месеци
Њукасл објави дека фудбалерот, Жоелинтон, имал операција на препоните. Бразилецот се повреди на натпреварот од ФА Купот против Сандерленд одигран на 6 јануари.
Хируршката интервенција беше успешна и фудбалерот ќе започне со процесот на опоравување. Се очекува тој да биде подготвен за настап во почетокот на мај. Одличниот играч за врска пристигна во Њукасл во 2019 година.
Тој има 23 настапи со 3 гола и исто толку асистенции. Договорот на Бразилецот со клубот од „Сент Џејмс Парк“ е до 2025 година.