Габиа верен на Милан, дефанзивецот потпиша до 2029 година
Фудбалерот на Милан, Матео Габија, го продолжи договорот до летото во 2029 година. Покрај тоа, платата на 25-годишниот играч ќе биде двојно зголемена на 2,2 милиони евра по сезона.
Габија за првиот тим одиграл вкупно 83 натпревари со 5 гола и 1 асистенција. Во тековната сезона, дефанзивецот има седум натпревари но, мораше да ги пропушти последните четири на „росонерите“ поради повреда.
Габија веројатно ќе игра на викенд-дербито со Јувентус.
Јончевски: Убеден сум дека ќе извлечеме поука од овој пораз
Селекторот на нашите кошаркари, Александар Јончевски, го анализираше поразот од Литванија во квалификациите за Европското првенство.
„Се боревме, но лошо го отворивме мечот, игравме под притисок. Литванија влезе со машка игра која судиите ја толерираа што ни беше многу чудно. Кога сфативме како треба да играме, ја намаливме разликата, но тоа не беше доволно“ – вели Јончевски.
„Го променивме начинот на игра во одбраната, тоа се покажа како правилен потег. Ќе го анализираме натпреварот и ќе извлечеме поуки. Ќе видиме што треба да се подобри“ – изјави селекторот Јончевски по натпреварот.
Македонија немоќна во првиот квалификационен дуел со Литванија
Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија во Скопје со 67-82 и го запиша вториот пораз во третиот натпревар во рамки на групата Х во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.
Во отсуство на неколку клучни играчи кои поради обврски во Евролигата и повреди не можеа да му бидат на располагање на селекторот Александар Јончевски, македонската репрезентација беше немоќна да ѝ се спротивстави на Литванија и со вториот пораз во групата значително ги намали шансите за пласман на Евробаскетот.
Најефикасен во македонските редови беше Кристијан Николов со 18 поени.
Македонија в недела ѝ гостува на Литванија пред двата завршни евроквалификациски дуели, против Естонија на гостински и Полска на домашен терен во февруари идната година.
СподелиFacebookTwitterLinkedInPinterestSkypeСподели преку Е-маилИспринтај
Најавите добија потврда: Гвардиола уште две сезони во Сити
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го продолжи договорот со клубот на уште две години.
Договорот на шпанскиот тренер би истекол на крајот од оваа сезона, но по потпишувањето на нов, Гвардиола ќе остане во Манчестер 11 сезони.
Тој го презеде Сити во 2016 година и освои 18 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
“Манчестер Сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона. Доживеавме толку многу неверојатни моменти заедно. Имам навистина посебно чувство и затоа сум многу среќен што останувам уште две сезони”, изјави Гвардиола за веб-страницата на клубот.
Тој го предводеше тимот до четири последователни титули во Премиер лигата, што е рекорд во лигата, како и до тројната круна во 2023 година, односно три трофеи во една сезона – титулата во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот.
„Го кажав ова многу пати досега, но имам сѐ што еден тренер би можел да посака и го ценам тоа многу. Се надевам дека можеме да додадеме уште трофеи на оние што веќе ги освоивме. Тоа ќе биде мојот фокус“, додаде Гвардиола.
Најдолго остана во Сити како тренер, откако работеше четири години во Барселона и три во Баерн Минхен.
Рома застана во редот за Ендрик од Реал Мадрид
Конкуренцијата во нападот на “кралевите“ е голема, тука се Мбапе, Винисиус, Родриго, но сепак се очекуваше младиот Бразилец Ендрик да добие адекватна шанса.
Шпанските медиуми пишуваат дека Ендрик би можел во јануари да го напушти Мадрид и да се пресели во друг тим каде што ќе има поголема минутажа.
Саутемптон покажува интерес, но сега во трката се вклучи и Рома, која веќе работи на трансферот и е фаворит за потписот.
Леброн Џејмс се одјави од социјалните мрежи
Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, објави дека нема да одржува акаунти на социјалните мрежи, каде има вкупно 212 милиони претплатници.
„АМИН! И во исто време, ве поздравувам сите! Засега ги напуштам социјалните мрежи. Секој се грижи за себе“, напиша Леброн.
Триесет и деветгодишниот Американец беше критикуван на интернет по победата на Лејкерси над Јута со 124:118 во вторникот.
– Има толку многу омраза и негативност во светот денес што не разбирам зошто многу спортски медиуми сè уште веруваат дека најдобриот начин за покривање на спортот е од негативна перспектива. Лично, мислам дека сето ова е губење време, објави Рич Клајман, агентот на Леброн, на својата страница на социјалните мрежи Икс.
Ајнтрахт ја одреди цената за Омар Мармуш
Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, кого го бараат Баерн Минхен, Барселона и Ливерпул, според весникот „Билд“ е проценет на 42-50 милиони фунти.
Ајнтрахт ќе искористи дел од цената за да донесе замена, а главен фокус ќе биде офанзивниот играч за врска на Рен, Арнауд Калимуендо.
Мармуш (25) е во неверојатна форма, а трансфер во Ливерпул е негова лична желба, со тоа тој би можел да го замени својот соиграч од Египет, Мохамед Салах. Се уште не е јасно дали од Ливерпул ќе направат потег за потенцијално да го ангажираат.
Мармуш има извонредни 11 гола и 7 асистенции на 10 натпревари оваа сезона во Бундеслигата.
Хуан Мата стана косопственик на Вестерн Сиднеј Вондерерс
Шпанскиот фудбалер, играчот од средниот ред на австралискиот Вестерн Сиднеј Вондерерс, Хуан Мата, стана еден од ко-сопствениците на американскиот тим Сан Диего. Ова го објави официјалниот сајт на клубот.
Фудбалскиот клуб Сан Диего најавува големо засилување во сопственичката структура на клубот, а како партнер ќе се приклучи шпанската фудбалска легенда и светски шампион Хуан Мата.
„Мата е првиот активен интернационалец кој поседува сопственички интерес во фудбалската лига (МЛС) и му се придружува на Дејвид Бекам како само втор интернационалец кој станал сопственик на клуб од МЛС лигата“, се вели во соопштението на ФК Сан Диего.
Вест Хем упати ултиматум за тренерот Лопетеги: Две победи или отказ!
Претстојните натпревари на Вест Хем против Њукасл и Арсенал ќе ја одредат судбината на менаџерот на „чеканите“, Хулен Лопетеги.
Поранешниот тренер на Реал беше назначен летото на местото на Дејвид Мојс, но тимот оствари само три победи во првите 11 кола од шампионатот и е на пет бода од зоната за испаѓање, што не ги исполнува очекувањата на управата и навивачите.
Според „Гардијан“, за време на паузата за националните тимови, клубот разговарал за опции со потенцијални замени за Лопетеги. Изданието ги спомнува имињата на Един Терзиќ (поранешен тренер на Борусија Дортмунд), Каспер Јулманд (поранешен селектор на Данска), Роџер Шмит (поранешен тренер на Бенфика) и тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес. Првите тројца се невработени. Сè уште е достапен и Греам Потер, но според „Гардијан“, поранешниот менаџер на Челзи не е меѓу кандидатите.
Раководството повеќе сака Лопетеги да ги подобри резултатите и да не мора да го менува менаџерот, но евентуалните два порази во следните два натпревари, кои воопшто не се лесни, би можеле да значат и крај на престојот на Шпанецот во Лондон.
Италија суверено го освои „Били Џин Купот“
MALAGA, SPAIN – NOVEMBER 20: Team of Italy lift the Billie Jean King Cup trophy during the trophy presentation on Billie Jean King Cup Finals at Palacio de Deportes Jose Maria Martin Carpena on November 20, 2024 in Malaga, Spain. (Photo by Angel Martinez/Getty Images for ITF)
Репрезентацијата на Италија е победник во купот „Били Џин Кинг“.
За Италија ова е петти трофеј во натпреварувањето. Претходно победи во 2006, 2009, 2010 и 2013 година.
Италија синоќа во Малага стана шеста земја која го освоила турнирот најмалку пет пати. Се израмни со Русија и Шпанија. Повеќе трофеи имаат само Австралија (7), Чешка (11) и САД (18)
Во финалето Италија ја совладаа Словачка. Во годинешниот победнички тим беа Јасмине Паолини, Луциа Бронзети, Елизабета Кокиарето, Сара Ерани и Мартина Тревисан.