feature

Тренерот на Сао Паоло е нов селектор на Бразил

Доривал Јуниор е новиот селектор на Бразил, потврди Сао Паоло, клубот со кој искусниот стручњак го раскина договорот.

Нашиот клуб го најавува заминувањето на тренерот Доривал Јуниор, кој побара раскин на договорот за да ја преземе бразилската репрезентација“, беше објавено на сајтот на Сао Паоло. Се очекува официјално соопштение од бразилскиот фудбалски сојуз и објавување на деталите од договорот, кој според медиумите ќе биде потпишан до летото 2026 година.

ФС Бразил го отпушти Фердинанд Диниз поради лошите резултати на тимот во претходните месеци.

По шест одиграни кола во квалификациите за Светското првенство, Бразил освои само седум бода и е на шестото место, последно кое гарантира директна виза за СП во 2026 година.

Доривал Јуниор во својата богата тренерска кариера ги предводеше речиси сите бразилски гиганти – Фламенго, Палмеирас, Сантос, Флуминенсе, Васко де Гама, Крузеиро, Интернационал…


Пекелер замина во репрезентативна пензија

Кружниот напаѓач на Кил, Хендрик Пекелер, официјално ќе стави крај на репрезентативната кариера.

Пекелер нема да игра на претстојното Европско првенство, а ќе се збогува со бундес тимот на вториот пријателски натпревар со Португалија.

Во моментов е член на Кил, а во претходно играше за три бундеслигашки клуба – Бергишер, Лемго и Рајн Некар Левен.

Селекторот Алфред Гисласон на линијата од шест метри ги има на располагање Гола, Колбахер и Фишер.


Савиќ по осум години заминува од Мадрид

Црногорскиот фудбалер Стефан Савиќ по осум успешни години е пред заминување од Атлетико. Поранешниот играч на Партизан, Манчестер сити и Фиорентина оваа сезона падна во втор план кај тренерот Чоло Симеоне и одигра само 972 минути во сите натпреварувања.

Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче инсистира на трансферот на официјално најдобриот црногорскиот фудббалер во 2023 година.

Дека Атлетико е подготвен да се раздели со Савиќ покажува и податокот дека клубот за него нема да бара обесштетување.


Крис Пол заработи скршеница на раката, го чека нова пауза од терените

Кошаркарот Крис Пол и во минатото имаше скршеници кои го оддалечуваа од НБА паркетите, но најновата скршеница на раката беше навистина чудна.

Во една ситуација кога изгледаше навистина безопасна, Крис Пол само се фати за раката по дуелот со Ајви и без да бара дозвола веднаш замина кон соблекувалната.

По крајот на мечот кој заврши 113-109 за жал пристигна потврда дека станува збор за фрактура на левата рака, па најверојатно Пол ќе мора да мине низ нова операција.


Перковац без Шарац и Мандиќ на ЕП во Германија

Репрезентацијата на Хрватска непосредно пред ракометното Европско првенство остана без две имиња во ростерот.

Селекторот Горан Перковац е принуден на измени, бидејќи од комбинација за настап отпаднаа Давид Мандиќ и Јосип Шарац.

Крилото на загрепчани имаше запазена улога во репрезентацијата, па тоа е веројатно поголем удар за Хрватите, додека Шарац беше дел од ротацијата во бековската линија.

Хрватите на Европското првенство ќе играат во група со Шпанија, Австрија и Романија.


Грецки се повреди, нема да настапи на ЕП во ракомет

Домаќинот на Европското првенство во ракомет Германија, остана без еден од најискусните ракометари во тимот.

Десното крило Патрик Грецки, кој беше дел од репрезентацијата што стана шампион на ЕП 2016, нема да настапи на овој континентален собир.

Тој на дуелот со Португалија ја обнови повредата на стопалото и за жал нема да им помогне на своите соиграчи.


Велшки Кардиф се вклучи во трката по Барди

Кардиф, кој се натпреварува во Чемпионшип, би можел да биде нова дестинација на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Како што стојат работите, Барди оваа зима најверојатно ќе го напушти Трабзонспор со оглед на тоа дека е ставен на трансфер листата.

Опцијата која се споменува во турските и островските медиуми е дека Кардиф ќе го доведе Барди на позајмица до крајот на сезоната, но не е познато дали би постоела клазула за обврска за откуп.Во овој момент тренер на Кардиф е турскиот стратег Ерол Булут.

Се поврзуваше Барди и со Унион Берлин од Бундеслигата, но од тоа веројатно нема да има ништо.


Фенер започна преговори со Антони Марсијал

Фенербахче е во напредни преговори со  напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа кај Тен Хаг.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари, а Фенербахче испратил понуда од 7 милиони евра.

Марсијал веќе дал зелено светло за трансферот, а двата клуба се во напредни преговори и се очекува наскоро да постигнат договор.


Мацоки од Салернитана претставен во Неапол

Наполи го објави трансферот на дефанзивецот на Салернитана, Пасквал Мацоки.

Оваа сезона 28-годишниот фудбалер одигра 18 натпревари во италијанското првенство без да постигне гол. Авторитетниот онлајн портал Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на Мацоки на 4 милиони евра.

Мацоки потекнува од екипата на Верона. Фудбалерот играше за Салернитана од 2022 година. Италијанскиот дефанзивец претходно во својата кариера настапуваше за тимови како Парма, Перуџа, Венеција и Римини. 

По 18 кола во Серија А оваа сезона, Наполи е на осмото место на табелата со 28 бодови. Во следниот натпревар од домашното првенство, Наполитанците ќе играат на гости кај Торино.


Мигел Гутиерез прв пик на Манчестер Јунајтед оваа зима

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Џирона, Мигел Гутиерез, објави весникот „Сан“. 

Според истиот извор, во изминатите неколку недели, скаутите на „црвените ѓаволи“ постојано присуствувале на натпреварите на Џирона на кои учествувал 22-годишниот фудбалер. 

Се нагласува дека Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледува опцијата да го придобие Гутиерез во текот на актуелниот преоден рок. На Манчестер Јунајтед му треба засилување на позицијата лев бек откако Серхио Регилон го напушти клубот.

Да потсетиме, оваа сезона дефанзивецот на Џирона учествуваше на 20 натпревари на сите турнири, на кои постигна еден гол и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 20 милиони евра.