feature

Баерн Минхен во контакт со Халанд

Угледниот весник „Билд“ дојде до информација дека спортски директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ имал средба со Ерлинг Халанд и му го претставил планот на Баерн за него. Според весникот средбата била одржана во домот на Салихамиџиќ.

Иако медиумите ширум светот веќе го гледаат норвешкиот напаѓач во синиот дрес на Манчестер Сити, но очигледно дека Баерн Минхен не се откажува од можноста за доведување на напаѓачот.

Дополнителна предност за ангажман на Халанд е потенцијалното заминување на Роберт Левандовски во Барселона.


Борусија Дортмунд пред потпис со Нико Шлотербек

После доаѓањето на Никлас Зуле од Баерн Минхен новиот спортски директор на Борусија Дортмунд Себастијан Кел завршил уште еден летен трансфер. Нов фудбалер на вицешампионот на Германија ќе биде фудбалерот на Фрајбург, стоперот Нико Шлотербек, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Младиот стопер игра одлично оваа сезона во Фрајбург и стигна до репрезентацијата на Германија. Борусија ги следеше неговите настапи и одлучи да го доведе на „Вестфален“. Преговорите се воделе неколку месеци, а наскоро се ќе биде официјализирано.

Очекувањата се Борусија да плати 30 милиони евра за 22-годишниот фудбалер.


Јирген Клоп потпишува нов договор со Ливерпул

Англискиот спортски портал „Атлетик“, дава ексклузивна објава дека Јирген Клоп потпиша нов договор со Ливерпул , со кој ќе остане во клубот до 2026 година.

Актуелниот договор на тренерот беше потврден во декември 2019 година со важност до 2024 година. Наскоро се очекува и официјална објава на веста.

Германскиот стручњак веќе седма сезона ги предводи „црвените“, а за тоа време тимот го доведе до триумф во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Во актуелната сезона Ливерпул веќе го освои Лига купот, се наоѓа во финалето на ФА Купот, се бори со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата, и е на чекор од финалето на Лигата на шампионите.


Рафиња од Лидс ќе биде првиот летен трансфер на Барса

Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Барселона во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Шпанија.

25-годишното десно крило Рафиња игра фантастично во Лидс и веќе е стандарден бразилски репрезентативец.

Бразилецот го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Ливерпул.

Меѓутоа, тој преферира преселба на „Камп Ноу“ и најновите информации се дека постигнал договор со Барселона.


Лапорта: Реновираниот „Камп Ноу“ ќе биде најдобриот стадион во светот

Претседателот на фудбалскиот гигант Барселона, Жоан Лапорта официјално го објави договорот за реновирање на „Камп Ноу“. 

Лапорта изврши детално претставување на проектот, зборувајќи за тоа како ќе се одвива работата на него, како ќе се финансира, кога и колку време тимот ќе игра на Олимпискиот стадион Монжуик.

„Во јуни ќе започнеме со реновирање на стадионот. Можеме да кажеме дека ова ќе биде најголемиот, најиновативниот и најатрактивен спортски центар лоциран во еден град“, изјави Лапорта.

Во сезоната 2024/25 капацитетот на Камп Ноу ќе биде приближно 50%, а во сезоната 2025/26 работата околу комплетното реновирање ќе биде завршена.


Барселона ќе пазари во Милан

Весникот „Ас“ тврди дека фудбалскиот клуб Барселона е заинтересирана за дефанзивецот на Милан, Алесио Ромањоли.

Претставници на Каталонците веќе неколку пати ја следеле неговата игра во живо и се одлучиле за преговори со италијанскиот клуб. Тренерот Чави смета дека Ромањоли може да биде одличен избор за централен дефанзивец.

Договорот на играчот и Милан истекува во јуни. Тој може да се пресели во друг клуб како слободен играч. 27-годишниот фудбалер оваа сезона одигра 25 натпревари и постигна еден гол.


Марк Нобл од Вест Хем ја завршува кариерата

Играчот на Вест Хем Јунајтед, Марк Нобл ќе ја заврши својата кариера и покрај шансите екипата следната сезона да се пласира во Лигата на шампионите. 

Фудбалерот од средниот ред е во екипата од 2004 година и стана легенда на клубот. Капитенот на „чеканите“ има голема заслуга за пласманот на тимот во полуфиналето од Лига Европа.

„Дали освојувањето на трофејот во Лига Европа ќе ме натера да се предомислам? Не. Тоа е мојот искрен одговор. Таков крај би бил повеќе од посебен. Ако се случи тоа, ќе бидам многу среќен. Ќе можам да дојдам и да гледам натпреварите од Лигата на шампионите, а покрај мене ќе го имам и пехарот во Лига Европа“, изјави 34-годишниот Нобл за медиумите.


Германец ќе ја води Бенфика од следната сезона

Бенфика постигна начечен договор со германскиот стратег Роџер Шмит. Договорот меѓу двете страни се уште не е финализиран, но се очекува тоа да биде завршено во наредните денови.

Германскиот стратег се етаблираше во Салцбург и Баер Леверкузен, а од 2020 година го предводи ПСВ Ајндховен и неговиот договор со холандскиот клуб истекува на крајот на сезоната.

На крајот на декември Бенфика го отпушти португалскиот тренер Жорж Жесус, кого привремено го замени Нелсон Верисимо.


Фалкао добива нов договор во Рајо Ваљекано

Радамел Фалкао ќе потпише нов договор со Рајо Ваљекано, пренесуваат локалните медиуми.

Важечкиот договор на Фалкао истекува на крајот на сезоната, а бидејќи и двете страни се задоволни од соработката таа ќе биде продолжена на уште една година. Според информациите клубот наскоро треба да го соопшти официјализирањето на новата соработка.

Оваа сезона Фалкао го мачат повредите, но по дебито за екипата каде што брани Столе Дмитриевски постигнува пет гола во 334 одиграни минути, односно по еден на секој час. Последен пат во листата на стрелци се запиша на 21 ноември од тогаш на теренот променливо собра 20 натпревари.


Рио Фердинанд: Алкантара сакаше да игра за Манчестер Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, открива дека Тиаго Алкантара сакал да се пресели на Олд Трафорд пред неговиот трансфер во Ливерпул во 2020 година.

Од Ливерпул за него му платија 22 милиони евра на Баерн Минхен, а потоа Шпанецот со бразилски корени стана еден од најважните играчи во играта на Јирген Клоп.

„Тиаго е еден од играчите од средниот ред кои најмногу се истакнуваат во последните недели и месеци. Тој е во навистина топ форма“, изјави Фердинанд.

Според Рио, Тиаго е совршен пример за фактот дека и на најдобрите играчи и тренери им треба малку време да се прилагодат на фудбалот во Премиер лигата.