feature

Милан го враќа Бонучи во Серија А?

Изненадување на повидок: Бонучи во Серија А, но не во Рома?!

Леонардо Бонучи во последниот период често се поврзуваше со екипата на Рома, но сега од Италија пристигнуваат нови информации.

Наводно, како опција за Бонучи се појавил Милан. „Росонерите“ имаат проблеми со дефанзивците и остаанаа без Фикајо Томори во следните два месеци, а во јануари нема да го имаат на располагање Малик Тиао, додека Пјер Калулу ќе отсуствува до крајот на февруари.

Поради тоа на Милан му е потребен искусен дефанзивец, а нема дилеми дека Бонучи е токму таков.

Бонучи по долги години во Јувентус во сезоната 2017/2018 играше за Милан, но по само една сезона се врати во Јувентус. Интересно е што Бонучи во минатото од 2006 до 2009 година играше и за Интер.


Играње во Суперлигата ќе значи исклучување од Серија А

Неодамна бурни реакции во јавноста предизвика одлуката за Суперлигата на Европскиот суд кој пресуди во корист на иницијаторите за формирање на вакво натпреварување. Европскиот суд и забрани на УЕФА да ги санкционира клубовите, меѓутоа и во таква ситуација се појавуваат препреки за оние кои би учествувале.

Во одбрана на УЕФА застанаа домашните натпреварувања, а сега од Италијанската федерација пристигнала порака до клубовите дека не смеат да размислуваат на Суперлигата.

Имено, Фудбалската федерација на Италија донела одлука секој клуб кој ќе учествува во Суперлигата да биде исфрлен од Серија А.

Италијанската Федерација не дозволува клубовите да се приклучуваат на ниту едно друго натпреварување кое е не под капата на УЕФА и ФИФА.


Баерн се интересира за Мењан од Милан

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

За него силен интерес покажуваат Баерн Минхен и ПСЖ, кои нема да жалаат пари на лето да го доведат во своите редови. Баерн Минхен во него гледа идеална замена за Ноер, кој е на залез на кариера и спрема богата понуда за Мењан на лето.

Меѓутоа, Милан ќе направи се за да го задржи 27-годишниот голман и веќе му спреми нов договор.

Баварците наводно се спремни да понудат 80 милиони евра, сума која Милан тешко ќе може да ја одбие.


Австралија Опен го зголеми наградниот фонд за 13%

Наградниот фонд на Австралија Опен е зголемен за 13% и изнесува 59.1 милиони долари, објавија денеска организаторите на првиот сезонски грен – слем турнир кој почнува на 14 јануари во Мелбурн.

„Го зголемивме наградниот фонд за секое коло на Австралија Опен, со големи зголемувања во квалификациите и воведните рунди во поединечна конкуренција и во двојки. Клучно за продолжување на успехот на Австралија Опен е најдобрите играчи во светот да добијат соодветен надомест, бидејќи знаеме дека тоа на тенисерите им овозможува инвестирање во сопствените кариери и во многу случаи им помага во остварување на успех во текот на целата сезона“, изјави директорот на грен – слем турнирот во Мелбурн, Крег Тилеј.

Настапот во првото коло на тенисерите ќе им донесе награда од 82.000 долари, додека победниците во машка и женска конкуренција ќе инкасираат по 2.1 милиони долари.

Во квалификациите на женскиот турнир ќе настапи и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.


Овен: Белингем никогаш нема да биде како Џерард и Лампард

Џуд Белигам ова лето се пресели во Реал Мадрид и веднаш се промовираше во лидер на тимот  на „кралевите“.

Белингам игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери на светот.

Сепак, легендарниотр Мајкл Овен смета дека Белингам никогаш нема да биде класа како Џерард и Лампард.

„Дури и ако ги освои ЛШ, Ла Лига и ЕУРО 2024, нема да биде како Џерард или Лампард. Едноставно Белингем не е на нивното ниво. Да, може да дојде до `Златната топка` ако ги освои сите овие трофеи, но никогаш нема да биде иста класа како Џерард и Лампард“ истакна Овен.


Иско стави потпис на договор до 2027 година соо Бетис

Бетис изминатово лето реши да му даде шанса на Иско и му понуди пробен едногодишен договор, но клубот од „Бенито Виламарин“ сега спреми нов договор.

Имено, Бетис денес потврди дека му понуди нов договор на Иско до 2027 година.

Шпанецот сезонава одигра 23 натпревари за клубот од Севиља и постигна три гола и си обезбеди нов договор.


Антонио Силва од Бенфика е прв пик на Анчелоти по повредата на Алаба

Реал Мадрид покажува силен интерес за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.

Станува збор за 20-годишен централент дефанзивец, кој игра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Реал Мадрид е во потрага по квалитетен дефанзивец и ќе се обидат да го донесат Португалецот во јануари.

Тој веќе е стадарден и во португалската репрезентација, а скаутите на европските гиганти се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.

Силва има договор со Бенфика до 2027 година, а португалскиот клуб за неговата слобода бара 80 милиони евра, па на Реал нема да му биде лесно да го донесе во своите редови.


Де Геа преговара со Њукасл, експресно може да се врати во Англија

Tимот на Њукасл остана без својот прв голман Ник Поуп, па во јануари сака да доведе негова замена.

Оваа повреда всушност е обновување на истата која ја имаше во 2018 година и поради која мораше да паузира половина година. Според информациите изборот паднал на Давид Де Геа кој се уште е без ангажман откако замина од Манчестер Јунајтед.

„Чавките“ веќе започнале преговори со агентот на Шпанецот и се спремни да ги задоволат неговите финансиски барања.

Де Геа е слободен агент и иако има многу понуди, тој е спремен да се врати во Премиер лигата.


Џошуа Кимих прва опција во следниот преоден рок за Гвардиола

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, пренесуваат англиските медиуми.

Кимих има договор со Баерн до 2025 година, а следното лето ќе влезе во последната година и нема најави за негово продолжување.

Поради тоа Баерн Минхен е спремен да го продаде на крајот на сезоната и веќе ја одредил цената. „Билд“ пренесува дека за неговата слобода Баварците бараат 75 милиони евра. Гвардиола одлично го познава Германецот и верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот тим.

Поради тоа го посочил Кимих како примарна трансфер цел во летниот преоден рок.


Диого Коста и Мајк Маињан највредни голмани на денешницата

Интернет порталот Трансфермаркт ја претстави листата на десетте
најскапи голмани во светот врз основа на ажурирањата на трансфер
вредноста на играчите.
Топ 10 најскапи голмани во светот:

  1. Диого Коста (Порто, 45 милиони евра)
  2. Мајкк Маињан (Милан, 45 милиони)
  3. Џанлуиџи Донарума (ПСЖ, 40 милиони)
  4. Грегор Кобел (Борусија Д, 40 милиони)
  5. Андре Онана (Манчестер Јунајтед, 40 милиони)
  6. Едерсон (Манчестер Сити, 40 милиони)
  7. Давид Раја (Арсенал, 35 милиони)
  8. Јан Облак (Атлетико М, 35 милиони )
  9. Марк-Андре тер Штеген (Барселона, 35 милиони )