feature

Дурант сонува да заигра во Европа

Познато е дека Кевин Дурант ја сака Евролигата. Овој пат, неговиот
поранешен соиграч, Едмонд Самнер, кажа за него дека би можел да ја
заврши кариерата во најсилното европско натпреварување.
По потписот со Жалгирис, Самнер изјави дека се надева дека
шампионот во НБА ќе дојде на стариот континент.
„Можеш да скокнеш, човеку. Ми се допаѓа КД. Тој е одличен соиграч
и одлична личност. Се надевам дека ќе пристигне. Секогаш вели дека
кога ќе заврши со НБА, сака да дојде овде и да игра. Па да видиме
дали навистина ќе се случи тоа. Но, јас верувам во тоа, бидејќи тој
едноставно ја сака оваа игра“, изјави Самнер.


Алвеш ризикува затворска казна од 12 годии

Побарана е максимална казна од 12 години затвор за поранешната
бразилска фудбалска ѕвезда Дани Алвеш, обвинет за сексуален напад.
Алвеш ќе се соочи со судење за наводен напад на жена во ноќен клуб
во Барселона на 30 декември. Истражниот судија во август му
поднесе обвинение, а судот тогаш изјави дека има доволно докази за
судењето кое се очекува следната година.
Поранешниот дефанзивец на Барселона ги негираше обвинувањата и
од јануари е во притвор.
Обвинителите, исто така, побараа Алвеш да и плати отштета од
150.000 евра на жртвата и да му се забрани каков било контакт со неа
во следните десет години. Тие исто така сакаат Алвеш да остане под
надзор една деценија по отслужувањето на затворската казна.
Сите барања за кауција на Алвеш беа одбиени бидејќи судот сметаше дека постои ризик од негово бегство.


Ѓоковиќ заработи убедливо најмногу меѓу тенисерите во 2023 година

Новак Ѓоковиќ е прв според заработувачката само од тениски турнири
за 2023 година. Србинот е убедливо прв на листата, со над 5 милиони
долари повеќе од Карлос Алкарас. Тука не се пресметани парите од
спонзорите.
Новак благодарение на резултатите на тениските терени, годинава
инкасирал 15.936.097 долари. Втор е Алкарас со 10.753.431, а трети е
Данил Медведев со 9.239.679 долари.
Севкупно гледано, Ѓоковиќ во кариерата заработил околу 180
милиони долари само од тенисот, па следната година или во 2025,
може да ја прејде и границата од 200 милиони.


Торино го носи Албанецот Броја во Серија А

Италијанскиот фудбалски состав Торино ќе се обиде да дојде до
потписот на напаѓачот на Челзи, Армандо Броја доколку Немања
Радониќ си замине во текот на зимскиот трансфер период, објави –
„Тутоспорт“.
22-годишниот Албанец од почетокот на сезоната не може да се избори
за стартно место на „Стемфорд Бриџ“ и затоа ќе добие зелено светло
да ја промени средината.
Тој има еден гол и една асистенција на седум мечеви во сите
конкуренции.


Роналдињо: Навивам Мбапе да ја освои „Златната топка“

Роналдињо се вклучи во дебатата за тоа кој би можел да биде
следниот добитник на „Златната топка“. Некогаш најдобриот играч на светот навива за Килијан Мбапе.
Поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ за АФП изјави дека Мбапе
„може да ја освои Златната топка со кој било тим“, но сепак има една
желба.
„Го сакам ПСЖ и би сакал тоа да го направи со нив. Тој ми е добар
пријател и многу добар играч. Ми се допаѓа неговиот стил на игра.
Логично, освојувањето на големи турнири ќе му помогне да го освои
овој трофеј“, изјави Бразилецот за АФП.
Килијан Мбапе го зазеде третото место во последниот избор, зад
рекордерот Лионел Меси и Ерлинг Халанд. Оваа сезона Мбапе
постигна 18 гола на 18 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ.


Баерн и Унион Берлин добија нов термин за одложениот натпревар

Натпреварот од 13. коло во германското првенство меѓу Баерн Минхен и Унион Берлин на Алијанц Арена ќе се одигра на 24 јануари. Натпреварот требаше да се одигра на 2 декември, но Бундеслигата одлучи да го откаже и одложи поради обилните снежни врнежи.

По 12 кола во германскиот шампионат, Баерн има 32 бода и моментално е на второто место. Од друга страна, по ист број на натпревари во Бундеслигата, Унион Берлин освои седум бода и се наоќа на 18. место. 

Баер Леверкузен е на првото место со три бода предност пред Баерн Минхен.

Избраниците на Томас Тухел победија во натпреварот од 12. коло од домашното првенство со Келн со резултат 1:0, додека Унион Берлин во 12. коло одигра нерешено со Аугсбург.


Интер заради повреди ги загуби Де Фрај и Дамфрис

Интер оствари голема понуда на гостувањето против шампионот Наполи, но тренерот Симоне Инзаги се соочува со нови проблеми поради повредите на уште двајца дефанзивци.

Французинот Павар е надвор од терените од претходно и нема да се врати на терените до крајот на годината. Сега Инзаги по дуелот со Наполи остана и без Де Фрај и Дамфрис.

Деталните прегледи покажале дека станува збор за повреда на муслуите и би требало да паузираат најмалку две недели.

Ова значи дека двајцата ќе ги пропуштат натпреварите со Удинезе и Реал Сосиедад како и натпреварот со Болоња од Купот на Италија.


Бјелица го носи Енис Барди во Бундеслигата

Енис Барди би можел да се пресели во турски Трабзонспор пренесуваат германските медиуми.

Наводно тренерот на германскиот тим Ненад Бјелица со кого Барди соработуваше во Трабзонспор сака да го доведе во Германија.

Бјелица смета дека Барди е идеално решение за проблемите во средниот ред на Унион Берлин. Под водство на хрватскиот стратег, Барди играше одлично во Турција, но сега е во втор план и на последните четири натпревари настапи само еднаш и тоа 15-тина минути. Тренер на Трабзон во овој момент е Абдула Авчи.

Информациите се дека Унион Берлин веќе го направил првиот контакт, а трансферот би можел да се реализира ако двете страни се договорат некаде на почетокот на јануари.


Поуп се повреди, Њукасл ќе го замени со Де Геа

Tимот на Њукасл скапо ја плати победата против Њукасл бидејќи
остана без својот прв голман Ник Поуп.
Поуп најверојатно ќе оди на операција на рамото и го очекува долга
пауза. Оваа повреда всушност е обновување на истата која ја имаше
во 2018 година и поради која мораше да паузира половина година.
Во клубот се надеваат дека паузата нема да биде толку долга, меѓутоа
за секој случај во клубот веќе размислуваат и за можни опции за
доведување во јануари.
Њукасл има уште двајца голмани на располагање Мартин Дубравка и
Лорис Кариус. Според информациите изборот паднал на Давид Де Геакој се уште е без ангажман откако замина од Манчестер Јунајтед. Де Геа го напушти Јунајтед откако не се договори околу платата. Во
Јунајтед Шпанецот заработуваше 375.000 фунти. Останува сега да се
види ако во Њукасл се сериозни колку се спремни да понудат за
голман кој во иднина (по враќањето на Поуп) не би бил во прв план.


Чеферин: Никогаш повеќе Светско првенство во зима

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин истакна дека зимско
Светско првенство како во Катар нема да се одржи никогаш повеќе.
Поради високите температури Катар беше домаќин на најдобрите
светски селекции во текот на сезоната и според Чеферин тоа не
донесе ништо добро на фудбалот.
„Правиме се што можеме, се бориме против сите форми на
дискриминација и злоупотреба. Но, никој не треба да го користи
турнирот за лична или политичка корист. Во едно сум сигурен.
Зимското светско првенство не беше добро за фудбалот и не е
паметно да има повторно. Со негово одржување во тој термин се
создава преоптоварување на распоредот“, изјави Чеферин.
Минатата година Светското првенство на кое триумфираше
Аргентина се играше од 20-ти ноември до 18-ти декември.