feature

Јуве во јануари носи „пакет“ засилувања од Манчестер Јунајтед?

Јувентус во зимскиот преоден рок може значително да го засили
тимот со две ѕвезди на Манчестер Јунајтед.
Санчо е во потрага по нов клуб откако влезе во конфликт со тренерот
Тен Хаг и сака да го напушти Манчестер Јунајтед. Најсилен интерес
за него покажува Јувентус, кој веќе стапил во контакт со Манчестер
Јунајтед и започнал преговори со англискиот клуб.
Во преговорите двата клуба разговарале и за Дони ван де Бек, кој исто
така е на излезна врата од „Олд Трафорд“.
Двајцата можат да пристигнат во Јувентус во „дисконтна“ цена за
само 26 милиони фунти.


Осимен е фудбалер на сезоната во Серија А

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, беше прогласен за најдобар
фудбалер во Италија за 2023 година во изборот на Здружението на
професионални фудбалери.
Тој со 26 гола на 32 натпревари беше еден од најзаслужните за
освоената титула .За најдобар тренер е избран поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети. Хвича Кварацелија ја доби наградата за
најубав гол. Доминацијата на Наполи е присутна и во идеалниот тим
на годината.
Голман: Мајк Мањан (Милан). Одбрана: Џовани Ди Лоренцо
(Наполи), Ким Мин-Јае (Наполи), Алесандро Бастони (Интер), Тео
Ернандез (Милан). Играчи од средниот ред: Станислав Лоботка
(Наполи), Хакан Калханолу (Интер), Николо Барела (Интер).
Напаѓачи: Хвича Кварацелија (Наполи), Виктор Осимен (Наполи),
Рафаел Леао (Милан).


Хамес Родригез: Имав повисоки понуди, но ништо не може да се спореди со Реал

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој сега
игра за бразилски Сао Паоло, објасни зошто пред речиси една
деценија одлучил да се пресели во шпанскиот клуб.
„Пари Сен Жермен и Манчестер Сити ме сакаа но, јас сакав слава.
Ништо не може да се спореди со Реал Мадрид. Тоа му го реков и на
Перез“, објасни Колумбиецот.
Тој го облече дресот на „кралевите“ во 2014 година и одигра 125
натпревари, постигнувајќи 37 гола и 42 асистенции. Родригез има
играно за Евертон, Баерн Минхен, Монако, Порто, Банфилд, Ал Рајан
и Олимпијакос.


Суарез го одигра последниот натпревар за Гремио

Луис Суарез го одигра последниот натпревар во дресот на бразилскиот клуб Гремио од кој со голем стил се прости – со гол против Васко де Гама (1-0).

Суарез во неделата вечерта доби овации од публиката и не можеше да ги задржи солзите кога во друштво на своето семејство кое се спушти на теренот го погледна видеото кое му го посвети Гремио.

Напиша прекрасно поглавје од нашата историја. Каде и да си, засекогаш ќе бидеш „бесмртен“, напиша Гремио на социјалните мрежи.

Суарез постигна 27 гола на 52 натпревари за Гремио, а се очекува да му се приклучи на Интер од Мајами, каде го чекаат неговите поранешни соиграчи од Барселона – Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.


Воткинс застана во редот со Халанд и Салах

Напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс стана третиот играч кој постигнал 20 голови во Премиер лигата во календарската 2023 година. Покрај него, тоа го направија и напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд и играчот на Ливерпул, Мохамед Салах.

На натпреварот од 14. коло од англиската Премиер лига меѓу Астон Вила и Бурнемаут, кој се одигра вчера, голот на Воткинс го спаси тимот од Бирмингем од пораз. Англичанецот погоди во 90. минута од натпреварот при резултат 1-2 во корист на домашната екипа и со тоа го израмни резултатот. 

На само 14 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Оли Воткинс постигна осум гола, а забележа и шест асистенции.

Астон Вила по 14 кола се наоѓа на четвртото место на табелата во англиската Премиер лига со 29 бодови. 


Сон се претплати за голови против англиските шампиони

Напаѓачот на Тотенхем, Хеунг Мин-Сон, стана првиот играч во историјата на англиската Премиер лига кој постигнал гол против четири различни бранители на шампионската титула.

31-годишниот корејски напаѓач на Тотенхем беше стрелец на натпреварот од 14. коло од Премиер лигата со Манчестер Сити на стадионот „Етихад“. Средбата заврши нерешено со резултат 3-3 – автогол си постигна и Сон. 

Претходно, напаѓачот на Тотенхем успеа да постигне гол на натпреварите против Ливерпул, Челзи и Лестер Сите – сите овие тимови беа актуелни шампиони во времето кога Кореецот постигна гол против нив.

Сезонава Хеунг Мин-Сон одигра 14 натпревари во англиската Премиер лига, постигна девет гола и две асистенции. По 14 кола Тотенхем е на петтото место со 27 бодови.


Арсенал – Ливерпул е ѕвездениот пар во третото коло на ФА Купот

Арсенал во третото коло од ФА Купот ќе му гостува на Ливерпул во
еден од најинтересните дуели од оваа рунда на најстарото фудбалско
натпреварување во светот.

На ждрепката беа одредени двојките за третата рунда која е на
програмата во јануари и во која влегуваат екипите од Премиер и од
Чемпионшип лигата.
„Топчиите“ го држат рекордот за најмногу освоени трофеи на
турнирот – 14. Ливерпул го дели третото место со Тотенхем и Челзи
како осумкратни освојувачи на трофејот.
Манчестер Јунајтед во оваа фаза ќе гостуваат кај третолигашот Виган,
додека Манчестер Сити ќе биде домаќин на Хадерсфилд.Њукасл ќе
му гостува на Сандерленд, додека, пак, Тотенхем ќе има
премиерлигашка пресметка со Барнли.


Митев именуван за селектор на Азербејџан

Боби Митев по неполн месец се враќа во Азербејџан. Поради
приватни семејни причини мораше привремено да го напушти Сабах.
Во клубот беа задоволни од она што Митев го прави и создава од
неговото доаѓање, па му дадоа доволно време да ги реши проблемите
и да се врати на клупата.
И не само ова. Боби Митев ќе биде селектор на кошаркарската
репрезентација на Азербејџан. Како што дознаваме тој ќе добие
тригодишен договор од тамошната федерација.
Работата со Сабах и визијата која Митев ја има за кошарката, е сето
она што е потребно во националниот тим на оваа земја.


Србинот Самарџиќ е јануарската трансфер-желба на Јуве

Лазар Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, а сега
е голема желба на Јувентус.
Интер постигна договор со Удинезе за трансфер тежок 20 милиони
евра плус еден младински фудбалер, веќе закажа лекарски прегледи,
но трансферот пропадна бидејќи агентот побара повисока плата.
Сега силен интерес за него покажува Јувентус. „Бјанконерите“ веќе
почнале преговори со агентот на Самарџиќ и сакаат да го доведат во
зимскиот преоден рок како замена за суспендираниот Фаџоли.
Јувентус игра добро оваа сезона и се бори за титулата, па верува дека
Самарџиќ може да одигра клучна улга во освојување на скудетото.


Дувњак го продолжи договорот со „зебрите“

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак
ќе биде дел од бундеслигашот Кил до 2025 година откако официјално
го продолжи договорот со тимот чиј дел е од 2014 година.
Хрватот не го криеше задоволството од продолжувањето на
соработката велејќи дека е горд што и понатаму ќе биде дел од тимот
каде што се чувствува како дома.
„Среќен сум што соработката продолжува. Мојата фамилија и јас тука
се чувствуваме многу добро. Кил е мојот втор дом. Горд сум што
можам да продолжам да помагам, што ќе ги оствариме целите за
најдобриот клуб во светот. Се веселам што ќе останам уште еден
година со нашите навивачи“.