feature

Шест мундијалски стадиони во Катар ќе бидат домаќини и на првенството на Азија

Шест од осумте стадиони од ланското Светското фудбалско првенство ќе бидат домаќини на натпреварите на Купот на Азија што ќе се одржи во Катар од 12 јануари ди 10 февруари идната година, објави денеска Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ).

Натпреварите ќе се играат на Меѓународниот стадионот Халифа, како и на стадионите Ал Џануб, Едјукејшн сити, Ахмед бин Али, Ал Тумам и Ал Бајт.

Стадионот Лусаил, на кој се одигра мундијалското финале меѓу Аргентина и Франција, како и стадионот „974“, изграден од 974 контејнери кои ќе бидат демонтирани, нема да бидат домаќини на азиското првенство.

Имајќи предвид што се случуваше на минатото Светско првенство, Купот на Азија 2024 ветува дека ќе биде „спектакл каков што азискиот фудбал досега нема видено“, порача претседателот на АФЦ, Селман бен Ибрахим ал Халифа.


Ремзи и следната сезона ќе игра во дресот на Ница

Играчот од средниот ред Арон Ремзи го продолжи договорот со Ница, објавија денеска француските медиуми.

32-годишниот Велшанец веќе одигра доволно натпревари оваа сезона за да може да остане во францускиот клуб следната сезона, според клаузулата за автоматско продолжување на соработката.

32-годишниот Велшанец веќе одигра доволно натпревари оваа сезона за да може да остане во францускиот клуб следната сезона, автоматски добивајќи нов договор.

Раководството на Ница сака да го задржи поранешниот играч на Арсенал и по летото 2024 година. Арон Ремзи оваа сезона постигна еден гол и имаше една асистенција на 23 натпревари во Лига 1.


Фановите на Наполи загрижени, неизвесен настапот на Осимен против Милан

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети изјави дека не знае дали Виктор Осимен ќе биде спремен да игра против Милан во Лигата на шампиони.

Осимен се повреди додека настапуваше за Нигерија, па го пропушти и претходниот меч против Милан, кој Наполи го загуби со 0-4.

„Осимен е фудбалер кој треба да игра на секој натпревар, но сега е повреден и мора да внимаваме. Ако играше против Лече, сега ќе беше полошо. Мора да му дадеме време за рехабилитација. По повредата тренираше лесно, но мора да видиме како ќе реагира при поголеми напори на теренот“, изјави Спалети.

Отсуството на Осимен сигуно би бил голем хендикеп за Наполи, кој во среда му гостува на Милан во првиот четвртфинален натпревар од ЛШ.


Де Брујне петти со преку 100 асистенции во Премиер лигата

Манчестер Сити оствари убедлив триумф над Саутемптон (4-1) во Премиер лигата и со тоа остана во игра и продолжи да притиска во борбата за пехарот во најинтересниот фудбалски шампионат на светот.

Ова беше средба во која Де Брујне забележа нова асистенција, а со тоа влезе во историјата на ова натпреварување. Имено Белгиецот сега е во одбрано друштво, односно стана само петтиот играч со најмалку 100 додавање во ПЛ или поточно им се приклучи на Рајан Гигс (162), Сеск Фабрегас (111), Вејн Руни (103) и Френк Лампард (102).

Де Брујне е фудбалерот кој со најмал број натпревари успеал да дојде до ваков учинок, поточно го надмина Фабрегас на кого му требаа 293 средби за да дојде до „стотката“.

Ѕвездата на „граѓаните“ ова го реализираше со 237 натпревари.


Алекс Грималдо од Бенфика е најнова желба на Јувентус

Јувентус работи на трасферот на Алекс Грималдо од Бенфика. Приоритет на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде да ја засили левата бековска позиција. „Бјанконерите“ сакаат да донесат наследник на Алекс Сандро, кој на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот.

Најголема желба на раководстворо на „старата дама“ е Алехандро Грималдо и веќе почнале преговори со неговиот агент.

Договорот на Грималдо со Бенфика истекува на крајот на сезоната и тој на лето ќе биде слободен агент.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го доведе во Торино без обештетување на лето.


Подвигот на Сетиен и Виљареал: Единствен двапати го совлада Реал сезонава

Фудбалерите на Виљареал приредија изненадување во Ла Лига откако вчера во Мадрид го победија Реал со 2-3. Тренерот на „жолтата подморница“, Кике Сетиен така направи вистински подвиг.

Виљареал го победи Реал и во првиот натпревар на својот стадион на 7 јануари, тогаш резултатот беше 2-1. Сетиен така стана единствениот тренер во Ла Лига кој сезонава освоил шест бода против „кралевите“.

Освен тоа Сетиен држи и уште еден интересен рекорд од сезоната 2018/2019. Тогаш тој стана единствениот тренер кој во една сезона ги победил Барселона и Реал Мадрид на гостински терен. Барселона со својот Бетис ја победи со 4-3, додека против Реал славеше со 2-0.

Сетиен очигледно знае како се игра против најголемите шпански клубови, Бетис успеа да го одведе во Европа, а сега со Виљареал е во борба за место во Лигата на шампионите.


Клоп: Ливерпул многу промашуваше, жалам за шансата на Конате

Фудбалерите на Ливерпул вчера одиграа нерешено против Арсенал во дербито на Премиер-лигата иако беа подобар противник а промашија и пенал преку Мохамед Салах. Нивниот тренер, Јирген Клоп, изјави дека екипата била блиску до целосен пресврт.

„Се случи нешто што ни се случува цела сезона. Отворена игра а противникот ја искористи предноста и постигна гол. Пропуштивме неколку чисти шанси, што не е ништо ново. Конате во финишот можеше да постигне и трет гол“, изјави менаџериот на Ливерпул.


Македонија доби огранизација на голем пинг-понгарски настан

Презентацијата и изборот се одржаа на тековното Европско првенство во пинг понг во категорија до 21 година во Сарајево, Босна и Херцеговина, каде што учесници се и Ангелина Иванова како заменик Врховен судија и Виолета Апостолоска како Судија на маса. За првпат во историјата на Македонија, добиваме организација на врвен настан кој ќе го собере кремот на Европскиот пинг понг во Скопје во месец Јануари 2024 година. 

Неколкуте врвно организарани светски настани во пинг понг, беа забележани и ЕТТУ ја потврди довербата во ППФМ за организација на уште еден голем настан на Европско тло во Скопје.


Серџо Консеисао прв пик за тренер на Интер

Претставниците на Интер наводно веќе започнале преговори со можниот наследник Симоне Инзаги. Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, првите луѓе на италијанскиот состав се заинтересирани за тренерот на Порто, Серхио Консеисао.

Португалскиот клуб не планира да се раздели со својот стратег што ќе биде проблем плус во неговото доаѓање во Милано. Консеисао има договор со „нероауирите“ до летото 2024 година.

Симоне Инзаги кој моментално е главен тренер на Интер најверојатно нема да го води тимот и следната сезона.


Да може Мбапе уште денес би заминал од Париз

Новинарот Еду Агире во емисијата „Ел Чирингито“ објави дека Килијан Мбапе жали што го обновил договорот со ПСЖ и доколку работите зависат само од него, уште летоска ќе замине од Париз.

Килијан Мбапе повторно е во фокусот откако вчера жестоко распали по ПСЖ и потегот на „светците“ да користат видео материјал од напаѓачот со цел да промовираат продажба на сезонски билети за сезоната 2023/24.

Новинарот Еду Агире во емисијата „Ел Чирингито“ објави дека Французинот сака да замине од Париз, и доколку работите зависат само од него, веќе летоска ќе си ги спакува куферите.

„Мбапе им кажал на блиските соработници дека ќе замине уште денес доколку зависи само од него. Подолго време жали и се кае за тоа што се случи во мај минатата година, ќе замине летоска ако се прашува само тој. Сепак, има договор кој е со важност барем до 2024 година. Доколку ПСЖ му дозволи да замине летоска, ќе замине, но…“