feature

Баерн ќе го врати Јосип Станишиќ од позајмицата од Леверкузен

Челниците на Баер Минхен планираат да го вратат хрватскиот фудбалски интернационалец , Јосип Станишиќ, кој игра фантастично во дресот на Баер Леверкузен и полека се доближува до титулата во Бундес-лигата.

Тој беше особено импресивен на дербито против Баварците кога со неговиот гол го трасираше патот до победата. Весникот – „Билд“ во анализата наведува дека заминувањето на Томас Тухел на крајот на сезоната дефинитивно ќе му ја отвори вратата на Станишиќ  да се врати на „Алијанц Арена“.

Не се исклучува и можноста „фармацевтите“ да се обидат да го откупат неговиот договор.


Копмајнерс од Аталанта е првата трансфер цел на Јуве ова лето

Јувентус е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туен Копмајнерс.

25-годишниот Холанѓанец се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па и самиот сака да направи чекор напред во кариерата.

Приоритет на Јувентус ќе биде засилување на средниот ред, а Копмајнерс е на врвот на листата желби.

Агентот на Копмајнер го потврди интересот на Јувентус, а „бјанконерите“ веќе работат на трансферот за да ја победат големата конкуренција.

Копмајнерс синоќа имаше уште една брилјантна партија и тоа против Јувентус и постигна два гола.


Раванели критички настроен кон Алегри

Фабрицио Раванели кој помина четири години како играч на Јувентус постигнувајќи 68 голови на 160 натпревари, вели дека нема логика во изјавата на тренерот на „старата дама“, Масимилијамо Алегри по мечот со Аталанта.

Предводникот од клупата на екипата од Торино по ремито (2:2) со тимот од Бергамо изјави дека е задоволен со 1 бод што наиде на осуда кај Раванели.

„Тој не може да каже такво нешто. Макс згреши. Тој не може да испрати таква порака до играчите“, изјави Раванели.


Суспендирани 62 камерунски фудбалери по Купот на Африка

Неверојатна одлука денеска донесе фудбалскиот сојуз на Камерун кој суспендираше 62 фудбалери поради лажирање на нивната возраст. Информацијата е потврдена на официјалниот сајт на веб страницата.

Помеѓу суспендираните е и фудбалерот, Вилфрид Натан Дуала кој настапи за Камерун на Африканскиот куп на Нации кој беше завршен минатиот месец. Според документите тој има 17 години, меѓутоа постојат сериозни сомнежи дека си ги „намалил“ годините како и останатите суспендирани.

Засега стои дека тие нема да можат да играат во плеј-офот од домашниот шампионат, не е јасно дали подоцна ќе се вратат на терените.

Најмногу суспендирани играчи има академијата Јонг, дури 13, по седум имаат Викторија Јунајтед и Ас Фортуна.


Калчолигашот Лече му врачи отказ на тренерот по инцидентот во саботата

Лече реши да му врачи отказ на тренерот Роберто Д’Аверса по инцидентот кога удри противнички играч при поразот од Верона со 0-1.

По завршувањето на натпреварот, тренерот на Лече намерно со глава го идрил Томас Анри.

Во дополнителното време од мечот се во комфликт влегоа дефанзивецот на Лече Марин, Понграчиќ и Анри, а судијата Даниеле Киф им покажа по еден жолт картон. По завршувањето на натпреварот тие продолжија со расправијата, а Д’Аверса се сврте кон нив и со глава го удри Анри, кој падна на колена.

Тогаш судијата им покажа црвени картони на тренерот и на повредениот играч на Верона. Роберто Д’Аверса имаше договор со Лече до крајот на сезоната. Тој го презеде минатото лето и забележа 6 победи од вкупно 30 натпревари во Серија А и Купот на Италија.


Абрамович ја купува шпанска Валенсија?

Поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович може да добие нов фудбалски клуб. Според „АС“, рускиот милијардер е заинтересиран да ја купи Валенсија. Навивачите на шпанскиот тим се надеваат дека со евентуална промена, позицијата на клубот значително ќе се подобри.

Актуелниот сопственик на Валенсија, Петер Лим се обиде да му го продаде клубот на Абрамович пред две години, кога тој бараше 250 милиони евра, колку што беа долговите. Абрамович стана сопственик на Челзи во 2003 година. По санкциите на руските олигарси во 2022 година поради војната во Украина, бизнисменот беше принуден да го продаде англискиот клуб.

За време на ерата на Абрамович, Челзи стана шампион на Англија пет пати во 19 години, го освои ФА Купот пет пати, Лига Купот три пати, ФА Суперкупот два пати, двапати ја освои Лигата на шампионите и Лигата на Европа и го освои Суперкупот на УЕФА. Еднаш триумфираше во светското клупско првенство.


Паркер одушевен од развојот на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ тивко влезе во НБА и тоа како 41. пик на драфтот во
2015 година, но денеска асот на Денвер Нагетс е еден од најдобрите
играчи во лигата која е најдобра на светот.
Центарот од сезона во сезона игра се подобро, двапати дојде до
признанието најкорисен играч за да во претходната кампања го
оствари најголемиот успех, односно го предводеше Денвер го
исторски пехар во НБА.
Со ова Јокиќ ги замолчи и најголемите критичари, а во меѓувреме тој
продолжува да „грми“, испишува историја, а во исто време да добива
признанија од сите страни. Тони Паркер дефинитивно е еден од
најдобрите европски играчи кои настапувале во НБА, па и тој му се
поклони на српскиот репрезентативец.
„Мислев дека нема да трае, но секоја сезона тој игра добро и беше
МВП. Кога лани го освои шампионатот, за мене беше – тоа, ништо не
можеш да му кажеш. Кога зборувате за него сега, а зборувате за
најдобриот играч во Европа, тоа мора да биде тој“, порача Паркер кој
со Сан Антонио Спарс освои четири шампионски прстени.


Брахим Диаз прифати да игра за Мароко пред Шпанија

Брахим Диаз сериозно напредуваше во Милан и успеа сериозно да се
надогради како фудбалер на „Сан Сиро“, а оваа сезона настапува за
првиот тим на Реал Мадрид.
Карло Анчелоти се почесто му дава минутажа на офанзивниот играч
за врска и тој стана важен дел од ротацијата на Италијанецот, но во
период кога навистина кариерата му оди во нагорна линија, донесе и
одлука која ги разочара шпанските фудбалски фанови.
Испровоциран од индолентноста и неажурноста на шпанските
фудбалски работници, Брахим Диаз решил да игра за
репрезентацијата која му беше алтернатива, а тоа е земјата која беше
најпријатно изненадување на последното Светско првенство.
По подолго размислување, Брахим решил да заигра за Мароко и ја
избрал оваа селекција пред Шпанија, сето тоа како резултат на
пасивноста на Шпанците, но и активацијата на Мароканците предводени од селекторот Валид Реграги.


Симоне Инзаги тренер на годината во Италија

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ја доби наградата „Енцо Беарцот“
за најдобар италијански тренер на годината.
На церемонијата младиот тренер ги подели заслугите со своите
соработници и играчите.
„Благодарен сум за оваа престижна награда, која го носи името на
еден толку голем тренер и човек.Ова признание немаше да биде
возможно без исклучителната поддршка од сите оние кои работеа со
мене низ годините. Оваа награда им ја посветувам ним и на моето
семејство“, рече Инзаги.
Наградата „Беарцот“ е востановена во 2011 година и се доделува
секоја година на најдобрите италијански тренери.


Руди Гобер казнет со 100.000 долари од НБА лигата

НБА лигата со 100.000 долари го казни центарот на Минесота, Руди
Гобер поради непримерно и непрофесионално гестикулирање кон
судијата и поради јавно критикување на судиите.
Тоа го соопшто Џо Думарс, извршниот потпретседател и раководител
на кошаркарските операции на НБА лигата.
Гобер се однесуваше непристојно на 8 март, по поразот на Минесота од Кливленд. Во последната четвртина, на центарот прво му беше
досудена лична и потоа техничка грешка.
Тој го погледна судијата Скот Форстер и со прсти му гестикулираше
пари, што е општо познат потег кога се алудира кога некој е платен
односно поткупен.