feature

Де Врај добива нов договор со Интер

Стефан де Врај е блиску до потпишување на нов договор со „нероаѕурите“.

Договорот на Де Вриј со Интер истекува, па иако се очекуваше да си замине како слободен агент, сепак ќе остане на „Џузепе Меаца“.

После сигурното заминување на Скриниар, Интер не сакаше да остане без уште еден стандарден дефанзивец, па почна преговори со Де Врај.

Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни постигнале договор и наскоро Холанѓанецот ќе стави потпис на нов договор. Де Врај ќе потпише двегодишен договор според кој ќе заработува 4 милиони евра по сезона.


Нето добива нов договор во Борнмут

Бразилскиот голман, Нето, го продолжи договорот со англискиот клуб. „Црешите“ ќе го задржат капитенот до летото во 2026 година.

Тој во сезонава одигра 18 мечеви а на четири од нив не прими гол. 33-годишниот искусен голман играше и за Валенсија, Јувентус и Фиорентина.

Неговиот тим се наоѓа на претпоследното место на табелата и до крајот на сезоната ќе се бори да обезбеди опстанок во Премиер лигата.


Обамејанг посакува враќање во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Челзи и поранешниот репрезентативец на Габон, Пјер Емерик Обамејанг, е подготвен да се врати во Барселона.

33-годишниот Обамејанг им порачал на челниците на каталонскиот клуб дека бил подготвен на максимално намалување на својата плата за повторно да заигра на „Камп Ноу“.

Претседателот на Челзи, Тод Боели не е задоволен од однесувањето на Обамејанг, кој е доста приврзан за Барселона. Тој неодамна беше забележан како ја прославува победата со играчите на Барса после дербито со Реал Мадрид.

Обамејанг пристигна во Челзи минатата година од Барселона, а претходно меѓу другите играше за Арсенал, Дортмунд, Сент Етјен. Оваа сезона одигра 18 натпревари и постигна три гола.


Почетино е прва опција на Флорентино ако Анчелоти си замине

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе се раздели со Карло Анчелоти на крајот на сезоната и веќе ја започнал потрагата по негов наследник.

Прв избор е Маурисио Почетино, кој е слободен после отказот кој го доби во ПСЖ и преферира да седне на кормилото на „кралскиот“ клуб.

Реал сака да побрза да постигне договор со Аргентинецот, бидејќи интерес за него покажуваат и други клубови, особено од Премиер лигата.

Покетино во Шпанија со голем успех го предводеше Еспањол од 2009 до 2012 година после што се пресели во Премиер лигата каде што беше дел од Саутемптон и Тотенхем.


Расмус Хојлунд е замената за Влаховиќ во Јуве

Душан Влаховиќ може да го напушти Јуветус на крајот на сезоната, а раководството на „старата дама“ веќе почна да бара негова замена.

Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината. Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал и казната, па најверојатно ќе остане без пласман во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ веќе ја нашле замената, а тоа е Расмус Хојлунд од Аталанта. Хојлунд е вистинско откритие оваа сезона во Серија А, има само 19 години и му се предвидува голема кариера.

За репрезентацијата на Данска постигна 5 гола на два меча изминатите денови, па Јувентус сака да ја победи конкуренцијата.

Наводно италијанскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 40 милиони евра плус бонуси.


Емерсон Ројал се повреди на гостувањето во Мароко

Тотенхем синоќа официјално остана без тренер после заминувањето на Антонио Конте, а денес доби нов удар.

Имено, Тотенхем до крајот на сезоната ќе остане без Емерсон Ројал. Десниот бек заработи тешка повреда на коленото во судиското продолжение од пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Мароко.

Ројал мора да замине на операција на коленото и ќе паузира околу два месеци, што значи дека сезоната за него е завршена.

Ова е голем удар за Тотенхем бидејќи Бразилецот беше многу важен дел од тимот и оваа сезонанастапи на 22 натпревари.


Нагелсман чека понуди од Премиер лигата

Англиските фудбалски состави, Челзи и Тотенхем, може да испратат понуда до германскиот тренер  Јулијан Нагелсман, кој неодамна доби отказ од кормилото на Баерн Минхен.

Имено, „сините“ имаат намера да се разделат со Грем Потер додека „спарси“ деновиве  ја прекинаа соработката со Антонио Конте.

Нагелсман од 2021 година  беше на клупата на Баерн Минхен.


ПСЖ се вклучи во трката за Ким Мин – Јае од Наполи

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Париз Сен Жермен се вклучи во трката за доведување на дефанзивецот од Наполи, Ким Мин-Јае.

Информациите велат дека спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, подготвува понуда за централниот дефанзивец кој би бил освежување за екипата во летниот преоден рок.

36-годишниот фудбалер на Наполи има клаузула според која тој ќе биде достапен за преоѓање во друг клуб во периодо од 1 до 15 јули 2023 година за сума од 45 до 50 милиони евра.

Од ПСЖ планираат продажба на дефанзивците Рамос и Маркињос со кои би го финансирале трансферот на Ким Мин во клубот.


Манчестер Јунајтед го следи Фергусон од Брајтон

Младиот напаѓач на Брајтон и на ирската репрезентација, Еван Фергусон, го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед.

18-годишниот Ирец, стана интересен за клубот од „Олд Трафорд“ после неговите одлични партии во дресот на Брајтон оваа сезона, за кого на 16 натпревари постигна седум голови. Тој неодамна го забележа и својот прв погодок за ирската репрезентација.

Фергусон има договор со Брајтон до 2026. година, меѓутоа евентуалната добра понуда од Манчестер Јунајтед би била прифатлива за првите луѓе на клубот.


Алекс Балде добива нов договор во Барселона

Барселона во следниот период ќе инсистира на продолжување на договорот со Алекс Балде. Според шпански извори, клубот сака да му понуди на 20-годишниот дефанзивец договор до најмалку 2027 година со изгледи за зголемување на платата и клаузула за заминување во висина од една милијарда евра.

Сепак,  ограничувањето на платите поради финансиските проблеми на Барселона може да биде пречка за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Балде со Барселона е до јуни 2024 година.