feature

Манчестер Јунајтед подготви 115 милиони фунти за Камавинга

Медиумите од Англија пренесуваат дека челниците на Манчестер Јунајтед подготвуваат понуда од 115 милиони фунти за ангажман на фудбалерот Едуардо Камавинга од Реал Мадрид.

Како причина за испраќање на понуда за Камавинга се споменува повредата на Кристијан Ериксен и неговото отсуство во тимот од Олд Трафорд, кое остава празнина во средниот ред на екипата.

Доколку францускиот играч за врска пристигне во Манчестер Јунајтед тогаш тој ќе му се придружи на неговиот поранешен соиграч Касемиро кој летово пристигна во англискиот клуб.

Според тренерот на Јунајтед, Тен Хаг, 20-годишниот Камавинга би можел да биде долгорочна инвестиција и ќе игра на местото од Марсел Сабицер кој сега настапува како позајмен играч во тимот.


Донарума: Не се каам што прејдов во ПСЖ

Голманот на Париз Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, во изјава за медиумите вели дека е горд што брани за францускиот шампион, и покрај елиминацијата на екипата во осминафиналето на Лигата на шампионите.

ПСЖ беше елиминиран од Баерн Минхен со вкупен резултат 3:0, со што клубот од Франција ја продолжи лошата серија на настапи во елитното фудбалско натпреварување.

„ Многу разочарувачки е фактот што испаднавме од Лигата на шампионите. Не се каам и немам никакви сомнежи во мојата одлука да заиграм за ПСЖ“, вели Донарума.

Италијанскиот голман изјавува и дека е среќен за пласманот во четвртфиналето на ЛШ на неговиот поранешен клуб Милан, од каде и пристигна во ПСЖ во 2021.година.


Погба отстранет од првиот тим на Јувентус

Италијанскиот спортски новинар Фабрицио Романо, ја пренесе веста дека тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го отстранил Пол Погба од првиот тим, откако францускиот фудбалер ги прекршил дисциплинските правила.

Погба наводно задоцнил на тренингот на Јуве во подготовките за дуелот во Лига Европа со тимот на Фрајбург, кој се одигра синоќа, а на кој црно-белите славеа на домашен терен со 1:0.

29-годишниот Погба во Јувентус пристигна минатата година од Манчестер Јунајтед, но поради проблеми со повредите сезонава одигра само два натпревари.


Лазаров: Поразот е незаслужено висок

Ракометната репрезентација на Македонија забележа пораз од Португалија со резултат 29:23, во натпревар од третото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Селекторот на нашиот национален тим, во изјава за медиумите после натпреварот вели дека поразот со 6 гола разлика е незаслужено висок, и ги кажа причините за недостатокот во играта.

„Португалија беше фаворит пред натпреварот, знаевме дека се работи за квалитетна репрезентација и мислам дека одигравме достојно против ваква квалитетна селекција. Мислам дека незаслужено загубивме со разлика од шест гола. За реваншот треба да поправиме доста работи во нашата игра ако сакаме да бидеме конкурентни во дуелот со јак тим како Португалија“, потенцира Лазаров.

Реваншот помеѓу Португалија и Македонија се игра на 12 март со почеток во 18:30 часот.


Брозовиќ заминува од Интер налето, негова замена ќе биде Емре Чан

Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ.

Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ. Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.

„Калчомеркато“ пренесува дека прв избор за негова замена е Емре Чан од Борусија Дортмунд.

29-годишниот Германец влегува во последната година од договорот и Интер се надева дека може да го доведе за 15 милиони евра.


Нелсон ќе добие нов договор на „Емирати“

Првите луѓе на Арсенал размислуваат да му го продолжат договорот на младиот фудбалер Рис Нелсон, за кого се заинтересирани екипите на Брајтон и Ница, објавија денеска медиумите во Англија. 

Играчот кој има само 23  години ги одработува последните месеци од договорот кој ќе му истече во текот на летото. Тој иако добива мала минутажа на теренот, успеа на 8 мечеви да постигне 3 гола и да направи 3 асистенции.

Нелсон кој потекнува од школата на лондончани претходно настапуваше како позајмен во Хофенхајм (Германија) и Феенорд Холандија.


Левандовски спремен за кам-бек на терените порано од предвиденото

Голгетерот на Барселона Роберт Левандовски целосно се опорави и в недела ќе го започне натпреварот против Атлетик Билбао, пренесе „Спорт“.

На 26 февруари, на натпреварот против Алмерија, тој почувствувал истегнување во левиот бут, поради што ги пропушти следните натпревари против Реал Мадрид и Валенсија.

Надежите на Каталонците беа дека ќе биде подготвен за уште едно „Ел Класико“ – на 19 март, но сега им е драго што Левандовски ќе може да игра уште порано.

Досега во сезоната Левандовски учествуваше на 31 натпревар на Каталонците, на кои учествуваше во постигнувањето на 31 гол – 25 постигнати од него и 6 асистенции.


Столе Димитриевски пред историски рекорд во Рајо

Столе Димитриевски брани во фантастична форма во дресот на Рајо Ваљекано и зад себе сезонава има девет натпревари во кои не примил гол.

До деветтата „чиста мрежа“ Димитриевски стигна за викендот против Атлетик Билбао и така се израмни со Рубен Мартинез кој до девет пати ја сочува мрежата во сезоната 2013/2014. Меѓутоа во преостанатите 14 натпревари од Ла Лига, Димитриевски има голема можност и да стане асполутен рекордер.

Пред него е само Коке Контрерас со десет „чисти мрежи“ од сезоната 1996/1997. Ако македонскиот голман двапати ја сочува мрежата во тие 14 кола ќе го прескокне и ќе стане најефектен голман во една сезона во историјата на клубот.

Исто така Коке го држи рекордот со најмалку примени голови (49) во една сезона. Димитриевски досега прими 25 и ако прими помалку од 23 гола до крајот ќе сруши уште еден рекорд.


Њукасл го сака Шкотланѓанецот Тирни

Александар Зинченко ова лето пристигна во Арсенал и веднаш стана незаменлив во тимот на Артета.

Зинченко се наметна во првиот тим, а цената за тоа ја плати Киран Тирни, кој не добива голема минутажа. Репрезентативецот на Шкотска оваа сезона е резерва, па поради незадоволство сака да ја промени средината.

Таквата ситуација сака да ја искористи Њукасл, кој веќе спремил понуда од 30 милилиони фунти. Тренерот на „чавките“ Ади Хау е симпатизер на квалитетите на Тирни, па му нуди место во првиот тим.

Кирни пристигна во Арсенал во 2019 година од Селтик за 25 милиони фунти, па „топџиите“ се спремни да го продадат на лето.


Милер: Баерн секогаш знаел да игра против Меси

Баерн Минхен го победи ПСЖ и во реваншот од осминафиналето (2-0), па така со вкупни 3-0 ги елиминираше „светците“.

Амбициите на клубот од Париз беа далеку поголеми од во ПСЖ ќе останат уште да чекаат на Лигата шампионите, иако шеците потрошија и над милијарда евра за да го освојат ова натпреварување.

Фудбалерот на Баерн, Томас Милер по натпреварот го „пецна“ Меси и порача дека „секогаш им оди добро“ против него. Германецот така потсети и на убедливите победи против Барселона во изминатите години кога Аргентинецот беше член на Каталонците.

„Против Меси секогаш ни оди одлично, Роналдо секогаш ни бил проблем додека играше за Реал. Но, од друга страна имам најголем респект кон настапот на Меси на Светското првенство. Таму играше неверојатно и беше лидер на целиот тим, во ПСЖ е поинаку. Тешко е да се постигне тимска рамнотежа“, изјави Милер.