feature

УЕФА ја објасни ждрепката за новата Лига на шампиони

Европската фудбалска куќа (УЕФА) го потврди она што долго време се најавуваше и воведе огромен новитет, кој без сомнеж ќе предизвика силни реакции кај јавноста.

Имено, станува збор за извлекувањето на групите за новото издание на Лигата на Шампионите, кое првпат ќе се игра во новиот формат.

Ждрепката би траела меѓу три или четири часа, бидејќи би требало да се искористат преку 1.000 топчиња и 36 садови.

Од УЕФА уверуваат дека со помош на компјутерот извлекувањето треба да трае 35 минути. Сепак, традиционалното извлекување треба да се користи во нокаут-рундите на елитното европско натпреварување.

УЕФА има договор со компанијата „Хертфордшир“ од Англија, која има понуда на компјутерска програма за решавање на комплексниот модел на ждрепката. Останува да се види дали истиот модел ќе се користи и во другите европски натпреварувања.

Секако дека ова ќе предизвика лавина реакции околу веродостојноста на компјутерското извлекување, бидејќи одлуката на УЕФА е во најмала рака контроверзна и нетранспарентна.


Шерика Џексон нема да трча на стотка во Париз

Атлетичарката од Јамајка Шерика Џексон која е двократната светска шампионка на 200 метри, одлучи да не трча на 100 метри во Париз.

Јамајканката се квалификуваше во оваа дисциплина, но во последен момент реши да не се појави на најкратката делница.

„Шерика се откажа од местото на трката на 100 метри. Тоа е се што сакаме да кажеме“, изјави менаџерот на репрезентацијата на Јамајка, Лудлоу Вотс. Џексон ќе ја замени Шешели Форбс.


Клоп најави долга пауза, можеби и пензија од тренерскиот занает

Германецот Јирген Клоп, кој го напушти Ливерпул на крајот од сезоната 2023-2024, денеска ја отфрли можноста наскоро повторно да биде тренер.

„Од денеска завршив како тренер“, рече Клоп за време на говорот во Здружението на германски фудбалски тренери во Вирцбург.

„Не решив да се откажам од каприц, тоа беше сеопфатна одлука“, објасни 57-годишниот германски тренер, кој го напушти Ливерпул наведувајќи дека е исцрпен по 23 годишен ангажман како тренер на Мајнц, Дортмунд и Ливерпул.

Клоп рече дека сè уште сака да работи во фудбалот и да помага со искуство и контакти.

„Ќе видиме дали ќе има друга можност“, рече тој.

Под негово водство Ливерпул ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, а во 2020 година ја освои титулата во Англија која навивачите ја чекаа 30 години.


Повредата на Лени Јоро е сериозна, ќе паузира три месеци

Фудбалерот Лени Јоро пристигна во Манчестер јунајтед за 50 милиони фунти, но се повреди во пријателскиот меч против Арсенал, а медицинските прегледи покажаа лоши резултати.

Јоро беше најавен како големо засилување на „ѓаволите“, но младиот фудбалер ќе го пропушти стартот на сезоната, односно ќе паузира дури три месеци што е голем проблем за тренерот Ерик Тен Хаг.


Жоао Феликс се договори со Астон Вила, се чека договор со Атлетико

Астон Вила се договори за личните услови со крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид и португалската репрезентација Жоао Феликс , кој минатата сезона ја мина во Барселона на позајмица. Според изворите, шпанскиот клуб бара 40 милиони евра за да го ослободи Португалецот. Забележано е дека двата клуба ќе продолжат со преговорите за склучување договор во блиска иднина.

Претходно беше објавено дека тренерот на Астон Вила, Унаи Емери лично сака да го види Феликс во тимот и му нуди улога на офанзивен играч за врска, што може да го ослободи потенцијалот на Португалецот. Забележано е дека договорот ќе биде тежок од финансиска гледна точка, но Астон Вила ја разгледува можноста за потпис на Феликс, бидејќи официјално ја официјализираше големата продажба на Муса Диаби на Ал Итихад за 60 милиони евра.

Да потсетиме, минатата сезона Феликс учествуваше на 54 натпревари на сите турнири за клубот и репрезентацијата, на кои постигна 13 гола и седум асистенции. Актуелниот договор на играчот со мадридскиот клуб трае до летото 2029 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 30 милиони евра.


ПСЖ спремен да преговара со Баерн за Кимих

ПСЖ има намера да преговара со Баерн Минхен за трансфер на 29-годишниот играч од средниот ред на клубот и Германија, Џошуа Кимих. Според француските медиуми, 29-годишниот германски фудбалер не сака да го напушти својот сегашен тим ова лето и повеќе би сакал да почека да му истече договорот во 2025 година.

Баерн очекува да го продаде својот играч пред крајот на преодниот рок за да заработи на трансферот. Се ова е малку комплицирано поради желбата на играчот да ја продолжи кариерата во Шпанија или Англија, наместо во Франција.

Да потсетиме дека минатата сезона Кимих учествуваше на 46 натпревари на сите турнири, на кои постигна два гола и 11 асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 50 милиони евра.


Шпанецот Јан Оливарес пред потпис со Динамо Загреб

Динамо Загреб е блиску до договор со талентот на Рома, Јан Оливерас кој може да игра на неколку позиции.

Јан Оливерас е 20-годишен фудбалер кој настапува по левата страна каде може да игра како бек и како крило, но може да игра и централно во средината од теренот.

Според Фабрицио Романо, тој ги одбил сите други понуди, желба му е да се пресели во Динамо Загреб.

Оливерас првите фудбалски чекори ги направил во Еспањол, но брзо потоа се преселил во Барселона. Од школата на Барса во 2020 се сели во академијата на Рома за 130.000 евра.

Тој се уште нема дебитирано за сениорскиот тим на Рома, но има договор со волчицата до јуни 2026 година, па хрватскиот клуб ќе треба да плати обесштетување за да го донесе.


Радичевиќ најави дека ја игра последната сезона во кариерата

Црногорската ракометна репрезентативка Јованка Радичевиќ најави дека претстојната сезона ќе и биде последна во нејзината кариера.

„Сакам да кажам дека ќе играм уште една сезона. Потоа ќе останам во ракометот и верувам дека ќе можам да се пронајдам во друга улога. Се надевам дека ќе можам на младите генерации да им го пренесам долгогодишното искуство“, изјави Радичевиќ за РТЦГ.

Кариерата ја започна во Будуќност, играше две сезони во унгарскиот Ѓер, пет сезони во дресот на Вардар, а потоа беше дел од ЧСМ Букурешт, Кастамону, и во моментот игра за Крим.

Со Црна Гора освои злато на ЕП 2012 година, сребро на ОИ истата година, како и бронза на ЕП 2022 година.


Менаџерот на Осимен лут на лагите и шпекулациите

Денес како „бомба“ одекна веста дека Челзи и Наполи
преговараат за размена со која Осимен ќе заврши во Лондон, а
како дел од трансферот ќе биде Ромелу Лукаку.
Осимен е на излезна врата од Наполи и најави трансфер, но
недостасуваат конкретни понуди за него до овој момент.
Менаџерот на Нигериецот денес се огласи по повод наводната
трампа и ги демантираше шпекулациите.
„Читам за шпекулациите за размена на Виктор. Осимен е
најдобриот стрелец во историјата на Наполи кој го освои
Скудетото. Доста е со овие лаги“, кажа менаџерот Календа.


Вест Хем застана во редот на Фулкруг

Англискиот фудбалски состав, Вест Хем, сака да влезе во трката за потписот на играчот на Борусија Дортмунд, Никлас Фулкруг, кој има уште две години од договорот со „милионерите“.  

Тој одигра 43 натпревари во текот на последната сезона со ефект од 5 голови и 10 асистенции. Голгетерот беше дел од „панцирите“ на последниот Европски шампионат во неговата татковина.

Засега не се наведува дали премиер-лигашот испратил официјална понуда.