feature

Томас Милер се збогува со германската репрезентација

Четвртфиналниот натпревар во кој Германија во петокот загуби од Шпанија (0-1) на Европското првенство беше последен во германскиот дрес за 35-годишниот Тони Крос, а крај на репрезентативната кариера најави и неговиот сонародник Томас Милер.

„Да, многу е можно ова да беше мојот последен натпревар за Германија“, изјави по натпреварот Милер за Скај Спорт.

Милер дебитираше за Германија во 2010 година и оттогаш одигра 131 натпревари, постигнувајќи 45 голови, како и 41 асистенција.

„Горд сум што сум дел од овој тим и пред сè горд што сум Германец. Благодарност до сите што навиваа со нас и беа одлични домаќини. Да го внесеме ова чувство во нашиот секојдневен живот токму сега во сегашно време“, напиша Милер на социјалните мрежи.

Неговиот најголем успех со репрезентацијата е освојувањето на Светското првенство во 2014 година.


Гвардиола ќе понуди огромна сума за Флориан Вирц

Ѕвездата на Баер Леверкузен Флоријан Вирц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англиските медиуми.

Вирц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.

Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и „фармацевтите“ ќе направат се за да го задржат.

Меѓутоа, Сити ова лето најверојатно ќе остане без Де Брујне, па неам даали пари да го доведе Германецот на „Етихад“. Пеп Гвардиола е уверен дека Вирц би бил одлично засилување за „граѓаните“ и подготвен е да ја плати 130 милиони евра.


Лејкерси ги претставија првите две засилувања за стручниот штаб за новата сезона

Лос Анџелес Лејкерс договори две засилувања во стручниот штаб кои треба да му помагаат на Редик, а тоа се Нејт МекМилан и Скоти Брукс.

МекМилан последниот ангажман го имаше во Атланта, иако работеше и во Индијана, Портланд и Сиетл.

Брукс има искуство како главен тренер во Оклахома и Вашингтон, а работеше и како асистент во неколку екипи.


Болоња прифати, Калафиори се сели во Арсенал за 50 милиони

Италијанскиот дефанзивец и член на Болоња, Рикардо Калафиори е пред трансфер во Арсенал.

22-годишниот стопер беше повикан во репрезентација после одличната сезоната и одигра одлично на Европското првенство.

Притоа, Калафиори беше еден од најдобрите поединци во италијанскиот тим, па дополнително го привлече вниманието.

Калафиори беше мета на сите поголеми италијански клубови, но Арсенал успеа да добие битката за неговиот потпис. „Топџиите“ постигнаа договор со Болоња за трансфер вреден 50 милиони евра, а во следните денови Калафиори ќе потпише четиригодишен договор.


Маргуч ќе ги скокне Олимписките игри во Париз

Машката ракометна репрезентација на Словенија ќе биде ослабена на Олимписките Игри во Париз, откако стана јасно дека Гаспер Маргуч нема да може да ја санира повредата на стапалото.

Десното крило на Веспрем подолго време има проблеми со повредата на стапалото, работеше по индивидуална програма на стартот на подготовките, но како минуваше времето така стана јасно дека нема да биде подготвен за напорите.


Хилд потпиша за „воините“ од Голден Стејт

Бади Хилд ќе биде нов кошаркар на Голден Стејт Вориорс. Хилд ќе потпише загарантиран договор на две години за 21 милион долари.

За првите две сезони, играчот има гаранција од 18 милиони долари, третата сезона е делумно загарантирана за 3 милиони долари, а Хилд ќе има опција за играч за незагарантирана четврта сезона.

31-годишниот член на Сиксерс минатата сезона имаше просек од 12 поени, 3,1 скока и 3,1 асистенции по натпревар.


Салах одби да настапи на Олимписките игри

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах ја одбил поканата на
селекторот на египетската олимписка репрезентација за настап
на Олимписките игри во Париз.
Неговата одлука ја разочара нацијата, навивачите сакаа еден од
најдобрите фудбалери во светот да биде предводник на
„фараоните“ во Париз, но Салах има други планови.
Целта му е целосно да се посвети на подготовките на Ливерпул за
следната сезона и како еден од најискусните играчи во тимот што
е можно повеќе да му помогне на новиот менаџер Арне Слот.
Салах од оваа недела ќе биде во полн ритам на тренинзи во
клубот, а сака да ги одигра сите подготвителни натпревари со
Ливерпул, пред почетокот на Премиер лигата. Минатата сезона,
неговата седма во Ливерпул, постигна 18 гола на 32 натпревари
во Премиер лигата.


Артета добива договор како некогаш Венгер

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека има силна
врска со клубот и дека нема пречки да потпише нов договор.
Договорот на Шпанецот истекува на крајот од следната сезона и
се очекува наскоро да биде продолжен.
Заемна желба е успешната соработка да продолжи и во иднина,
па прашање на денови е кога се ќе биде официјализирано.
Според актуелниот договор, Шпанецот заработува девет милиони
фунти по сезона. Новиот ќе му донесе многу повеќе пари, а
крајната цел е негова целосна слобода поради авторитетот што го
изгради и сличната улога што ја имаше легендарниот Арсен
Венгер во овој клуб.
Артета минатата сезона заврши на второто место во Премиер
лигата со Арсенал, со два бода помалку од Манчестер Сити. Во

Лигата на шампионите овој тим го запре Баерн во
четвртфиналето.
Договорот се уште не е обновен, но тоа не ги менува работите.
Среќен сум како ме ценат во клубот и како го претставувам“,
изјави Артета и додаде:
„Работите се одвиваат природно, а нашиот однос е добар така
што нема да има никакви проблеми. Работите мора да се
развиваат на вистински начин и тоа ќе се случи“, заклучи Артета.


Јунајтед отпушта 250 вработени за да го оптимизара буџетот

Манчестер Јунајтед предложил укинување на 250 работни места
како дел од програмата за отпуштања во целиот клуб, изјави
извор близок до раководството, цитиран од англиските медиуми.
Одлуката ќе влијае на сите нивоа, одделенија и структури на
клубот со исклучок на неговата добротворна организација,
Фондацијата Манчестер Јунајтед, се додава во информацијата.
Кратењата, првпат објавени од „Дејли Мејл“, претставуваат околу
22 отсто од работната сила на клубот.
Дваесет-кратниот шампион на Англија ја имаше својата најлоша
сезона од 1990 година, завршувајќи на осмото место во Премиер
лигата.
Одлуката за намалување на персоналот доаѓа неколку месеци
откако британскиот милијардер Џим Ретклиф презеде 25 отсто од
акциите во Манчестер Јунајтед и ја презеде одговорноста за
нивните фудбалски операции, обидувајќи се да ја врати силата на
тимот на теренот и да го врати поблиску до ривалите за титулата.


Буфон не заминува, останува дел од италијанската репрезентација

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон реши да ја
продолжи работата како одговорен за делегацијата на
италијанската национална репрезентација, објави Фудбалската
федерација на Италија.


Тој го продолжи својот договор по состанокот со претседателот на
федерацијата, Габриеле Гравина.
„Џиџи е исклучителен ресурс за ФИГЦ и за националниот тим. Тој
се впушти во новата улога со голема подготвеност и
професионализам. Му благодарам за силната желба да продолжи
да го дава својот придонес за каузата на „аѕурите“.

Во согласност со она што беше објавено на денот на неговото претставување,откако ја доби својата диплома за спортски директор од курсевите во Коверчано, мојата намера е да го назначам на оперативна улога во нашата структура. Неговото потврдување беше првата моја цел за обновување на националниот тим, што е одлична вест за италијанскиот фудбал“, изјави задоволниот Гравина.