feature

Артета размислува да замине од Арсенал на крајот од сезоната

Микел Артета ги известил челниците на Арсенал дека сака да го
напушти клубот на крајот на сезоната, барем така тврди каталонскиот „Спорт“!
Каталонскиот весник објави ексклузива, повикувајќи се на блиски
извори, дека Артета смета дека е најдобро да го напушти Арсенал на
крајот од сезоната 2023/24. Ова е уште една во низата шокантни вести
откако Јирген Клоп и Чави Ернандез во петокот и саботата потврдија
дека заминуваат по крајот на сезоната, но оваа информација треба да
се земе со резерва.
Додека во Каталонија тврдат дека Артета сака да замине, Лондон
веднаш ги демантираше информациите од Шпанија.
Во Англија продолжуваат да уверуваат дека Артета е блиску до
потпишување на нов договор со Арсенал, додека авторот на текстот
од „Спорт“ Томаш Андреу, недоволно познат на пошироката јавност,
го тврди спротивното.
Тој нагласува дека иако Артета има договор до 2025 година,
Шпанецот на лето би можел да се договори за взаемно раскинување
на соработката со Арсенал.
Томас Андреу исто така додава дека оваа информација се чува во
тајност, но дека Артета веќе разговарал за можно заминување со
својата придружба.


Леао заминува од Милан?

Францускиот “Телефут“ пренесува дека репрезентативецот на Португалија, Рафаел Леао, на крајот од сезонава би можел да го напушти Милан и да се пресели во редовите на Париз Сен Жермен или Њукасл Јунајтед.

Иако Леао минатата година го продолжи договорот со “Росонерите“ до јуни 2028 година, сепак неговата излезна клаузула од 175 милиони евра не е пречка и истата би можела да биде платена од шампионот на Франција или од богатите сопственици на Њукасл.


Адам Силвер повторно избран за НБА-комесар

Комесарот на НБА Адам Силвер ќе остане на таа позиција барем до крајот на оваа деценија, јавува новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Силвер ја извршува оваа позиција од 2014 година, кога го наследи Дејвид Стерн, а е вкупно петти човек на оваа функција во историјата на НБА.

„Комесарот Адам Силвер работи на продолжување на договорот што би ја доближило тековната деценија до крај“, напиша Војнаровски на Твитер.


Де Геа пред потпис со саудиски Ал Шабаб

Давид Де Геа се уште нема клуб иако поминаа седум месеци од неговото заминување од Манчестер Јунајтед.

Де Геа имаше многу понуди, се шпекулираше со много клубови, но Шпанецот се уште е без ангажман и е слободен агент.

Последните информации се дека Де Геа е пред преселба во Саудиска Арабија и ќе потпише за Ал Шабаб. Де Геа се поврзуваше и со Ал Наср чиј член е Кристијано Роналдо, но тогаш неговата сопруга не се согласуваше со преселба во Саудиска Арабија.

Сега Шпанецот донел конечна одлука и се согласил да стави потпис на договор со Ал Шабаб.


Зидан ја сонува француската клупа

Зинедин Зидан сака да најде работа во француската репрезентација.

51-годишниот стратег е подготвен да почека додека селекторското место, кое моментално го држи Дидие Дешамп, не биде испразнето. На 26 јануари беше објавено дека Зидан ја одбил понудата од Алжирската фудбалска федерација да стане нивен селектор.

Последната работа на францускиот тренер беше Реал Мадрид, кој го напушти летото 2021 година.


Док Риверс нов тренер на Милвоки

Американскиот кошаркарски тренер Док Риверс доби нова задача во НБА-лигата: да му помогне на еден од најтрофејните тимови во лигата.

Милвоки бакс го ангажираше и, како што открива НБА- инсајдерот Шамс Шаранија, тој ќе добие договор до крајот на сезоната 2026/2027.

За тој ангажман, ќе инкасира околу 40 милиони долари, а необично е тоа што нема да биде единствениот тренер што го плаќа Милвоки.

Бидејќи клубот во изминатиов период ги отпушти Мајк Буденхолцер и Адријан Грифин, тие двајца ќе бидат на платниот список.

И тоа, ни помалку ни повеќе, туку во следните три и пол години, пишува Чаранија, што значи дека буџетот на Бакс, шампионот во НБА-лигата од 2021 година, ќе биде доста испразнет.


Наполи потпиша со Дендонкер од Астон Вила

Oткако го продаде Елиф Елмас и ги испрати на позајмици Заноли и Зербин, Наполи работи на засилувањата и во своите редови доведе четири засилувања.

Последно засилувања во тимот кој во овој момент го предводи Валтер Мацари е Леандер Дендонкер кој пристигнува на позајмица од Астон Вила.

Во прашање е белиски интернационалец кој во Вила не доби премногу простор за игра сезонава, претходно го носеше дресот на Вулверхемптон.

Пред Белгиецот пристигнаа Хамед Траоре од Бормут (позајмица), Пасквал Мазоки од Салернитана и Сирил Нгонге од Верона.

Според најавите во италијанските медиуми во наредниот период се очекуваат и уште неколку нови имиња.


Ѓоковиќ го потврди учеството на Мастерсот во Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ го потврди турнирот на кој ќе се врати на терените по поразот од Јаник Синер на Австралија Опен. Српскиот тенисер ќе учествува на Индијан Велс од Мастерс серијата.

Имаше дилеми дали ќе игра Новак на овој турнир каде што не се појавил од 2019 година поради пандемијата со корона-вирусот, но преку неговиот официјален сајт Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи тука.

Турнирот во Индијан Велс се игра од 6-ти до 17-ти март, а Ѓоковиќ досега освои пет титули, последната беше во 2016 година.

Засега нема потврда дали ќе продолжи и во Мајами каде што исто така поради ковид правилата не играше изминатите години.


Челзи го направи најскапиот трансфер во историјата на женскиот фудбал

Границите во светот на фудбалот се поместуваат, а се повеќе се вложува во женскиот фудбал.

Во светот има се повеќе инвестиции, фудбалерите се добро платени, а најновите вести велат дека сега имаме нова најскапа фудбалерка на светот.

Станува збор за колумбиската напаѓачка Мајра Рамирез, која на 24 години стана најскапата фудбалерка на светот, а дресот на шпански Леванте го замени со дресот на англискиот шампион Челзи.

Челзи за Рамирез одвои 450.000 евра, а бројката може да биде и 500.000 доколку одигра барем 30 отсто од натпреварите.

Тоа речиси сигурно ќе се случи бидејќи Рамирез игра во одлична форма.

Претходниот рекордер Кира Волш во 2022 година се пресели од Манчестер Сити во Барселона за 400.000 евра, но прашање на денот беше кога ќе биде соборен тој рекорд.

Женскиот фудбалски клуб Челзи на одличен начин ја претстави Рамирез и направи одличен маркетинг. Не е ни чудо што натпреварите од женската Премиер лига се сè попосетени и што веќе се издвојуваат огромни пари за засилувања.


Стефан Савиќ по осум години го напушта Атлетико Мадрид

Црногорскиот фудбалер Стефан Савиќ по осум успешни години е пред заминување од Атлетико. Поранешниот играч на Партизан, Манчестер сити и Фиорентина оваа сезона падна во втор план кај тренерот Чоло Симеоне и одигра само 972 минути во сите натпреварувања.

Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче инсистира на трансферот на официјално најдобриот црногорскиот фудббалер во 2023 година.

Дека Атлетико е подготвен да се раздели со Савиќ покажува и податокот дека клубот за него нема да бара обесштетување.