feature

Американците избраа дрим-тим за олимпискиот турнир во кошарка

Кошаркарската федерација на САД го објави поширокиот список на играчи за Олимписките игри во Париз.

На него има 41 кошаркар, од нив треба да се извојат финалните, но од имињата кои се наоѓаат на листата застанува здивот.

Тука се сите големи американски ѕвезди од НБА лигата, од Леброн Џејмс, преку Кевин Дурант, Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Каваи Ленард, Крис Пол, Тре Јанг, Стеф Кари, Жоел Ембид, до Џејсон Тејтум, Пол Џорџ, Џими Батлер.

Списокот ќе биде скратен во април, а оние 12 кои ќе настапат на Олимписките игри во Париз ќе се знаат по завршувањето на сезоната во НБА лигата.


Жоелингтон успешно опериран, се враќа на терените по четири месеци

Њукасл објави дека фудбалерот,  Жоелинтон, имал операција  на препоните. Бразилецот се повреди на натпреварот од ФА Купот против Сандерленд одигран на 6 јануари.

Хируршката интервенција беше успешна и фудбалерот ќе започне со процесот на опоравување. Се очекува тој да биде подготвен за настап во почетокот на мај. Одличниот играч за врска пристигна во Њукасл во 2019 година.

Тој има 23 настапи со 3 гола и исто толку асистенции. Договорот на Бразилецот со клубот од „Сент Џејмс Парк“ е до 2025 година.


Видал се врати дома, потпиша за Коло Коло

Артуро Видал пронајде нов клуб и тоа во неговата татковина Чиле.

36-годишниот Чилеанец кој во Европа беше дел од гиганти како: Јувентус, Баерн, Барселоан и Интер минатата сезона го носеше дресот на Атлетико Параненсе во Бразил.

Видал сега се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Коло-Коло каде што ќе настапува со бројот 23 на грбот. Во својата кариера Видал успеа да освои и две титули на Копа Америка со Чиле.


Мадрид доби улична Формула 1 трка по 45 години

Шпанската престолнина Мадрид и Светската автомобилска федерација (ФИА) потпишаа договор за соработка до 2035 година. Трките во Формула 1 на тој начин ќе се вратат на улиците на Мадрид по 45 години.

Од 2026 година Шпанија ќе биде домаќин две трки во првенството на Формула 1, бидејќи Каталонија е редовна локација од 1991 година.

Во вторникот, извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали и градоначалникот на Мадрид, Хосе Висенте де лос Мосос, пред медиумите го претставија планот за трката во Мадрид. Позната е и рутата по која ќе возат болидите.

Трката ќе се вози недалеку од центарот на градот, патеката ќе минува и покрај некои познати градби од историска важност, што ќе додаде дополнителен шарм на овој спектакл.

Патеката ќе биде долга 5 километри, ќе има 20 свиоци, а идејата на организаторот е да обезбеди капацитет за 140.000 луѓе.


Барса одлучи да го откупи договорот на Жоао Кансело

Барселона донесе одлука на крајот на сезоната да го откупи договорот на Жоао Кансело, пренесуваат шпанските медиуми.

Кансело во летниот преоден рок пристигна во Барселона на позајмица, а клубот е задоволен од она што досега го прикажа. Манчестер Сити за услугите на Кансело бара оштета од 25 милони евра.

Барселона донела конечна одлука и е спремна да плати 25 милиони евра за откуп на договорот.


Teшко се повреди центарот на Олимпијакос, Никола Милутинов

За „црвено-белите“ од Пиреја и тоа како е ден за заборав бидејќи покрај поразот останаа и без еден од своите најдобри кошаркари Никола Милутинов.

Српскиот репрезентативец заработи бизарна повреда на почетокот на третата четвртина кога при враќање во својот дел од теренот згазна на ногата на неговиот соиграч Костас Папаниколау.

Центарот мораше со помош да биде испратен надвор од теренот, а на изненадување, доби и овации од домашната публикта.

Првичните информациите велат дека станува збор за тешка повреда, а колкаво ќе биде отсуството ќе биде познато по деталните лекарски прегледи


Барса одлучи да го откупи договорот на Кансело

Барселона донесе одлука на крајот на сезоната да го откупи договорот на Жоао Кансело, пренесуваат шпанските медиуми.

Кансело во летниот преоден рок пристигна во Барселона на позајмица, а клубот е задоволен од она што досега го прикажа. Манчестер Сити за услугите на Кансело бара оштета од 25 милони евра.

Кансело ги оправда очекувањата на Чави и игра одлично на „Камп Ноу“, па приоритет ќе биде негово останувањ во тимот.

Барселона донела конечна одлука и е спремна да плати 25 милиони евра за откуп на договорот.


Бензема спремен да се врати и да ја заврши кариерата во Лион

Карим Бензема по само неколку месеци поминати во Саудиска Арабија би можел да се врати во Европа.

Ал Итихад поради недисициплина го исфрли за продолжение од првенството, а фудбалерот не крие дека сака да ја промени средината.

Последните информации се дека Бензема може да се пресели во Лион, клуб каде ја започна фудбалската кариера.

Лион се надева дека ќе може да ги убеди Саудицјите да се согласат на договор поради добриот однос на „Игл“, кој е сопственик на францускиот клуб, со саудиските власти.


Баерн реши да ги продаде Канаѓанецот Дејвис

Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го напушти Баерн Минхен.

Дејвис сака да ја зголеми платата на 14 милиони евра годишно, но Баерн не е подготвен за такво нешто, па преговорите се во застој. По последните преговори, Баерн е подготвен да го продаде Дејвис на лето со цел да не си замине бесплатно во јуни 2025 година.

Клубот не е задоволен од неговото однесување, а и постојаните шпекулации за трансфер во Реал Мадрид влијаат на него.

Реал е во контакт со неговиот агент и наводно имаат начелен договор, а Баерн е разочаран од ситуацијата и спремен да го продаде на лето


Халанд се врати на тренинзите по седум недели пауза

Ерлинг Халанд се опорави од повредата и се врати на тренинг. Напаѓачот на Манчестер Сити почна да тренира со своите соиграчи и се очекува Норвежанецот да се врати на терените до крајот на месецот.

Халанд нема играно натпревар од 6 декември поради повреда на стапалото.

Оваа сезона во 15 натпревари во Премиер лигата Халанд беше стрелец на 14 гола, а имаше и 4 асистенции.