Португалскиот репрезентативен стопер Рубен Диaш треба да потпише нов договор со Манчестер сити. Актуелниот договор му истекува во јуни 2027 година.
Тренерот Пеп Гвардиола има на располагање дури седум стопери, но најголема доверба има во Диаш, кој има загарантирано место во првиот тим.
Сити го донесе пред пет години од Бенфика за 70 милиони евра, а досега одигра 222 натпревари за англискиот клуб.
Медиумите не споменуваат до кога ќе трае новиот договор, но јасно е дека ќе добие поголема плата. Претходниот договор му гарантираше годишна плата од 11 милиони евра.
Милан формира кошаркарска секција
Џери Кардинали, раководителот на компанијата „Ред берд капитал“ и мнозински сопственик на Милан, е во контакт со Адам Силвер, комесарот на НБА.
Според веста на „Газета дело спорт“, Милан би можел да добие сестрински клуб во кошарка, сличен на оние што ги имаат Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче, Партизан и Црвена звезда.
Близу до такво нешто се и Манчестер сити и Пари Сен Жермен. Причината за создавањето на кошаркарската секција ќе биде НБА-лигата, која има намера да го прошири своето присуство на „стариот континент“.
Шесте најдобри тенисери ќе играат на супер-турнир во Ријад
Најдобрите светски тенисери го потврдија своето учество на овогодинешниот „Six Kings Slam”, кој повторно ќе се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
Овој турнир го има најголемиот награден фонд во светот, но интересно е што не е во официјалниот АТП календар и не носи бодови во генералниот пласман. Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Тејлор Фриц, Џејк Дрејпер и Александар Зверев го најавија своето присуство, а секој учесник ќе биде награден со сума од 1,5 милиони евра.
За победникот е предвидена „солена“ награда од дури шест милиони евра, што е двојно повеќе од наградите што тенисерите ги добиваат на најпрестижните Грен-Слем турнири.
Овогодинешното издание на турнирот „Six Kings Slam“ ќе се одржи од 15 до 18 октомври. Најголеми фаворити за трофејот ќе бидат Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Барса ќе му ја одземе траката на Тер Штеген
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, ќе ја изгуби капитенската лента на барање на раководството на клубот.
Како што објави „3Cat“, на главниот тренер Ханс-Дитер Флик му било кажано дека е потребно да се назначи нов капитен како дисциплинска мерка против 33-годишниот Германец.
Голманот одбил да потпише извештај за повреда која требало да се достави до медицинската комисија на Ла Лига. Клубот сакал да регистрира нов играч користејќи клаузула во прописите, но за тоа е потребна потврда дека на повредениот ќе му бидат потребни најмалку 4 месеци за да закрепне.
Тер Штеген брани за Барселона од 2014 година. Тековниот договор на играчот е до 2028 година. Во сезоната 2024/25, тој беше на голот девет натпревари во сите натпреварувања и прими 11 гола.
Ванкувер го претстави Томас Милер
Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Томас Милер, им се приклучи на Ванкувер Вајткепс од МЛС лигата, објави официјалната веб-страница на лигата.
Договорот на играчот со неговиот нов клуб е со важност до крајот на 2025 година и вклучува опција за продолжување за уште една сезона.
35-годишникот го напушти Баерн Минхен во летото 2025 година по завршувањето на Светското клупско првенство. Вкупно, Милер одигра 756 натпревари за тимот од Минхен во сите натпреварувања, постигна 250 гола и имаше 276 асистенции.
Како дел од тимот на Баерн Минхен, Милер освои 33 трофеи, вклучувајќи два трофеи од Лигата на шампионите. Покрај тоа, германскиот играч е светски шампион во 2014 година.
Ројевиќ: Нашата амбиција е Охрид да ги победи најдобрите екипи во Македонија
ГРК Охрид новата сезона ја дочекува со неколку нови имиња и нов тренер Борис Ројевиќ. Охриѓани со поголеми амбиции ќе „влезат“ и во Европскиот куп на ЕХФ и во домашните натпреварувања.
Задоволен сум од ангажманот на играчите и тоа како работат. Ние сме нова екипа и ќе ни треба време да се воиграме. Најважно е сега што сите го даваат максимумот, а очекувам така да биде и кога ќе „дојдат“ натпреварите. Нова екипа сме, но амбициите ни се победи против најдобрите екипи во Македонија, изјави тренерот Ројевиќ.
ГРК Охрид базичните подготовки ги реализира во Охрид, а ќе учествува на „Струшкиот турнир“ од 13-16.август и потоа се домаќини на турнирот „Крсте Андоновски“. Во првото коло од домашното првенство ГРК Охрид игра против Алкалоид на почетокот на септември.
Ла Лига не го прифаќа лекарскиот извештај на Барса без потписот на Тер Штеген
Шпанската Ла Лига нема да може да го прифати медицинскиот извештај на Барселона за повредата на голманот и еден од капитените на тимот, Марк-Андре тер Штеген, без потпис на играчот, објавува „Кадена Сер“. Да потсетиме дека кон крајот на јули, 33-годишниот голман беше подложен на операција на грбот.
Претходно беше објавено дека раководството на Барселона не било информирано за одлуката на Тер Штеген да се подложи на операција, а закрепнувањето од истата ќе трае долго. „Кадена СЕР“ тврди дека Германецот одбива да се согласи клубот да испрати извештај за неговата повреда до медицинската комисија на Ла Лига.
Барселона наводно бара да покрене дисциплинска постапка против Тер Штеген во врска со ова, бидејќи верува дека неговите постапки предизвикуваат финансиска и спортска штета. Барселона тврди дека има законска основа да го достави медицинскиот извештај на играчот, кој Ла Лига мора да го испита за да го примени правилото за повреда, без негова согласност. Сепак, лигата ќе го разгледа извештајот само со согласност на играчот, бидејќи тука стапува на сила законот за заштита на податоци.
Шкупи нема петнаесет регистрирани фудбалери, виси почетокот на сезоната за чаирчани
Уште не почнала новата сезона во ПМФЛ, а веќе има проблеми, пред премиерниот дуел од првото коло, големото дерби помеѓу Шкендија и Шкупи е под огромен знак прашалник.
Причина за тоа е тимот од Чаир, кој до моментов се уште нема пријавено 15 професионални договори на фудбалери до Фудбалската Федерација на Македонија со што би го исполнил главниот услов за настап во ПМФЛ.
Ова е огромен проблем за екипата на Шкупи, а се надеваме надеваме дека тимот од Чаир ќе успее д аго реши овој проблем во следните 24 часа.
Натпреварот од 1.коло меѓу Шкендија и Шкупи се играа во петок со почеток во 17 часот во Тетово.
Екипата на Шкупи се соочува и со друг проблем, стадионот на Чаир не ги исполнува условите за ВАР-системот, па ќе мора да биде домаќин на друг стадион, секако доколку прво пријави 15 професионални договори.
ФФМ се пофали: ВАР системот спремен за имплементација
Во „Куќата на фудбалот“ официјално беше промовиран ВАР системот кој за првпат во историјата на македонскиот фудбал ќе почне да се применува во новата сезона во ПМФЛ.
Вкупно три ВАР соби, сервер и контролна просторија се веќе направени по стандардите на ФИФА. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, заедно со Дејан Јакимовски, ВАР проект лидер и Јосип Бартон, претседател на комисија за делегирање на судии ги споделија деталите за имплементацијата на ВАР.
ФФМ заедно со ВАР системот обезбеди и репортажно возило кое ќе може да се користи за ТВ пренос на натпревари.
Првиот човек на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, изрази задоволство од имплементираната ВАР технологија. Омерагиќ вети дека првото нешто на кое ќе работи ќе биде ВАР системот и за кратко време успеа да го исполни ветувањето.
„ВАР системот во Македонија конечно стана реалност. Горд сум на тимот во федерацијата кои 24/7 работеше на овој проект. Ја набавивме целосната потребна технологија, имаме три модерни соби и контролна просторија. За овие три месеци направивме огромна работа. На многу поголеми федерации од нашата им беше потребен многу подолг период за да го спроведат ВАР системот. Затоа ФИФА и УЕФА ни оддадоа признание, не им се вруваше дека за толку кратко време ќе успееме да го реализираме овој голем проект“, изјави Омерагиќ.
Сите прволигаши имаат пријавено стадиони со ВАР лиценца и услови, со исклучок на стадионот во Чаир каде игра Шкупи и каде сеуште нема услови за имплементација на системот. Сите судии во ВАР-собите ќе бидат македонски арбитри.
Конте го сака Муса од Милан во Наполи
Наполи сè уште е заинтересиран за играчот од средниот ред на Милан, Јунус Муса. Шампионот е во постојан контакт со „росонерите“ околу трансферот на 22-годишниот Американец уште од јуни, кога беа блиску до купување за 25 милиони евра.
Засега „росонерите“ не се решителни околу иднината на Американецот, но Наполи не се откажува и инсистира да добие конкретен одговор од Милан. На 40 натпревари минатата сезона во сите натпреварувања за Милан, играчот од средниот ред имаше три асистенции.