feature

Питлик го менува Флензбург со Фуксе Берлин

Откако пропаднаа преговорите меѓу гигантите Фуксе Берлин и Фленсбург околу ангажманот на данскиот репрезентативец Симон Питлик, иако трансферот веќе беше договорен за 2027 година преку активирање на излезна клаузула, клубот од Берлин се обиде да го доведе уште ова лето, со цел да ја пополни празнината по заминувањето на Ласе Андерсон.

Понудите на германскиот шампион беа исклучително високи.

Во првата, Фуксе Берлин понуди пакет кој вклучуваше 750.000 евра и норвешкиот талент Тобијас Грондал, но раководството на Фленсбург ја одби оваа опција.

Потоа следеше и подобрена понуда од дури 1,5 милиони евра, што би претставувало еден од најголемите трансфери во историјата на ракометот, особено за играч кој би пристигнал пред договорениот рок.


Барса се вклучи во трката по Салах

Сè уште не е познато каде 33-годишникот Мохамед Салах ќе ја продолжи кариерата. Постојат огромни шанси неговата нова дестинација да биде Саудиска Арабија, но се појави уште една опција тоа е Барселона.

Извори блиски до каталонскиот клуб наведуваат дека Барса е подготвена да реагира и да го доведе Салах во текот на летото. Во нивна корист е фактот дека тоа доаѓа без обештетување.

„Барселона има шанса да го потпише Мохамед Салах. Тој е поврзуван со клубот со години, последниот пат минатата година“, се вели во него. Сепак, многу поизвесно е дека Египќанецот ќе оди во Саудиска Арабија.

Ал-Наср е тимот кој подготви понуда од над три милиони евра месечно за него, а тоа е бројка што е тешко да се одбие во овој момент. Исто така, постои интерес и од Ал-Итихад.


Челзи има нов фаворит, го сака Фабрегас на клупата

Сеск Фабрегас бележи одлични резултати со Комо и е на чекор до историски успех со пласман во Лигата на шампионите, а добрата форма не останува незабележана на фудбалскиот пазар.

Според последните најави, интерес за шпанскиот стратег покажува Челси, кој сериозно ја разгледува можноста да го доведе на „Стемфорд Бриџ“.

Иако во лондонскиот клуб во моментов имаат доверба во Росениор, кој го презеде тимот во јануари и има долгорочен договор, Фабрегас сепак се споменува како една од главните опции во случај на тренерска смена по крајот на сезоната.

Клучен фактор за иднината на актуелниот тренер ќе бидат резултатите, пред сè евентуалниот пласман во Лигата на шампионите. Доколку Челси успее да се врати во европската елита, каде што не настапувал од сезоната 2022/2023 веројатно и промена нема да има.


Интер го сака Касемиро за следната сезона

Интер е сè уште главен фаворит за освојување на Скудетото, но оваа сезона сигурно нема да биде оценета како успешна.

Интер беше елиминиран од Лигата на шампионите од Боде/Глимт, а во Италија не беше успеше во дерби натпреварите.

„Нероаѕурите“ веќе прават планови за летниот преоден рок, со цел да го засилат тимот. Според „Глобо“, во клубот сериозно размислуваат за ветеранот Касемиро.

Се пишуваше дека Бразилецот е блиску до заминување во Саудиска Арабија, но Интер би можел да се вмеша и да стигне до потписот на искусниот фудбалер, кој ќе го напушти Јунајтед на крајот од сезоната.

Во Интер веруваат дека 34-годишниот играч од средниот ред би можел да биде „врв на рамнотежа“, лидер во соблекувалната и продолжена рака на Киву на теренот, некој што ќе го стабилизира средниот ред и ќе му помогне на тимот да направи пробив следната сезона.


Минхен сака едно од наредните Светски првенства во атлетика

Минхен ќе се кандидира за домаќин на Светското првенство во атлетика во 2029 или 2031 година, одлучи денеска советот на најголемиот град во Баварија.

Градските советници со огромно мнозинство гласаа за поднесување на документите за апликација, кои вклучуваат финансиски гаранции за еден од најголемите спортски настани во светот.

Атлетските натпреварувања би се одржале на Олимпискиот стадион, кој е изграден за Олимписките игри во 1972 година и во моментов е во процес на реновирање. Стадионот беше домаќин на Европското првенство во атлетика во 2002 и 2022 година.

„Возбудливо Светско првенство во нашиот култен Олимписки парк би било благодет за спортот, за заедницата на нашиот град, за меѓународниот углед на Минхен и, секако, за нашата крајна цел да ги вратиме Олимписките и Параолимписките игри во Минхен“, градската раководителка за спорт Верена Дитл.

Градските челници очекуваат дека трошоците за организација на атлетското СП 2029 би изнесувале 107 милиони евра или 110 милиони евра за натпреварувањето што би се одржале во Минхен во 2031 година.


Џа Морант предвреме ја заврши сезоната поради повреда

Кошаркарот на Мемфис, Џа Морант, нема да игра до крајот на сезоната во НБА лигата поради повреда на левиот лакт, потврди неговиот клубот.

Дваесетишестгодишниот Морант се повреди на крајот на јануари.

Мемфис во клупското соопштение изрази надеж дека Морант целосно ќе се опорави за почетокот на следната сезона.

Морант одигра само 20 натпревари за Мемфис оваа сезона, со просек од 19,5 поени по натпревар.


Седлоски и Барди: Фокус, верба и заедништво пред дуелот со Данска

Селекторот Гоце Седлоски и капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди ја одржаа прес-конференција пред претстојниот натпревар против Данска, порачувајќи дека Македонија влегува во сериозен предизвик, но и со јасна верба во сопствените квалитети и тимскиот дух.

Гоце Седлоски — селектор на Македонија:

„Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина.

Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на терен. Подготвени сме тактички, знаеме што сакаме да играме, иако одлуката за составот и формацијата останува кај мене.

Ни недостасуваат одредени фудбалери, но тоа не го менува нашиот пристап. Данска е силна, но ние сме фокусирани на нашата игра. Во вакви натпревари деталите одлучуваат, а верувам дека имаме што да покажеме. Благодарност до навивачите за поддршката, тоа ни дава дополнителна сила.“

Енис Барди – капитен на Македонија:

„Добро ги анализиравме и ги подготвивме сите детали. Свесни сме против кого играме и што не чека, но и ние имаме свои адути.

По претходните натпревари извлековме важни лекции и тие ни помогнаа да се подобриме како тим. Новите играчи се вклопија одлично и атмосферата во тимот е на високо ниво, функционираме како едно.

Во вакви натпревари мотивацијата никогаш не недостасува. Потценувањето само дополнително нè мотивира. Поддршката од навивачите секогаш ја чувствуваме и ќе дадеме сè од себе да ги направиме горди.“


Олисе од Баерн ќе го менува Салах во Ливерпул

Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул на крајот од тековната сезона 2025/26, со што ќе заврши неговиот извонреден деветгодишен престој на „Енфилд“. Египетскиот напаѓач постигна договор со клубот за заминување, а од почит и благодарност кон навивачите, инсистираше веста за неговата иднина да биде објавена што е можно поскоро за да се обезбеди целосна транспарентност.

Веднаш по објавата дека заминува од Ливерпул, логично се наметна прашањето, кој ќе дојде на неговото место.

Медиумите во Англија тврдат дека тоа ќе биде Мајкл Олисе од Баерн. Се најавува дека овој трансфер ќе биде од финансиски, најголемите трансфери во претстојниот преоден рок.

Во прилог на овие тврдења од Англија, дојде и информација од Шпанија, дека Реал Мадрид практично го призна поразот во трката за францускиот репрезентативец, верувајќи дека неговиот трансфер на „Енфилд“ е веќе завршена работа.

Овој развој на настаните претставува значаен пресврт на фудбалскиот пазар. Реал Мадрид ретко се откажува од борбата за врвни играчи, освен ако исходот не е однапред јасен. Во овој случај, се чини дека намерите на Ливерпул, а веројатно и желбата на самиот играч, создадоа одлучувачка предност.

Реализацијата на трансферот сепак ќе зависи од проценката на Баерн. Извори од Германија наведуваат дека раководството на клубот би било подготвено да го пушти за 100 милиони евра.


Шлотербек ја затвори вратата на Реал, ќе остане и догодина во Дортмунд

Новиот спортски на Борусија Дортмунд, Нилс Оле Бук, по само неколку дена на функцијата, го повлече првиот потег. Како што тврдат германските медиуми, дефанзивецот Нико Шлотербек ќе остане во клубот. Шлотербек, според овие извори, ќе стане најплатениот играч во историјата на клубот.

Нико Шлотербек серозно се поврзуваше со Реал Мадрид, Шпанците пред еден месец пишуваа дека работата е речиси завршена.

Пресвртот се случи откако Борусија на дефанзивецот му понуди годишна плата, без бонуси, од 14 милиони евра. Реал, наводно не може да ја и парира на оваа понуда.

Иако сè уште се чека официјална потврда, неодамнешните зборови на менаџерот на Шлотербак, Матијас Замер, сугерираат дека потпишувањето на новиот договр е само прашање на време.

„Апсолутно сум убеден дека Нико ќе остане во Борусија. Тој е дел од една ера, а нова доаѓа. Клубот во моментов се менува и Нико Шлотербак би можел да стане препознатливо лице на новата ера“, рече поранешниот германски репрезентативец.

Останувањето на Шлотербак би бил и нов удар за Реал Мадрид, кој претходно не успеа да го убеди Дајо Упамекано да почека да му истече договорот со Баерн Минхен и потоа да се пресели во Мадрид. Наместо тоа, Французинот го продолжи договорот со Баварците.


Шифрин по шести пат го освои големиот кристален глобус

Американката Микаела Шифрин го освои Големиот кристален глобус по шести пат во кариерата, наменет за вкупен победник на Светскиот куп во алпско скијање.

Во пресрет на последната трка, Шифрин имаше 85 поени повеќе од втропласираната Германка, Ема Ајхер, и можеше да остане без титулата само ако Ајхер забележеше победа, а таа не освоеше ниту еден поен.

По првото возење, таа можност беше реална бидејќи Шифрин беше 17-та, а Ајхер трета, 26 стотинки зад водечката. Сепак, во второто возење, Шифрин го подобри својот пласман, влезе меѓу првите 15 и со тоа ја додаде овогодишната титула на титулите од 2017, 2018, 2019, 2022 и 2023 година.

Според бројот на освоени титули во Светскиот куп, Шифрин се изедначи со претходната рекордерка, Анемари Мозер-Проел.

На крајот од оваа сезона, 31-годишната Шифрин има 110 победи во Светскиот куп, а покрај шест Големи глобуси, таа освои и 12 Мали глобуси за најдобри во одредена дисциплина (девет во слалом, два во велеслалом и еден во супервелеслалом). Покрај тоа, минатиот месец ја освои својата втора олимписка титула во слалом.

По големата грешка во втората трка, Ајхер го освои 12-то место, две стотинки зад Шифрин, па на крајот Шифрин победи со 87 поени предност.