feature

Пропуштениот „Последен танц“: Како Лапорта го стопираше веќе договореното враќање на Меси

Поранешниот тренер на Барселона, Чави, и поранешниот играч Лионел Меси

Во ексклузивно интервју, поранешниот тренер на Барселона, Чави, ги откри досега непознатите детали за трансфер сагата која за малку ќе ја променеше модерната историја на фудбалот. Наместо романтично враќање дома за Лионел Меси, навивачите добија горчливо разочарување, а Чави сега јасно посочува кој ја повлекол кочницата.

Според зборовите на Чави, враќањето на Аргентинецот на Камп Ноу не било само пуста желба или медиумска шпекулација, туку реалност која чекала само потпис. По историскиот успех на Аргентина на Светското првенство во Катар, сите коцки биле подредени за негово враќање во Каталонија.

„Враќањето на Меси беше завршена работа по Светското. Сè беше комплетирано,“ открива Чави. Тактичките планови биле веќе подготвени, соблекувалната со нетрпение го очекувала својот најголем идол, а самиот Меси дал зелено светло за да се врати.

Најголемата пречка во изминатите години беа строгите финансиски правила на Ла Лига. Сепак, изненадувачкиот пресврт во оваа исповед е потврдата дека администрацијата овојпат не била проблемот. Чави потврди дека клубот добил официјално одобрение од лигата за реализација на трансферот.

Финансискиот план бил прифатен и се чинело дека ѕвездите конечно се поредиле во корист на Барселона. Меси сакаше да се врати и лигата беше подготвена да ја прифати својата најголема ѕвезда.

Иако сите надворешни фактори беа поволни, сонот беше срушен од внатре. Чави објаснува дека претседателот Хоан Лапорта донел тешка одлука во последен момент, водејќи се од внатрешната стабилност на клубот.

Лапорта го информирал тренерот дека потпишувањето на Меси би предизвикало „војна за плати“ во соблекувалната. По долготрајните напори за кратење на трошоците и убедувањето на актуелните играчи да ги намалат своите примања, претседателот се плашел дека доаѓањето на Меси, дури и со значително намалена плата, би ја нарушило кревката хиерархија. Со цел да ја заштити долгорочната хармонија во тимот, Лапорта го стопираше трансферот, ставајќи крај на најочекуваното враќање во историјата на спортот.


Милано во црвено-црно: Историски триумф над Интер за враќање на неизвесноста

Играчите на Милан слават по постигнат гол над ривалот Интер

Уште од првиот свиреж, атмосферата на Сан Сиро беше наелектризирана. Избраниците на Масимилијано Алегри наметнаа висок интензитет и агресивен пресинг, што за малку ќе вродише со плод уште во 3. минута. Лука Модриќ се обиде да ја искористи ретката грешка на голманот Јан Зомер, но неговиот обид заврши за малку покрај голот. Од друга страна, Интер под водство на Кристијан Чиву, тешко го наоѓаше својот ритам во отсуство на клучниот Лаутаро Мартинез. Иако „Нероазурите“ имаа поголем посед на топката, одбраната на Милан, предводена од Страхиња Павловиќ, делуваше непремостливо.

Синџирот беше конечно скршен во 35. минута. Јусуф Фофана, моторот во средниот ред на „Росонерите“, испрати прецизно додавање до Первис Еступињан. Еквадорскиот бек мајсторски го искористи слободниот простор на левата страна и со силен удар ја заби топката под пречката. Овој погодок влезе во историјата, бидејќи Еступињан стана првиот Еквадорец кој постигнал гол во славното градско дерби „Дела Мадонина“.

Во второто полувреме, Интер фрли сè на една карта во очајнички обид да израмни. Федерико Димарко и Хенрих Мхитарјан имаа златни прилики, но Мењан уште еднаш потврди зошто е меѓу светската елита на голмани. Како што одминуваше времето, тензијата на теренот достигна точка на вриење.

И покрај добртие шанси на „Сино-црните“, Милан издржа до крајот, запишувајќи уште една „чиста мрежа“ што уште еднаш ја потврдува нивната дефанзивна доминација сезонава.

Оваа победа има огромно значење. За првпат по сезоната 2010/11, исто така под водство на Алегри, Милан успеа двапати да го совлада Интер во рамките на една првенствена сезона. Дополнително, со овој резултат „Росонерите“ ја продолжија низата од седум натпревари без пораз против најголемиот ривал во сите натпреварувања.

Што е уште поважно, трите бода драстично ја променија сликата на табелата во Серија А. Предноста на Интер е намалена од десет на седум бода, на десет кола до крајот. Иако лидерот и понатаму е фаворит со 67 бодови, Милан со 60 е подготвен да го искористи секој следен кикс. Трката за титулата, за која многумина сметаа дека е веќе решена, сега е повторно целосно отворена.


Ламин Јамал многу порано „раситни“ 50 гола од Меси и Роналдо

Младата суперѕвезда на Барселона, Ламин Јамал ги поместува границите, засега има подобри бројки од двајцата најдобри фудбалери на сите времиња, Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Јамал синоќа ѝ донесе победа на Барселона на гостувањето кај Атлетик Билбао. За него тоа беше јубилеен 50. гол во сениорска конкуренција.

Тој до бројката од 50 голови дојде на 18 години и 237 дена.

Колку за споредба, Меси до 50 голови дојде на 20 години и 315 дена, а Роналдо на 21 година и 297 денови.

Јамал оваа сезона има 19 голови во сите натпреварувања со што го собори личниот рекорд од минатата сезона. Со оглед на тоа што до крајот на сезоната има уште многу натпревари, бројката сигурно ќе биде поголема.


Задар го врати Адем Мекиќ во своите редови

Членот на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација, Адем Мекиќ повторно ќе го носи дресот на хрватскиот клуб Задар.

Претходно тој ги бранеше боите на Задар во сезоните 2022/23 и 2023/24, со овој клуб освои две титули, во хрватското првенство и Купот „Крешимир Ќосиќ“.

Според информациите, Мекиќ го раскинал договорот со косовскиот клуб Бора од Приштина. Требаше да потпише за клуб од Германија, но имаше проблеми со работната дозвола.


Реал јавно потврди дека не е заинтересиран за Родри

Реал Мадрид одговори на гласините околу евентуалниот трансфер на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри. Клубот ја отфрли можноста за потпишување на договорот со освојувачот на „Златната топка“ во 2024 година како дел од своите планови за летниот преоден рок во 2026 година, објави „АС“.

Според еден извор, и покрај активната потрага по засилувања во средниот ред, Родри не е меѓу кандидатите што ги разгледува раководството на Реал Мадрид.

Се очекува шпанскиот играч да се појави на „Сантијаго Бернабеу“ само за натпреварот против нивниот противник во следната рунда од Лигата на шампионите на УЕФА.

Главните причини за откажувањето на трансферот беа стратешка одлука на мадридскиот клуб, како и последиците од сериозната повреда на играчот минатата година. Мадридскиот клуб отсекогаш високо го почитувал лидерот на шпанската репрезентација, но сега се фокусира на млади перспективни играчи.

Договорот на Родри со Манчестер Сити е до 2027 година, а тој ја разгледува понудата на клубот за продолжување на договорот. Оваа сезона, освојувачот на „Златната топка“ одигра 24 натпревари за клубот од Манчестер, постигнувајќи два гола.


Јакоб Киплимо oд Уганда нов светски рекордер во полумаратон

Јакоб Киплимо од Уганда постави нов светски рекорд во полумаратон, победувајќи во Лисабон со време од 57.20 минути, подобрувајќи го претходниот рекорд за десет секунди.

Трикратниот светски шампион во крос-кантри (2023, 2024, 2026) го собори рекордот поставен од Етиопјанецот Јомиф Кејелча, кој го собори претходниот рекорд на Киплимо за една секунда во Валенсија 2024 година.

Киплимо, освојувач на бронзен медал на 10.000 метри на Олимписките игри во Токио 2021 година и Светското првенство 2022 година, истрча 56 минути и 42 секунди во Барселона минатата година, но неговиот светски рекорд не можеше да биде ратификуван бидејќи условите на трката не беа целосно во согласност со правилата на Светската атлетика.


Партизан го претстави Раул Гонзалез

Поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалез седнува на клупата на РК Партизан од Белград.

Шпанецот моментално е селектор на Србите, а од од јуни седнува и на клупата на Партизан.

Веќе претходно клубот соопшти дека сегашниот тренер Ѓорѓе Чирковиќ ќе замине по крајот на тековната сезона, а за нов тренер беше официјално промовиран Раул Гонзалез.


Охрид последен учесник на Ф4 од Купот на Македонија

Екипите на Вардар, Еурофарм пелистер, Алкалоид и Охрид ќе бидат учесници на завршниот турнир од Купот на Македонија во ракомет. Денеска со одигрувањето на последниот финален меч од групната фаза, екипата на Охрид го комплетираше составот на завршниот турнир. Охриѓани денеска беа подобри од МРК Куманово со 35-18.

Вчера во преостанатите три финални дуели во четирите групи победи обезбедија и Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид. Останува да го очекуваме финалниот турнир на кој ќе се појават четирите најдобри состави и од домашниот шампионат.


Емери заминува од Астон Вила на крајот на сезоната

Унаи Емери веројатно ќе ја напушти Астон Вила по завршувањето на сезоната. Главната причина е незадоволството од финансирањето на клубот. Шпанецот е незадоволен и од ограничувањата за трансфери, објави „Фудбал Инсајдер“.

И покрај успехот на тимот, Астон Вила се соочуваше со тешкотии во почитувањето на финансиските прописи и во Премиер лигата и во европските натпреварувања во последните години. Во февруари се појавија информации дека клубот повторно ќе биде казнет од УЕФА, и покрај тоа што оствари профит минатата сезона.

Ова е затоа што Астон Вила повторно ги прекрши прописите на УЕФА за трошење пари на екипите, кои ги ограничуваат трошоците на клубовите за плати, трансфери и провизии на агенти на 70 проценти од нивните приходи.

Унаи Емери ја презеде Астон Вила во 2022 година, кога клубот се бореше со испаѓање. Тимот моментално е на четвртото место во Премиер лигата и ќе игра


Башкими ја победи Македонија ЃП во директен дуел за опстанок

Фудбалерите на Башкими со доминантна игра и голема пожртвуваност го затворија вториот циклус од Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи ја екипата на Македонија Ѓ.П. со 2-0.

Натпреварот започна со силно темпо на домашните. Уште во 7-мата минута, по асистенцијата на Аворнио, Рибеиро се закани со глава, но голманот Јанков беше на место. Само една минута подоцна, гостите се обидоа преку Стојчевски, но неговиот шут заврши над голот.

Најзрелата шанса во првиот дел ја имаше Ор во 32-рата минута. Тој мајсторски се ослободи од Али Адем и силно биеше, но неговиот удар заврши во стативата. Пред самиот крај на полувремето, Арменд Алими и Ор имаа уште две изгледни прилики, но мрежите мируваа најмногу благодарение на интервенциите на гостинскиот чувар на мрежата.

Притисокот на Башкими продолжи и во вториот дел преку Мурати и Алими. Во 70-тата минута видовме вистинска драма на двете страни: прво Јанков го одбрани ударот на Алими, а во контранападот Јашар покажа зошто е меѓу најдобрите, сопирајќи го опасниот обид на Еступиниан.

Клучниот момент дојде во 73-тата минута. По еден продор во шеснаесетникот, Пановски беше непрописно сопрен од Еступиниан, а главниот судија без двоумење покажа на белата точка. Искусниот Аворнио беше ладнокрвен реализатор за водство од 1-0.

Точка на натпреварот и потврда на петтата позиција на табелата стави Ресул Мемети во 83-тата минута. По одличен контранапад и асистенција на Рибеиро, Мемети ја затресе мрежата за конечни 2-0 и огромна радост на трибините во Куманово.