Фенербахче го комплетираше трансферот на Леонардо Бонучи кој потпиша договор до крајот на сезоната.
Кратко траеше епизодата на Бонучи во Унион Берлин, па по неколку месеци се сели на нова дестинација.
Бонучи вчера ги помина медицинските прегледи и ја официјализираше соработката.
Карабатиќ го брка рекордот на Сигурдсон
На Европското првенство во ракомет во Германија, Никола Карабатиќ, репрезентативецот на Франција, има шанса да го достигне рекордот според бројот на постигнати голови.
Карабатиќ на досегашните ЕП има постигна 279 гола и е блиску до Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон, кој со 288-те голови е најефикасниот играч на сите времиња.
Никола Карабатиќ со 71 одигран меч на ЕП е рекордер. Тој е и меѓу тројцата играчи во историјата на ЕП кои по двапати биле прогласувани за МВП. Другите двајца се Хрватот Ивано Балиќ и Швеѓанецот Џим Готфридсон.
Најмногу голови на едно ЕП, 2020-та, има дадено Норвежанецот Сандер Сагосен, 65. Хрватска, Франција и Шпанија се трите репрезентации кои играле на сите ЕП од 1994 година па досега.
Шпанија има најмногу медали од ЕП, вкупно девет. Најмногу злата има Шведска, пет. Шест земји имаат освојувано златни медали на 15 првенства, меѓу кои ќе ја нема Русија поради воената ситуација во Украина.
Портнер сепак ќе брани на дуелот против Македонија
Еден од најдобрите ракометари на швајцарската ракометна репрезентација, Никола Портнер се повреди на дуелот против Германија во првото коло на Европското првенство.
Еден од најдобрите ракометари на швајцарската ракометна репрезентација, Никола Портнер се повреди на дуелот против Германија во првото коло на Европското првенство.
Голманот на Швајцарија не го доигра дуелот против домаќинот на шампионатот, пред крајот на второто полувреме мораше да го напушти теренот, откако незгодно доскокна.
По деталните прегледи и снимање со магнет, од федерацијата на оваа земја беше соопштено дека станува збор за истегнување на лигамент и дека тој ќе продолжи со настапот на ЕП.
Никола Портнер кој е голман на европскиот шампион Магдебург, се очекува да биде на располагање за следните мечеви, најверојатно ќе го чуваат за пресметката со Македонија која е закажана за 16 јануари.
Бразил мина без казна од ФИФА
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) нема да воведува санкции за бразилската репрезентација и клубовите од земјата, пишува „Inside the Games“.
На 25 декември, ФИФА ја предупреди Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) на можна суспензија од меѓународните натпреварувања поради наводно мешање во изборот на нов шеф на организацијата.
На 7 декември, судот во Рио де Жанеиро го суспендираше Родригез да работи за CBF поради изборни нерегуларности минатата година. ФИФА оваа одлука ја смета за кршење на сопствената повелба за немешање на владините тела во работата на фудбалските сојузи на земјата.
На 4 јануари, Федералниот Врховен суд нареди Родригез да биде вратен на функцијата.
Анчелоти: Симеоне е идеален тренер за Атлетико
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го сподели своето мислење за тренерот на Мадрид, Диего Симеоне, пред натпреварот со Атлетико во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.
„Симеоне е идеален тренер за овој тим. Во спротивно тешко дека ќе издржеше толку долго на функцијата. Разговаравме многу и добро се познаваме. Се однесуваме еден кон друг со почит“, вели Анчелоти.
Симеоне е главен тренер на Атлетико Мадрид од декември 2011 година.
Почнува Азискиот Куп, домаќин повторно Катар
Катар од 12 јануари до 10 февруари ќе биде домаќин на Азиското фудбалско првенство, а на ова 18 издание на континенталниот турнир ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи. Домаќин на Азиското првенство требаше да биде Кина, која се откажа поради пандемијата на коронавирус.
Финалето ќе се игра на стадионот Лусаил, со капацитет од 88.966 седишта, на кој се одигра и мундијалското финале во декември 2022 година во кое Аргентина ја совлада Франција.
Титулата азиски првак ја брани домаќинот Катар, кој на последното издание во 2019 година беше поуспешен во финалето од Јапонија.
Катар третпат во историјата ќе биде домаќин на најдобрите азиски фудбалски репрезентации, по 1988 и 2011 година.
Круниќ му се приклучи на Фенербахче
Екс-Ју фудбалската
колонија во Фенербахче е зголемена за уште еден фудбалер. Ново засилување на гигантот
од Истанбул е Раде Круниќ кој во клубот пристигна од Милано.
Трансферот на
Круниќ го потврди и генералниот директор на Милано, Џорџо Фурлани, кој на
фудбалерот му посака успех во иднина со надеж дека ќе постигни големи работи во
популарниот Фенер.
Според наводите
во италијанските медиуми, клубовите се договориле за обештетување во висина од
5 милиони евра плус бонуси.
Синот на легендарниот Малдини позајмен во Монца
Офанзивниот играч
за врска Данијел Малдини, попознат како син на легендарниот италијански фудбалер
и легенда на Милан, Паоло Малдини, замина на позајмица во калчолигашот Монца.
Малдини јуниор во
есенската полусезона одигра седум натпревари без постигнат гол, па се очекува
играњето во Монца да му донесе поголемо искуство и постандардни настапи во
иднина.
Бонучи стигна на потпис во Истанбул
Италијанскиот фудбалски репрезентативецЛеонардо Бонучи се согласил на предвремен раскин на договорот со Унион Берлин и наскоро ќе му се приклучи на турскиот гигант Фенербахче. Италијанскиот дефанзивец ќе потпише договор со турскиот клуб до крајот на сезоната.
36-годишниот стопер утре треба да пристигне во Истанбул на медицински прегледи.
Бонучи минатото лето дојде во Унион Берлин од Јувентус како слободен играч. Оваа сезона, дефанзивецот одигра само 10 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол.
Захов по девет сезони замина од Шкендија
По цели девет сезони, од денеска и официјално Костадин Захов не е веќе дел од Шкендија. Како што известуваат од таборот на тетовци, Шкендија и Захов ја прекинале соработката. Ова значи дека сега тој ќе може без проблем да замине во Воска, како што и се шпекулираше.
Инаку Захов во Шкендија дојде во 2015 година и беше дел од златната генарација на тимот кој што во три наврати играше во плеј – офот во Лигата на Европа и освои три шампионски пехари два во Купот на Македонија.
Секако дека Шкендија му се заблагодари на Захов за се она што
го направи тој во изминатиот период.