feature

Иван Хашек нов селектор на чешката репрезентација

Чешката фудбалска федерација официјално го назначи селекторот кој
ќе ја води репрезентацијата на Европското првенство кое летово ќе се
одржи во Германија.
Се работи за искусниот Иван Хашек, кој доби договор до 2025 година,
со можност за продолжување на соработката доколку Чешка избори
учество на Светското првенство во 2026 година.
Хашек изјави дека е почестен што ја добил довербата од
федерацијата, а ова за него претставува враќање во репрезентацијата,
откако претходно кратко беше селектор во периодот меѓу 2009 и 2010
година.


Спинацола нема да го продолжи договорот со Рома

Фудбалерот на Рома, Леонардо Спинацола, нема да го продолжи
договорот и би можел да го напушти клубот во јануарскиот преоден
рок, најави денеска неговиот менаџер Давиде Липи.
Менаџерот на Спинацола категорично рече дека „нема шанси“
италијанскиот лев бек да го продолжи договорот, кој истекува во јуни.

„Ќе видиме како ќе се одвива јануарскиот преоден рок. Во спротивно,
ќе замине по истек на договорот“, изјави Липи за Спортиталија.
Спинацола, кој беше дел од италијанската репрезентација која ја
освои титулата на Европското првенство, оваа сезона го загуби
првотимскиот статус кај тренерот Жозе Мурињо и се шпекулира дека
до крајот на јануари би можел да се пресели во редовите на турски
Галатасарај.


Артета го сака Влаховиќ во нападот на Арсенал

Англискиот медиум „Скај Спорт“ пренесе дека премиерлигашот ќе се
обиде да го донесе српскиот фудбалер во овој преоден рок, затоа што
во него се гледа идеално решение да се прекине кризата во која
западна тимот на Микел Артета.
Последната сума за Влаховиќ која се споменуваше е 60.000.000 евра,
но таа сега е помала.
Српскиот центарфор во Јувентус пристигна од редовите на
Фиорентина за сума од 70.000.000 евра.


Јуве бесплатно го носи Филипе Андерсон

Јувентус е силно заинтересиран за ѕвездата на Лацио, Филипе Андерсон, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, договорот на Филипе Андресон со Лацио истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.

Алегри многу ги цени квалитетите на Бразилецот и сака да го има во својот тим, па Јувентус сака да ја искористи ситуацијата.

„Бјанконерите“ веќе започнале преговори со неговиот агент и двете страни се блиску до договор.

„Калчомеркато“ пренесува дека Филипе Андерсон ќе биде првото засилување за Јувентус за следната сезона.


ПСЖ нуди преку сто милиони е за Бруно Гимараеш

ПСЖ сериозно се приклучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш.

25-годишниот Бразилец е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата и Њукасл сигурно нема лесно да се раздели со него. Бразилецот неодамна стави потпис на нов договор, но е спремен да ја промени средината, особено ако Њукасл не избори пласман во Лигата на шампиони.

ПСЖ го одредил Гимараеш како приоротет за летниот преоден рок и нема да жали пари за да го доведе во Париз.

Од друга страна Њукасл е финансиски моќен и нема да разгледува понуди помали од 100 милиони евра.


Борусија Дортмунд ќе издвои 29 милиони евра за враќање на Санчо

Борусија Дортмунд ќе има право да го откупи напаѓачот Џејдон Санчо за 29 милиони евра на крајот на сезоната. Англичанецот треба да им се приклучи на „милионерите“ на позајмица до крајот на сезоната 2023/2024.

Дортмунд ќе исплати помалку од половина од платата на Џејдон во втората половина од актуелната сезона.


Мбапе не сака да размислува за тоа каде ќе настапува следната сезона

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе одговори на прашање за неговата
иднина во клубот.
„Сè уште немам донесено никаква одлука за мојата иднина. Јас не
направив избор. Никој не зборува за мојата ситуација во клубот. Јас не ја донесов мојата одлука, но имаме договор со претседателот Ал-
Хелаифи, така што тоа значи дека сите страни се заштитени.
Фокусирајте се на тимот, а не на мојата ситуација“, му изјави Мбапе
на новинарот Фабрицио Романо.
Претходно беше објавено дека Мбапе би можел да ја продолжи
кариерата во Реал Мадрид. Интерес за играчот покажа и Ливерпул.
Мбапе игра за ПСЖ од 2018 година. Договорот на напаѓачот со
клубот е до летото 2024 година.


НБА лигата отвори постапка против Бруклин Нетс

Американските медиуми пренесуваат дека НБА отворила истрага
против Бруклин Нетс. Одборот на лигата го прегледал натпреварот
Бруклин – Милвоки, кој се одигра пред Нова година и на кој победи
Бакс со 144-122.
Се зборува дека Бруклин нетс може да биде казнет поради малиот
број играчи што се појавија на тој натпревар и поради ротацијата во
која немаше четворица од најдобрите негови играчи.
Дополнително, кога порасна доволно предноста на Милвоки, уште
тројца играчи не се вратија во игра, па практично Бруклин го одигра
поголемиот дел од натпреварот без своите седуммина најдобри
играчи.
Лигата е многу незадоволна од ваквиот развој на ситуацијата и сега се размислува, врз основа на правилата на НБА, Бруклин да биде казнет.


Немања Илиќ се повреди непосредно пред ЕП во ракомет

Србија се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското
ракометно првенство.
Селекторот Тони Џерона нема да отпатува во комплетниот состав на
последните подготовки во Шпанија, а најново име кое се приклучи на
повредените играчи е капитенот на „орлите“, Немања Илиќ.
Средниот бек заработил незгодна повреда и не е познато дали ќе биде
„фит“ за настап на континенталниот собир, а повеќе информации се
очекуваат во текот на оваа недела. Илиќ останува во Белград уште
неколку денови, по што ќе се приклучи на тимот, но неговата
подготвеност за настап ќе биде јасна на ден пред почетокот на
собирот.
На негово место во моментов е повикан „вардарецот“ Марко
Срдановиќ, кој можно е и да остане во тимот за Европското првенство.
Србија ќе се натпреварува во групата Ц, каде противници ќе ѝ бидат
Унгарија, Исланд и Црна Гора.


Турскиот Болуспорт нов клуб на Даниел Аврамовски

Даниел Аврамовски денеска и официјално е претставен како ново засилување за турскиот второлигаш Болуспор.

Нашиот интернационалец по заминувањето од екипата на Сараево се реши да се врати во Турција, каде претходно настапуваше за екипата на Кајзериспор.

Аврамовски потпиша договор на 1,5 година со Болуспор.