feature

Надал: Тешко дека ќе играм и со 40 години

Повеќекратниот тениски грен слем шампион, Рафаел Надал, изјави дека не е сигурен оти ќе игра тенис и со 40 години.

„Не знам и не можам да ја предвидам иднината. Искрено делува дека тоа е многу тешко.Меѓутоа и кога имав 28,29 години ми беше тешко да се замислам себеси на теренот со 36 години, но ете и понатаму сум тука и се борам за титули. Искрено уживам кога сум на теренот и тоа ми е најважно во овој момент“, изјави Надал.

Надал оваа година го освои Австралија опен и Ролан Гарос и со тоа стигна до бројката од 22 освоени грен слем титули. Тој на завршниот турнир во Торино ќе игра во зелената група со Феликс Оже Алијасим, Тејлор Фриц и Каспер Руд.


Шкупи ќе биде домаќин во Кичево додека трае суспензијата на ФФМ

Екипата на Шкупи вчера доби казна од Фудбалската федерација на Македонија и теренот во Чаир е суспендиран поради инцидентите.

Чаирчани поради нападот на гостинските фудбалери на Шкендија мораа да изберат алтернатива, а условоте беше да играат на 100 километри од нивниот стадион. Алтернативата е веќе пријавена.

Натпреварот против Скопје Шкупи ќе го игра на Градскиот стадион во Кичево. Натпреварот се игра в сабота од 13:00 часот.


Двата римски клуба го сакаат Србинот Лукиќ

Рома и Лацио се силно заинтересирани за плејмејкерот на Торино и српски репрезентативец, Саша Лукиќ.

Лукиќ игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу клубови, а „Тутоспорт“ пишува дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Рома и Лацио.

Мурињо е голем симпатизер на Србинот и верува дека одлично ќе се вклопи во неговиот систем на игра, а во Лукиќ гледа наследник на Матиќ.


Станковиќ пред смена од тренерското место во Сампдорија

Само еден месец откако беше назначен за тренер на Сампдорија, Дејан Станковиќ се наоѓа пред отказ, како серија на лошите резултати на некогашниот италијански шампион.

Тимот од Џенова го претрпе четвртиот пораз во низа, овојпат од Лече со 0-2 на домашен терен, а тоа предизвика тензија на стадионот „Луиџи Ферарис“.

„Навивачите беа бесни и се обидоа да ги блокираат излезите од стадионот. Сакаа да ги задржат директорите и играчите во соблекувалните, тензијата достигна највисоко ниво, а Станковиќ изгледаше нервозно додека го гледаше натпреварот од трибина поради суспензијата“, пишуваат италијанските медиуми.

Сметката за сето ова најверојатно ќе ја плати Станковиќ кој не успеа да ја крене екипата. Желба на раководството на клубот е да се донесе Клаудио Раниери, но најверојатно нема да успее во тоа бидејќи искусниот стручњак минатиот месец ја одби понудата да ја преземе екипата.


Ајван Тони разочаран што нема да биде дел од Мундијалот

Ајван Тони имаше свој блесок на „Итихад“ и успеа да го замолкне цел стадион во Манчестер, од едноставна причина што напаѓачот на Брентфорд постигна гол кој никој не го очекуваше.Длабоко во судиското продолжение, Сити фрли се на една карта откако на семафорот стоеше 1-1, но наместо гол за победа на шампионот, видовме неверојатна контра на гостите која ја круниса Тони со свој втор погодок на мечот. Истиот донесе огромна победа и големо изненадување во Премиер лигата, и тоа само два дена откако не беше награден од Герет Саутгејт за своите импресивни изданија.Тони остана без повик за Светското првенство, па денеска на новинарите се обиде да им објасни како ја примил непосакуваната вест.„Видете, единствено што ми преостанува е да продолжам да работам, да го давам најдоброто и да видам дали може да се промени ситуацијата. Јас ќе продолжам да го давам најдоброто за тимот и ќе видиме до каде ќе стигнам. Разочаран сум што не добив повик, но знам на што сум способен. Нема да дозволам тоа да ме кутне на земја, ќе продолжам напорно како и досега. Мотивацијата ми доаѓа од соиграчите во соблекувалната и од навивачите на Брентфорд кои секогаш се прекрасни“, изјави Тони


Гави најмлад Шпанец повикан на Светско првенство

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Гави, повикан во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Катар, стана најмладиот фудбалер во историјата на националниот тим кој ќе учествува на Мундијал, објави „Марка“.

Претходниот рекордер беше Сеск Фабрегас, кој беше повикан на Светското првенство во Германија во 2006 година еден месец по неговиот 19-ти роденден. Осумнаесетгодишниот Гави се приклучи на Барселона во 2021 година. Неговиот сегашен договор со клубот, кој го обнови во септември, трае до 2026 година. Во сезоната 2022/23, шпанскиот играч од средниот ред забележа 14 настапи за тимот предводен од Чави во шпанското првенство.


Пике негира премин во Атлетико Мадрид

Жерар Пике неодамна реши да ја заврши фудбалската кариера и да ѝ ги прости долговите на Барселона, па така ја воодушеви јавноста и навивачите на каталонскиот гигант.По повлекувањето на Пике пристигна вест во шпанските медиуми дека дефанзивецот всушност сакал да засили друг гигант, а тоа е Атлетико Мадрид.„АС“ објави дека Атлетико е заинтересиран за Пике и наводно веќе му понудиле соработка, но Пике веднаш реагираше по шпекулациите и јасно го кажа неговиот став.„Веќе кажав дека нема да носам друг дрес. Нема смисла да заминам од Барселона и да потпишам за Атлетико. Таа вест е глупава и смешна. Немам никаков проблем со Атлетико или со нивните навивачи, но јас решив да се пензионирам“, изјави Пике.


Клоп казнет со суспензија на еден натпревар

Клоп казнет со суспензија на еден натпревар

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) му изрече казна од еден натпревар суспензија на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Казната му е изречена поради добиениот црвен картон на средбата од Премиер лигата против Манчестер Сити.

ФА вложи жалба на одлуката на независната регулаторна комисија која претходно Клоп го казни со сума од 30 илјади фунти.

Клоп доби и предупредување да внимава на своето однесување на наредните натпревари.


Душко Ивановиќ ќе биде нов тренер на кошаркарите на Црвена Звезда

Душко Ивановиќ ќе биде нов тренер на кошаркарите на Црвена Звезда

Српскиот спортски канал Спорт Клуб пренесува дека Душко Ивановиќ е на чекор да стане нов тренер на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда.

Според информациите, Ивановиќ со црвено-белите веќе договорил соработка до летото 2024 година, а неговиот прв тренинг со екипата би требало да го одработи овај викенд.

Одлуката за смена на досегашниот тренер Владимир Јовановиќ дојде после лошиот старт на екипата. Белградскиот клуб во седум натпревари во Евролигата има само една победа со што се наоѓа на дното од табелата.


Селекторот на Аргентина го објави списокот со играчи за СП во Катар

Селекторот на Аргентина го објави списокот со играчи за СП во Катар

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, го соопшти списокот на играчи кои ќе настапуваат на Мундијалот во Катар.

Аргентина ќе биде предводена од седумкратниот добитник на Златната топка, Лионел Меси, а на списокот е и искусниот Анхел Ди Марија.

Под прашање беше настапот на Пауло Дибала кој се уште не е целосно опоравен од повреда, меѓутоа тој ќе биде спремен за дуелите во Катар.

Голмани: Емилијано Мартинез (Астон Вила), Херонимо Руљи (Виљареал) и Франко Армани (Ривер Плејт).

Одбрана: Нахел Молина (Атлетико Мадрид), Гонзало Монтијел (Севиља), Хуан Фојт (Виљареал), Кристијан Ромеро (Тотенхем), Херман Пецеља (Бетис), Николас Отаменди (Бенфика), Лисандро Мартинес (Манчестер јунајтед), Маркос Акуња (Севиља), Николас Таљафико (Лион)

Среден ред: Родриго Де Пол (Атлетико Мадрид), Леандро Паредес (Јувентус), Алексис Мекалистер (Брајтон), Гвидо Родригес (Бетис), Алехандро Папу Гомес (Севиља), Енцо Фернандез (Бенфика), Езекијел Паласиос (Бајер Леверкузен).

Напад: Лионел Меси (ПСЖ), Пауло Дибала (Рома), Лаутаро Мартинес (Интер), Анхел Ди Марија (Јувентус), Хулијан Алварес (Манчестер сити), Николас Гонзалес (Фиорентина), Хоакин Кореа (Интер).