feature

Серафимов го продолжи договорот со МОЛ Фехервер

Репрезентативецот на Македонија, Никола Серафимов ќе остане во Унгарија откако денеска тимот на МОЛ Фехеревар објави дека договорот со него е продолжен.

Во редовите на унгарскиот тим Серафимов пристигна летото 2022 година од ЗТЕ и по првата сезона во која имаше проблеми, сезонава успеа да дојде до стандардно место кај тренерот Бартош Грзелак.

„Во клубот пристигнав пред две години, првата сезона не одеше како што очекував, имави две повреди. Сепак, по почетокот на актуелната работите се променија и тоа се одразува и на резултатите на тимот. Имаме одличен тренерски тим и успесите ги постигнавме благодарение на тоа што играме како тим.

Реалтивно брзо сртигнавме до бројката од 40 бода која беше поставена за цел пред почетокот на сезоната, но секако дека во последните две кола сакаме и да го подобриме пласманот. Нема да се откажеме од освојувањето на второто место. Среќен сум што го продолжив договорот и ќе продолжам да се борам за успех“, изјави Серафимов за клупскиот сајт.

Во актуелната сезона Серафимов беше стрелец и на еден погодок, против Кишварда во есенскиот дел од сезоната.


Дејвис најави неизвесност за својата иднина

Aлфонсо Дејвис вчера беше стрелец во полуфиналето од Лигата на шампионите, но неговиот гол не беше доволен за Баерн Минхен да се пласира во финалето.

Водството на германскиот тим беше актуелно се до 87. минута кога Хоселу израмни, а потоа постигна и втор гол за целосен пресврт.

Дејвис во изминатиот период многу се поврзуваше со трансфер токму во Реал Мадрид, па новинарите ги интересираше таа негова ситуација.

„Дали ќе бидат тука во иднина? Мојот агент преговара, но не со Реал, туку со Баерн. Ќе видиме што ќе се случи, меѓутоа што и да да биде јас ќе сум благодарен на клубот“, изјави Дејвис.


Мајк Олисе од Кристал Палас се сели во Астон Вила?

Екипата на Астон Вила е заинтересирана за играчот од средниот ред на Кристал Палас, Maјк Олисе.

За потписот на 22-годишниот Французин ќе конкурират и Манчестер Јунајтед и Арсенал. Тој во сезонава одигра 17 натпревари во Премиер лигата на кои постигна 9 голови и имаше 4 асистенции.

Се претпоставува дека Кристал Палас зе неговиот потпис ќе бара најмалку 50 милиони евра.


Јунајтед ја плаќа клаузулата за Бремер од Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на
Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат медиумите на Островот.
Бремер пред две години пристигна во Јувентус и се наметна како
столб на одбраната на „старата дама“ со што го потврди статусот за
еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Меѓутоа, Бразилецот сака да ја промени средината и преферира да
игра во Премиер лигата, а во неговиот договор има откупна клаузула
од 51 милиони фунти.
Таа сума воопшто нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед, кој на
лето сака да донесе дефанзивец бидејќи планира да се раздели со
Мегваер и Линделоф.


Јокиќ повторно избран за МВП на НБА лигата

Кошаркарот на Денвер Нагетс Никола Јокиќ е најкорисен играч во
НБА за сезоната 2023/2024. Јокиќ доби 926 гласови (79 први места),
второто место го зазеде Шеј Гилџис-Александер од Оклахома Сити
Тандер со 640, а трет беше Лука Дончиќ од Далас Маверикс со 566.
Јокиќ трет пат во последните четири сезони ја освои наградата за
МВП, додека минатата година, според многумина незаслужено,
трофејот „Мајкл Џордан“ му припадна на Џоел Ембиид од
Филаделфија.
Центарот на актуелниот НБА шампион е прогласен за најдобар играч
на финалната серија минатата сезона.
29-годишниот играч оваа сезона блеска и во лигашкиот дел од
натпреварувањето имаше просек од 26,4 поени, 12,4 скока и девет
асистенции.
Мозес Мелоун, Лери Бирд и Меџик Џонсон имаат по три МВП
титули, Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс имаат една повеќе, Бил Расел
и Мајкл Џордан освоија по пет, додека Карим Абдул Џабар е
неприкосновен со седум.


Клеј Томпсон пред потпис со Орландо Меџик

Орландо Меџик сака да се засили сериозно за следната сезона. Прво
име на листата желби е Клеј Томпсон.
Фантастичниот шутер на Голден Стејт иако има 34 години, сепак
може многу да придонесе во офанзивниот дел од тимот.
Делува дека по 14 сезони Томпсон е на излезните врати на Вориорси
и ќе менува средина.
Повеќето угледни новинари во САД потврдија дека интересот е
обостран. Останува да видиме дали челниците на Орландо и Томпсон
ќе пронајдат заеднички јазик за финансиските услови.


Почетино го сака Облак на „Стемфорд бриџ“

Челзи е заинтересиран за Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Словенија, пренесуваат шпанските медиуми.

Облак е во Атлетико Мадрид од 2014 година и има договор до 30 јуни 2028 година.

Шпанските медиуми пишуваат дека Атлетико би можел да го продаде словенечкиот репрезентативец во летниот преоден рок за да обезбеди пари за трансфери на нови играчи.


Гобер најдобар дефанзивец во НБА лигата

Руди Гобер по четврти пат во кариерата е прогласен за најдобар одбранбен играч на сезоната во НБА лигата. Кошаркарот на Минесота освои 433 гласови, а неговиот сонародник Виктор Вембањама, најдобриот дебитант во елитното натпреварување, беше втор со 245.

На третото место се пласираше Бем Адебајо од Мајами, пред Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс и Херб Џонс од Њу Орлеанс.

Со своето четврто признание Гобер се израмни со НБА легендите Дикембе Мутомбо и Бен Валас.


Скариоло останува селектор на Шпанија уште четири години

Серџо Скариолo го продолжи договорот со шпанската кошаркарска репрезентација и ќе остане нејзин селектор до 2028 година, соопштено е денеска.

Скариоло е селектор на Шпанија од 2009 година, со двегодишна пауза од 2013 до 2015 година.

Со репрезентацијата на Шпанија, Скариоло ја освои титулата светски шампион (2019) и четири титули европски првак (2009, 2011, 2015 и 2022 година), како и два олимписки медали, сребро на Игрите во 2012 година и бронза во 2016 година.

Кошаркарите на Шпанија сè уште не се пласирале на Олимписките игри во Париз и тоа ќе се обидат да го постигнат на квалификацискиот турнир кој од 2 до 7 јули ќе се игра во Валенсија.


Ројс ја менува Борусија Дортмунд со клуб од МЛС лигата

Марко Ројс на крајот од сезоната ја напушта Борусија Дортмунд, а кариерата би можел да ја продолжи во САД.

Според Фабрицио Романо, Ројс е заинтересиран да се пресели во МЛС и да го доживее животот во Америка, Саудиска Арабија не го привлекува.

Не се знае кој клуб би можел да го донесе Ројс, но откако ќе заврши финалето во Лигата на шампионите, сигурно ќе имаат време да преговараат и да ја изберат најдобрата дестинација.

МЛС стана особено популарна лига по доаѓањето на Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба во Интер Мајами, иако не треба да заборавиме дека Оливие Жиру пристигнува во Лос Анџелес, па Америка станува ветената земја за играч како Марко. Ројс.